fbpx

Хан: Сите лидери, па и претседателот, мора да го почитуваат исходот од изборите

-

Сите лидери, вклучително и претседателот, мора да го почитуваат исходот од последните избори, напиша еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на својот профил на „Твитер“ по денешната одлука, претседателот Ѓорге Иванов да не му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за составување влада.

Хан, исто така, напиша дека „во демократија мора да се признае парламентарното мнозинство, иако некому тоа можеби не му се допаѓа“.

Еврокомесарот Хан очекува „политичките лидери и институции да дозволат демократските процеси да течат, во интерес на граѓаните“.

Во пишана изјава на на веб-страницата на Европската комисија во саботата, Хан истакна дека откако се собраа доволно потписи за пратеници, очекува од претседателот да го даде мандатот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...