Таг: бомба

таг: бомба

Бомбаш самоубиец совладан во Брисел

Белгиската војска неутрализирала личност која носела појас со експлозив на главната железничка станица во Брисел. Медиумите пренесуваат дека полицијата стрелала кон мажот со експлозив и дека одекнала и помала експлозија на станицата, која е веднаш евакуирана. - Се случи инцидент на централната станица. Личноста носела експлозив околу појасот. Војниците успеаја да ја неутрализираат личноста – изјави портпаролот на полицијата. Полицијата го евакуирала...

Притвор од 30 дена за подметнувачот на импровизираната бомба во Собранието

Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка за лицето кое оставило експлозивна направа во Собранието на Република Македонија на 27 април и побарало притвор од 30 дена, кој бил одобрен. Во вечерашното соопштение Обвинителството известува дека постапката е почната поради кривичните дела предизвикување општа опасност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, кои се наведени од МВР...

Кривична пријава за лицето што поставило импровизирана бомба во Собранието

СВР Скопје поднел кривична пријава против Ј.Л. (41) од Скопје, кого го сомничи за „неовластено изработување оружје или распрскувачки материи и за предизвикување општа опасност“, односно за изработка на импровизирана бомба што ја внел во Собранието во насилствата на 27 април. Според полицискиот билтен, пријавениот околу 19 часот со толпата влегол во Собрание на Република Македонија, а околу 20.40 часот...

Во експлозија, повреден поранешниот грчки премиер Пападимос

Поранешниот грчки премиер Лукас Пападимос е повреден во експлозија на писмо-бомба во неговиот автомобил во центарот на Атина. Поранешниот премиер е надвор од животна опасност. Експлозивниот материјал бил поставен во писмо адресирано до Пападимос и експлодирал при отворање, додека тој се возел низ градот. Во експлозијата се повредени Пападимос, неговиот возач и еден член на неговото обезбедување од грчката Народна...

Бомбата од Манчестер иста како оние од Париз и Брисел

Висок претставник на САД изјави дека експлозивот кој е искористен во Манчестер арената е ист со оној кој бил користен за време на нападите во Париз и Брисел, пишува „Гардијан“. Републиканецот Мајк Мекол кој претседава со Комитетот за национална безбедност на Конгресот изјави дека во сите три напади е користен експлозивот ТАТП. Тој вели дека бомбата од Манчестер е „класична експлозивна...

Дваесет лица се повредени во експлозија на бомба во болница на Тајланд

Најмалку 20 лица се повредени во експлозија на бомба во болница во Бангкок, соопштија денеска тајландските власти. Истражителите на местото на експлозијата пронашле остатоци од батерија и жици од експлозивна направа. Засега никој не ја презема одговорноста за експлозијата во воената болница, кој исто така е отворена и за цивили. - Имаше бомба. Пронајдовме делови кои се користени за изработка на...

СДСМ: Го осудуваме инцидентот за кој соопшти Милошоски, МВР бргу да го расветли

Најостро го осудуваме инцидентот што се случил во домот на родителите на Антонијо Милошоски. МВР мора веднаш да го расветли случајот со поставената бомба, а извршителите мора да бидат најдени и соодветно казнети, реагира СДСМ. Партијата вели и дека „дстабилизацијата во државата мотивирана и креирана од Груевски и од соработниците мора веднаш да престане, бидејќи таа не носи ништо добро за...

Милошоски: Кукавички поставена бомба во куќата на мојот татко

Во селото Ижиште вчеравечер екипи на крим-техника од Македонски Брод, Прилеп и од антитерористичка единица од Скопје успешно демонтирале бомба на задната врата во куќата на родителите на Антонијо Милошоски, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на својот профил. Тој обвини дека „криминално-политичкото подземје кое се инспирира од „бомбите на мандатарот за Живот“, почнало да поставува вистински бомби со закани по живот...

Експлозија во центарот на Рим

Во центарот на Рим дојде до експлозија при која оштетен е еден автомобил, јавуваат светските агенции. Претставници на полицијата информираат дека нема повредени лица. До експлозијата дошло пред поштата, додека локалните медиуми наведуваат дека станува збор за писмо бомба. Во близина на местото на кое се случила експлозијата се наоѓа и претставништвото на Обединетите нации. Полицијата ги затворила околните улици и влезните...

Девет лица загинале во експлозија на бомба во Пакистан

Најмлаку девет лица денеска загинале, меѓу кои две деца и две жени, во експлозија на бомба поставена на пат во северозападниот дел на Пакистан, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на соопштение на локалните власти. Бомбата, која била поставена на пат недалеку од градот Годар, во племенската област Курам, била ативирана при поминувањето на минибусот, во кој се наоѓале жртвите. „Потврдено е...

