fbpx
Таг: апсење

таг: апсење

Уапсени петмина судии од Прилеп

Петмина судии од прилепскиот суд денеска се уапсени во голема полициска акција, потврдија од МВР. Станува збор за судии кои се осомничени дека овозможиле осуденик со пресуда за убиство на 10 години затвор да биде на слобода. Од МВР засега не откриваат повеќе детали.

Уапсен Сулејман Османи, избеганиот терорист од Куманово

Косовската полиција го уапси Сулејман Османи од селото Брест, осомничен за настаните во Куманово, кој им побегна на македонските полицајци кога им го пакажувал местото каде било скриено оружјето. Османи, користејќи го непристапниот планински предел, успеал да избега во Косово. Спред косовската полиција, на која се повикува „Лајмпрес“, во куќата на Османи е пронајдено дел од оружјето украдено за време на...

Уапсен напаѓачот од Јужна Каролина

Полицијата во Јужна Каролина уапси момче за кое постои сомневање дека убило девет лица во црква на афроамериканската заедница, во напад кој американското министерство за правосудство го окарактеризира како злосторство од омраза. ФБИ го идентификувало напаѓачот како Дилан Роф (21) од Колумбија, во Јужна Каролина. Напаѓачот бил во црквата речиси цел час пред да почне пукањето.

Уапсен поранешниот потпретседател на Иран

Властите во Техеран го уапсиле поранешниот потпретседател Хамид Багхаеи под засега неразјаснети обвиненија, јави иранската новинска агенција. Судскиот портпарол, Голамхосеин Мохсени Еџеи, само е цитиран во делот каде потврдува дека Багхаеи е уапсен на 8 јуни. Никакви други детали не се откриени. Багхаеи бил потпретседател во мандатот на Махмуд Ахмадинеџад и бил задолжен за извршни работи. Во јануари уште еден од замениците...

Бразил: По 30 години е уапсен италијански мафијаш

Бразилската полиција соопшти дека вчера е уапсен шефот на италијанската мафија Паскали Скоти, кој 30 години е во бегство и е осуден за убиство на повеќе од 20 лица во 80-тите години на минатиот век. Педесет и шестгодишниот Скоти е уапсен во градот Ресифе на североистокот на Бразил, во заедничка операција на бразилската сојузна полиција и на Интерпол. Паскали Скоти пред судот...

Уапсени 175 лица за крадење артефакти во Кина

Кинеската полиција уапси 175 лица за кражба на уметнички и археолошки предмети. Министерството за јавна безбедност објави дека пронашло 1.168 археолошки предмети, во вредност од повеќе од 80 милиони долари. Се верува дека предметите биле нелегално ископани во Ниуелијанг, неолитски локалитет во североисточната покраина Лиаонинг. Министерството соопшти дека крадците предизвикале голема штета на локалитетот. Меѓу пронајдените предмети има и извиткан змеј од...

Уапсени претставници на ФИФА во Цирих

Швајцарската полиција утринава во Цирих уапсила неколку претставници на ФИФА поради обвинение за перење пари, ракетирање и за корупција во последните 20 години. Засега не е познато и официјално не е потврдено кој е уапсен. Светските медиуми јавуваат дека се уапсени шест претставници, а според „Њујорк тајмс“, претставниците ќе бидат испорачани во САД. Членовите на ФИФА се собираат во Цирих поради...

Приведени неколку противници на Ердоган

Турската полиција денеска во рации привела дваесетина лица, вклучувајќи и личности кои спаѓаат меѓу приврзаниците на муслиманскиот свештеник од САД, Фетулах Гулен, противник на претседателот Реџеп Таип Ергоган. Потезите против „паралелните структури“ во турските органи досега беа фокусирани на осомничени членови од мрежата на Гулен во полицијата, судството, медиумите и во една банка. Ердоган го обвинува Гулен дека се обидува да...

Канада: Уапсени 10 лица што сакале да им се приклучат на џихадистите

Канадската полиција уапсила 10 млади лица, кои се обиделе да ја напуштат земјата и да им се приклучат на џихадистите во Турција и во Сирија. Полицијата потврди дека апсењата се случиле минатиот викенд и оти истрагата продолжува. Пасошите на уапсените се запленети, а досега не е подигнато ниту едно обвинение, објави канадската медиумска мрежа „Си-Би-Си“. Полицијата соопшти дека истражителите се сретнале со...

