понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: демократија | 69 резултати

Коѕиас: Македонија и Албанија да почнат да се однесуваат демократски

март 7, 2017

Македонија и Албанија треба да разберат дека нужно е да почнат да функционираат демократски и да ги спроведуваат демократските принципи на Европската Унија, порача шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, по Советот за надворешна политика на ЕУ. Коѕиас во изјава за грчката државна телевизија ЕРТ, истакна дека на Советот била изразена голема загриженост за политичката […]

ДУИ: Иванов да ја промени одлуката, декларацијата не го крши Уставот

март 4, 2017

„Заедничката изјава на парламентарните албански партии на Македонија претставува еден заеднички документ на албанските политички партии во Македонија, подготвен и потпишан во Скопје, како резиме на изборните програми на сите наши парламентарни партии и во никој случај не претставува наметнување на каков било надворешен фактор“, стои во соопштението на ДУИ по вчерашниот состанок на централното […]

Хан: Сите лидери, па и претседателот, мора да го почитуваат исходот од изборите

март 1, 2017

Сите лидери, вклучително и претседателот, мора да го почитуваат исходот од последните избори, напиша еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на својот профил на „Твитер“ по денешната одлука, претседателот Ѓорге Иванов да не му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за составување влада. On latest developments in Form. Yugoslav Rep. […]

Величковски – Тимоние: Стабилноста на Македонија зависи од демократијата во земјата

февруари 28, 2017

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, денеска имал средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, на која Величковски го реафирмирал ставот на партијата дека „евро-атланскиот и европскиот пат на Македонија оди заедно со владеењето на правото, остварувањето на правата на човекот и на граѓанинот и со борбата со криминалот и со корупцијата“. – […]

Бејта – Тимоние: Поребно е брзо формирање нова влада

февруари 13, 2017

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние и градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта по денешниот состанок кој го одржаа во зградата на Општина Гостивар, порачаа дека е потребно што побрзо формирање на нова Влада. По средбата на која било разговарано за актуелната политичка состојба во земјава, амбасадорот Тимоние рече дека државата не е во криза, […]

Европската Унија ѝ порача на Турција да си ја заштити демократијата

ноември 8, 2016

Европската Унија денеска оцени дека загрижува неодамнешниот развој на случувањата во Турција и ја повика оваа држава да продолжи со политичкиот диjалог со опозицијата и да ја заштити својата демократија. Во соопштението на високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини се вели дека иако државите членки на ЕУ ја препознаа потребата Турција […]

Заев: На 11 Октомври ќе испратиме порака дека си ја враќаме слободата

октомври 7, 2016

„Борбата продолжува, гласот победува“, ова мото нè обедини нас, иницијаторите на граѓанскиот марш, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференцијата како најава на маршот што ќе се одржи на 11 Октомври од 14 часот, на раскрсницата меѓу булеварот Партизански одреди и улицата Френклин Рузвелт. – Ве повикуваме на 11 Октомври сите заедно да се огласиме со […]

Меркел: Брисел треба да го продолжи дијалогот со Анкара

август 29, 2016

Европската Унија треба да го продолжи дијалогот со Турција, но притоа Брисел треба да се води од своите видувања за демократијата, оцени германската канцеларка Ангела Меркел, во интервју за телевизијата АРД. Меркел, сепак, не сакаше да даде оценка за ситуацијата со демократијата во Турција, но рече дека постојано забележуваат проблеми на ова поле. – Сметам […]

Грција и Бугарија ја повикаа македонската влада да го почитува владеењето на правото

август 2, 2016

Грција и Бугарија бараат Балканот да покаже демократски вредности и да го напушти стариот националистички менталитет. Тие испратија индиректна порака до македонската влада да се придржува до европските принципи за владеење на правото, одржување на демократски вредности и за почитување на добрососедските односи. Индиректната порака доаѓа преку заедничката декларација на грчката и на бугарската влада, […]

Бајден ѝ порача нa Турција да ги гони пучистите согласно законот

јули 22, 2016

Американскиот потпретседател Џо Бајден во телефонски разговор со турскиот премиер Бинали Јилдирим ја повикал Турција да ги гони пучистите во согласност со владеењето на законот, соопшти Белата куќа. – Бајден изрази одлучна поддршка на турската демократија и ја поздрави посветеноста на турскиот народ на демократските институции – се вели во соопштението, а пренесуваат светските медиуми. Во […]