Експлозија на бомба во центарот на Атина

Силна експлозија го потресе центарот на Атина доцна ноќеска. Бомбата поставена во торба експлодираше нешто пред 23 часот синоќа, пред канцелариите на „Јуробанк“ во строгиот центар на градот. Во експлозијата се причинети големи материјални штети на банката и на околните згради, но нема повредени. Според информациите од полицијата, половина час пред експлозијата имало предупредувачки повик во еден грчки медиум дека...

Лажна дојава за бомба во Основен суд Тетово ги вознемири тетовци

Лажна дојава за бомба денеска ги вознемири вработените во Основен суд Тетово. Дојавата била пренесена преку писмо со назнака „ОВК“, оставена на подот од една адвокатска канцеларија, лоцирана на само неколку метри од зградата на судот. „На 13 април ќе се бомбардира судот во Тетово, големa количинa експлозија има внатре, доста игравте со народот, соопштение ОВК“, гласела пораката напишана на...

Убиен сомалиски владин претставник во Могадишу

Претставник на владата на Сомалија загина во експлозија на бомба подметната под неговото возило во главниот град Могадишу, соопштија официјални претставници. Според портпаролот на градоначалникот на Могадишу, во експлозијата на бомба подметната под автомобил, загина владин претставник од понизок ранг. Засега никој не ја презел одговорноста, но исламската милитантна група Ал шабаб во последно време почна да врши почесто напади во...

Откриена бомба во зграда во Санкт Петербург

Експлозивна направа е демонтирана во една станбена зграда во Санкт Петербург, јавува „Раша тудеј“. Руските медиуми наведуваат дека станот во кој е пронајдена направата бил изнајмен од лице од Централна Азија. Жителите се евакуирани. За потсетување, во вторникот во експлозија во метро-станица во Санкт Петербург загинаа 14 лица.

Врховниот суд сè уште не ја закажал седницата за изземањето на Вангеловски

Врховниот суд на Република Македонија сè уште не ја закажал општата седница на која треба да се одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на претседателот на судот, Јово Вангелвоски, велат за „Мета“ од Врховниот суд. - Во врска со Вашето прашање, Ве известуваме дека Врховниот суд на Република Македонија сè уште нема закажано општа седница на...

За изземањето на Вангеловски треба да одлучува Врховниот суд на општа седница

Специјалното јавно обвинителство вчера побара изземање на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, бидејќи е дел од прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, во период кога исто така ја извршувал функцијата претседател на судот. Бидејќи станува збор за претседател на највисокиот суд во земјава, односно над него нема непосредно повисока судска инстанца, законот предвидел дека за негово изземање одлучува Врховниот...

Евакуиран дел од Лондон поради бомба од Втората светска војна

Во источен Лондон е пронајдена експлозивна направа, а полицијата наредила итна евакуација на жителите. Како што пренесуваат британските медиуми, станува збор за бомба од Втората светска војна. Очевидци велат дека затворен е делот од Лондон околу улицата Скоредич и дека е наредена евакуација на околните згради. https://twitter.com/BallerWallace9/status/836141397099044864

Самоубиствен напад на пазар во Сомалија, убиени 18 лица

Најмалку 18 лица загинаа, а 25 се повредени во експлозија на пазар во западниот дел на сомалискиот главен град Могадишу. Според зборовите на полицискиот службеник Мохамед Хусеин, силна експлозија, за која се верува дека ја предизвикал автомобил-бомба, уништила бројни продавници и тезги. Хусеини изјави дека бројот на загинатите би можел да порасне со оглед на тоа дека дел од повредените се...

Седум загинати при експлозија на бомба на протест во Пакистан

Бомба експлодира за време на протестниот собир во источниот пакистански град Лахор, убивајќи најмалку седум лица, соопшти полицијата. Локален полициски претставник изјавил дека експлозијата се случила кога човек со мотоцикл влетал во повеќе стотини аптекари, кои протестираат поради измените на законот за продажба на лекови. Во експлозијата се ранети околу 40 лица. Фракција на Талибанците ја презеде одговорноста за нападот.

Демонтирана бомба од Втората светска војна во Солун, евакуирани 75.000 лица

Властите во Солун денеска евакуирале 75.000 жители на градот поради демонтирање на бомба од Втората светската војна, тешка 227 килограми, пронајдена во темелите на бензинска пумпа, јавуваат грчките медиуми. Евакуацијата почнала утрово во 7 часот, кога полицијата тргнала од куќа до куќа, во круг од два километри во западниот кварт Корделио, повикувајќи ги жителите да ги напуштат своите домови....

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...