Уапсени 10 лица во Кина за убивање џиновска панда

Полицијата во Југозападна Кина уапсиле 10 лица поради убивање женска џиновска панда и продажба на делови од нејзиното тело, објавија кинески државни медиуми. Џиновската панда е загрозен вид и е на врвот на списокот на заштитени животни во Кина, Диволовот на овие животни е редок, но органите на пандите имаат висока вредност на црниот пазар бидејќи се особено ретки. Кинеската телевизија јави дека...

Уапсени шест осомничени терористи во Чешка

Шест лица се уапсени во Чешка под сомневање дека подготвувале терористички напад на воз. Портпаролката на државното обвинителство, Степанка Женкова, изјави дека тројца од уапсените се во притвор, а тројца се пуштени да се бранат од слобода. Женкова не ги соопшти имињата на уапсените ниту, пак, прецизираше какво вооружување е запленето при полициската операција.

Уапсени 18 терористи во Италија

Италијанската полиција уапси 18 лица поврзани со терористичка организација блиска до Ал каеда, која поддржува напади врз пакистанската Влада и врз американските сили во Авганистан. Како што јавуваат италијанските медиуми, уапсените се осомничени дека учествувале во нападот врз пазарот во пакистанскиот град Пешавар од 2009 година, во кој загинаа повеќе од 100 луѓе.

Уапсен поранешниот директор на ММФ

Поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд и шпански министер за економија, Родриго Рато, е уапсен за поради затајување данок и перење пари, соопштија судските власти. Рато подоцна е пуштен на слобода поради соработка со полициските власти, кои во неговиот дом и во канцеларијата пронајдоа документи кои посочуваат на перење пари, измама и на проневера на имот.

Хашим Тачи би можел да биде уапсен ако отиде во Србија

Обвинителот за воени злосторства на Србија, Владимир Вукчевиќ, изјави дека потерницата за Хашим Тачи сè уште е на сила во Србија и оти би можел да биде уапсен доколку ја посети земјата. - Централата на Интерпол ја стопираше потерницата за Тачи во други земји со образложение дека станува збор за највисок албански функционер. Сепак, во Србија сè уште е на...

Во Шпанија уапсени девет исламистички милитанти

Во Каталонија утрово имало акција против исламистички милитанти, во која се уапсени девет лица, соопшти локалната полиција. „Уапсените, меѓу другото, се товарат и за припадност на терористичка организација“, изјави портпаролот на каталонската полиција. Шпанските власти од почетокот на годинава уапсиле триесетина луѓе поради сомневање дека се занимаваат со милитантни активности. Овие апсења се дел од поголема акција за спречување на радикализирањето...

Турската полиција уапси 10 осомничени радикали

Најмалку десет лица се уапсени во рациите на турската полиција против осомничени припадници на ултралевичарски групи во Истанбул. Полициските акции во Истанбул и во Анталија следуваат два дена по убиството на киднапираниот обвинител во Истанбул, што го извршија припадници на ултралевичарската групација Револуционерна народна ослободителна партија - фронт.

Турција: Уапсени се девет Британци кои сакале да ѝ се придружат на ИД

Девет британски државјани се уапсени во близина на турскиот град Хатај поради сомневање дека сакале да се приклучат кон екстремистичката џихадска организација Исламска држава во Сирија, соопшти турската полиција. Полицијата не го открива идентитетот на уапсените.

Уапсени 26 осомничени терористи во Шпанија

Дваесет и шест лица се уапсени при операција на шпанската полиција за сузбивање на движења поврзани со терористички организации. Како што се наведува во соопштението од полицијата, уапсени се 12 членови на организацијата „Координирани анархистички групи“, осомничени за подготовка на терористички акти. Уште 14 лица се уапсени поради давање отпор при акцијата, која е спроведена во Мадрид, Барселона, Валенсија и во...

Апсења на владина седница во Украина

Украинската полиција денеска за време на владината седница ги уапси шефот на службата за итни случаи, Сергеј Бочински, и неговиот заменик. Бочински и Васили Стоетски се уапсени поради местење тендери за јавни набавки, а владата веднаш по апсењето ги отпушти сите шефови од секторот на службата за итни случаи, јавуваат украинските медиуми. Полициската акција ја одобри украинскиот премиер Арсениј Јацењук. https://www.youtube.com/watch?v=Hne-V8TfYf8

Шест лица уапсени за упад во синагога во Лондон

Шест мажи се уапсени во Велика Британија по насилно влегување во синагога, што полицијата го опиша како антисемитистички инцидент. Како што пренесува „Би-Би-Си“, полицијата соопштила дека уапсените во пијана состојба ја напуштиле забавата, која се одвивала во близина, и тргнале кон синагогата на Стамфорд Хил, на северот на Лондон. Еден човек се обидел да ги запре, при што добил удар...