fbpx
Таг: бомба

таг: бомба

Експлозија во Каиро, загинаа шест полицајци

Шест полицајци загинаа, а седум лица се повредени во експлозија во Каиро, соопштија безбедносни извори. Бомбата експлодирала во контејнер кај контролен пункт. Во експлозијата ранети се тројца полицајци и четворица цивили. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот. Експлозијата се случила во улица која води кон пирамидите.

Амбасадата на САД без телефонски линии – пријавено возило позитивно на експлозив

Американската амбасада во Македонија синоќа преку социјалните мрежи соопшти дека телефонските линии ѝ се надвор од употреба и во итни случаи, граѓаните на САД во Македонија да го контактираат американскиот Стејт департмент. „Телефонските линии на амбасадата во моментот не се оперативни. Доколку ви е итно и имате потреба од помош, контактирајте го оперативниот центар на американскиот Стејт департмент на +1-202-647-1512“,...

Демонтирана бомба кај амбасадата на САД во Манила

Филипинската полиција деактивираше бомба од рачна изработка пронајдена во канта за ѓубре на 200 метри од амбасадата на САД во Манила, јавуваат филипинските власти. Шефот на полицијата во главниот град на Филипини изјави дека направата ја пронашол чистач и дека се состоела од мобилен телефон, детонатор, батерија од девет волти и од проектил од 81 милиметар. - Најверојатно намерата била со...

Лажна тревога на универзитетот во Бостон

Бостонскиот универзитет соопшти дека полицијата верува дека тревогата што денеска беше објавена во кампусот била лажна и оти е можно телефонскиот повик да бил од странство. Бостонскиот универзитет претходно соопшти дека во кампусот има „голем број полицајци поради тревога“ и оти од луѓето се бара да го напуштат подрачјето. Американските медиуми јавија дека нешто се случува во зградата каде се сместени универзитетската...

Рачна бомба експлодирала во скопската населба Маџари

Во скопската населба Маџари ноќеска, 15 минути по полноќ, на улицата Анри Барбис, одекнала силна детонација од експлозивна направа. Од експлозијата биле оштетени прозорци од куќата, сопственост на Д.С. (56), и едно патничко моторно возило „хјундаи атос“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Т. (21). Во експлозијата нема повредени лица. Како што информираат од МВР, за настанот бил известен Одделот...

Експлозија во југоисточниот дел на Турција

Во југоисточниот дел на Турција утринава дошло до експлозија во која се повредени неколку лица. Експлозијата се случила во провинцијата Мрдин, а неколку возила на итна помош бргу пристигнале на местото на несреќата. Според првичните информации, неколку лица се повредени, но станува збор за полесни повреди.

Напад на француската амбасада во Атина

Француската амабасада во Атина рано утринава беше мета на бомбашки напад. Две лица фрлиле рачна бомба од мотор во движење пред амбасадата. Во експлозијата е повреден полицаецот кој стражарел пред објектот. Нападот бил извршен во 4.45 часот утрово по локално време. Според изјавата на стражарот, кој е префрлен во болница со рани на ногата, две лица на мотор се приближиле до...

Во Данска евакуирани аеродроми, плоштад и трговски центар

Во Данска денеска на повеќе локации во близина на Копенхаген се евакуирани аеродроми, трговски центар и плоштад поради низа бомбашки закани, соопшти данската полиција. Данската телевизија 2 јавува дека имало закани и за Копенхаген и за меѓународниот аеродром, но полицијата наведе дека тие закани не се сериозни. Во градот Роскилд, западно од Копенхаген, полицијата го евакуирала локалниот аеродром и еден плоштад. Полицијата не...

Маж пред српската влада се заканувал дека ќе се разнесе со бомба

Српската полиција рано утринава уапсила 39-годишен маж кој пред зградата на владата на Србија се заканувал дека ќе активира две рачни бомби. Драмата во центарот на Белград траела околу три саати, а сообраќајот целосно бил прекинат. Станува збор за Мирослав Станковски од Белград кој и претходно и бил познат на полицијата. Во неговото досие има повеќе кривични пријави поради разбојништво и...

Експлозија на бомба во Атина пред домот на јавна обвинителка

Силна експлозија го потресе центарот на Атина доцна синоќа. Во експлозијата е причинета голема материјална штета на една станбена зграда и десетина продавници, а целосно уништени се две возила. Бомбата експлодирала пред 23 часот, во густо населен кварт во близина на населбата Ексархија. Полицијата сè уште го истражува мотивот за подметнувањето на бомбата. Сомнежите се дека мета била или обвинителната...