Бејли го поздрави договорот на партиите

јули 21, 2016

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, денеска го поздрави постигнувањето на договорот меѓу претставниците на политичките партии за излез од кризата. „Честитки за Македонија за договорот од 20 јули – можност за демократија“, напиша Бејли на „Твитер“ и го објави постигнатиот договор. Congratulations #Macedonia on the July 20 Agreement – An opportunity for democracy! https://t.co/ZJ0fnbYmEg […]

Кери: Пучот во Турција може да го загрози членството на земјата во НАТО

јули 19, 2016

Турција би можела да „падне“ на барањето на НАТО да се почитува демократија ако не успее да го одржи владеењето на правото по обидот за државен удар, предупреди државниот секретар на САД, Џон Кери. Кери на заедничка прес-конференција со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, рече дека НАТО ќе […]

Амбасадорите на ЕУ и на Холандија порачаа: Целосно да се повлече аболицијата

мај 31, 2016

Амбасадорите на ЕУ и Холандија, Аиво Орав и Ваутер Пломп на денешната трибина организирана од „Транспаренси интернешнл Македонија“ порачаа дека аболицијата мора да се повлече целосно, само така нема да има селективна правда. Амбасадорите велат дека сите засегнати страни мора да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство. – Европската Унија јасно претстави дека селективната […]

„Платформа за Македонија“: Институциите се делегитимирани и урнисани

мај 25, 2016

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски, денеска се сретна со претседателите на партиите и претставниците на здруженијата коишто заеднички застанаа зад „Платформата за демократска Македонија“. Потписниците на Платформата разговараа за актуелната политичка состојба во земјава и заклучија дека цврсто останува во одбрана на демократските принципи и ќе продолжи заеднички да делува за враќање […]

Заев: Македонија ќе биде дел од големото европско семејство

мај 9, 2016

Градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Народно ослободителната-антифашистичка борба на Македонија во Струмица. – Треба темелно да си го исчистиме сопствениот двор од нештата што сериозно ни ги разнишуваат темелите на државата и на државноста за да ѝ покажеме на Европа дека Македонија […]

Флекенштајн: Промените треба да доаѓаат од граѓаните и од граѓанскиот сектор

ноември 4, 2015

СДСМ може да понуди политики што ќе ја однесат земјава во вистински правец и доколку Заев успее да издејствува да се имплементира Договорот од Пржино од 2 јуни и од 15 јули, социјалистите и демократите во Европскиот парламент целосно би го поддржале во неговата кампања и сакаат да го видат како премиер на оваа држава. Ова го рече […]

„Чуварите на демократијата“ го отстранија кампот пред Собранието

август 4, 2015

Поддржувачите на власта или како што самите се нарекуваа „Чувари на демократијата“, викендов го растурија кампот во паркот Жена-борец, спроти Собранието на Република Македонија, каде поминаа околу два и пол месеци. Според луѓето што ги сретнавме во паркот, растурањето на кампот почнало во саботата вечерта, а целосно бил расчистен во неделата. Кампот на „Чуварите на […]

ОМД: Лидерите да работат Македонија да биде модел за демократија

август 2, 2015

Сите политички лидери во Македонија да ги тргнат на страна нивните разлики и да ги стават во преден план иднината на државата и на македонските државјани, се вели во писмената изјава на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), по поводот националниот празник 2 Август – Денот на Републиката. – ОМД верува дека Илинденското востание служи како постојан […]

Анкета на ИРИ: За мнозинството граѓани демократијата е поважна од економскиот просперитет

јули 13, 2015

Четириесет и осум отсто од граѓаните во земјава сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока, што е за девет отсто повеќе од минатата година, покажала последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), спроведена минатиот месец. „Педесет и три отсто од испитаниците рекле дека невработеноста е најсериозниот проблем со кој се соочува земјата, додека 64 […]

Заев се сретна со амбасадорот на Италија, Масимо Белели

мај 21, 2015

Зоран Заев, придружуван од Лидија Димова, денеска се сретна со директорот за Западен Балкан и Централно-европската иницијатива во ЕУ при Министерството за надворешни работи на Италија, Андреа Орицио, придружуван од амбасадорот на Италија во Македонија, Масимо Белели. Како што соопштија од СДСМ, тема на разговорот била актуелната политичка криза во земјава и шансите низ дијалог […]

Страна 3 од 4