fbpx

Анкета на ИРИ: За мнозинството граѓани демократијата е поважна од економскиот просперитет

-

Четириесет и осум отсто од граѓаните во земјава сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока, што е за девет отсто повеќе од минатата година, покажала последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), спроведена минатиот месец.

„Педесет и три отсто од испитаниците рекле дека невработеноста е најсериозниот проблем со кој се соочува земјата, додека 64 отсто кажуваат дека животот бил подобар пред распадот на СФР Југославија. Шеесет и еден отсто од граѓаните ја опишуваат сегашната политичка ситуација како „тензична и несигурна“, зголемено од 43 отсто во декември, минатата година, а 58 отсто велат дека Македонија е помалку стабилна отколку пред една година, што е пораст од 27 отсто од декемвриската анкета“, покажува анкетата на ИРИ.

Според претседателот на ИРИ, Марк Грин, очигледно е дека во овој период на превирања граѓаните на Македонија се загрижени за правецот на движење на нивната земја и сакаат да видат дека нивната демократија е заштитена.

„ИРИ ги повикува лидерите на Македонија, и во владата и во опозицијата, да работат заедно за да останат на правецот на политички и на економски реформи и да ја однесат земјата на вистинскиот пат“, изјавил Грин.

На прашањето „Што е поважно, демократски систем на владеење или просперитетна екокомија?“, мнозинството испитаници, односно 55 отсто одговориле дека „демократијата е дефинитивно или донекаде поважна за нив (за 2 отсто повеќе од декември, лани)“, додека 40 отсто од испитаниците економскиот просперитет го ставиле на прво место.

Повеќе од половина или 55 отсто од анкетираните истакнале дека, според нив, во земјата не постојат слобода на говор и на изразување.

Според анкетата на ИРИ, во земјава сè уште владее силна поддршка за интеграцијата во евроатлантските структури, односно 83 отсто од испитаниците се изјасниле дека го поддржуваат влегувањето на Македонија во Европската унија (ЕУ) и во НАТО.

Шеесет и седум отсто од нив истакнале дека сегашната политичка криза им штети на напорите на земјата да се приклучи во ЕУ.

Од ИРИ истакнуваат дека ова е прва анкета направена по полициската акција во Куманово, што беше спроведена на 9 и на 10 мај годинава.

Анкетата е спроведена од „Брима“, агенција за истражување на јавното мислење од Скопје, во соработка со „Вилијамс и соработници“ и со ИРИ. Анкетата е спроведена преку интевјуа лице в лице, од 6 до 16 јуни 2015 година, на случаен примерок од 1.105 македонски граѓани постари од 18 години. Маргиналната грешка е во рамки на плус минус 3 отсто со нивото на доверливост од 95 отсто, информираат од ИРИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...