Две бомби експлодирале во Дрезден, едната во џамија

Германската полиција соопшти дека во понеделникот вечерта во Дрезден експлодирале две импровизирани бомби. Едната била поставена во локална џамија, а при експлозиите никој не е повреден. - Иако досега никој не презеде одговорност, мотивот најверојатно е ксенофобија – наведе шефот на дрезденската полиција, Хорст Кречмар.

Пет лица уапсени за нападот во Њујорк

Пет лица биле уапсени за можна поврзаност со експлозијата на рачно изработена бомба, која во саботата вечерта експлодира на Менхетен, јавуваат американските медиуми. Федералните истражни органи откриле дека бомбата содржела тартин, експлозив кој често се користи за вежбање и може да се купи во продавници за спортска опрема. Властите велат дека нема докази оти зад нападот стои некоја меѓународна терористичка група. Во...

Бомбата во Њујорк била терористички акт

Бомбата што вчера експлодира во Њујорк, при што беа повредени 29 лица, е терористички акт, но не се откриени врски со меѓународни групации. Ова го соопшти гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, јави  „Би-би-си“. – Кој и да ги поставил овие бомби, ќе го најдеме и ќе го изведеме пред лицето на правдата - увери гувернерот. Втор експлозивен уред кој потсетувал на оној во...

Бомба скриена во детска количка го урнала рускиот авион во Египет

Експерти на меѓународната техничка комисија ја соопштија причината за падот на рускиот патнички авион во Египет минатата година. Како што пишува рускиот весник „Комерсант“ повикувајќи се на извори блиски до истрагата, во руското летало била поставена бомба при што загинаа 224 патници и членови на екипажот. Стручњаците утврдиле дека терористите ја поставиле експлозивната направа во карго-делот кој се наоѓа во опашката...

Бомба од 125 килограми пронајдена во населбата Цементара

Авионски проектил од голем калибар бил пронајден при проширување на пат во близина на Припор, кај кружниот тек пред населбата Цементара, соопшти денеска Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Првичните проценки се дека бомбата е со тежина од околу 125 килограми. Екипи на ДЗС, како што информираат оттаму, се на терен и ги преземаат сите превентивни и безбедносни мерки, а евакуирани...

Во напад со автомобил бомба во Багдад, загинаа 12 лица

Најмалку 12 цивили се убиени, а 28 се ранети при напад со автомобил бомба во трговската зона во центарот на Багдад, соопштија ирачките власти. Автомобилот полн со експлозив, кој бил оставен на паркиралиште во квартот Карадах, во кој доминира шиитско население, експлодирал при што биле оштетени 15 возила. Исламска држава во интернет-соопштение презеде одговорност за овој напад.

Две лица загинаа при експлозија на бомба во Котор

Две лица загинаа во експлозија на бомба во населбата Муо во Котор, Црна Гора, јавуваат црногорските медиуми. Како што пишуваат медиумите, во експлозијата загинале двајца жители на Котор. Агенцијата „Танјуг“ јавува дека експлозивната направа била фрлена околу 16.30 часот, пред една од куќите. Според агенцијата, блокирани се сите улици во населбата, а во тек е потрага по осомничени лица.

Експлозија во близина на кинеската амбасада во Киргистан

Во близина на кинеската амбасада во Киргистан експлодирал автомобил при што загинал возачот, а три лица се ранети, соопшти министерството за здравство на Киргистан. Властите наведуваат дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад. Сведоци велат дека возачот на автомобилот се обидел да ја пробие капијата на амбасадата. - Како резултат на експлозијата, загина само бомбашот самоубиец. Членови на обезбедувањето на амбасадата се...

Пронајдена експлозивна направа во Охридско Езеро

Неексплодирана експлозивна направа вчера е пронајдена во водите на Охридско Езеро кај струшкото село Радожда, соопшти денеска МВР. Како што се наведува во соопштението, вчера, околу 17 часот, во водите во Охридско Езеро кај струшкото село Радожда, била пронајдена една неeксплодирана експлозивна направа, по што од Дирекцијата за спасување и заштита била безбедно подигната.

Шест турски војници загинаа во два бомбашки напади

Шест турски војници загинаа во бомбашки напади на курдските милитанти во Североисточна Турција. Турската војска соопшти дека четворица војници загинале кога нивното возило било уништено од бомба на пат во провинцијата Хакари, во близина на границата со Ирак. Друг војник и член на државната милиција биле убиени во експлозија на автомобил бомба во провинцијата Ван. Анкара за нападите ја обвини забранетата...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...