fbpx
Таг: апсење

таг: апсење

На „Александар Велики“ уапсено лице кое треба да отслужи затворска казна

На граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“, вчера попладне, околу 15 часот, лишено е од слобода лицето К.А. (47) од Липково, Кумановско, кое допатувало во Македонија како депортирано. При проверка е утврдено дека за лицето, во полициската евиденција, забележана е мерка да се уапси за издржување затворска казна во траење од три години, поради сторена измама. К.А. е спроведен во КПУ „Идризово“.

Турција: Уапсена Британка која сакала да ѝ се приклучи на ИД

Турската полиција приведе една 21-годишна британска државјанка, осомничена дека се обидела да отпатува во Сирија на територија која е под контрола на Исламска држава, соопштија денеска владини претставници. Жената со иницијали Ј.Н.Х. е уапсена доцна синоќа, на автобуска станица во Анкара и во моментов е во притвор. Турските официјални претставници соопштија дека ја уапсиле врз основа на информација од разузнавачките служби...

Грција: Разбиена наркобанда

Десет лица се уапсени во Грција при акција за разбивање наркомрежа. Како што јавуваат грчките медиуми, станува збор за еден Албанец и за девет Роми, меѓу кои има и две девојчиња на возраст од 15 и од 16 години. Во акцијата, грчката полиција во два ромски кампа запленила 19 килограми хероин, 773 грама кокаин, три килограми хашиш, 4,5 килограми таблети...

Шпанија: Уапсени осум лица за учество во судирите во Донбас

Осум лица се приведени во Шпанија поради учество во воените судири во Донбас, на страната на проруските сепаратисти. Како што соопшти полицијата, приведените ултралевичари се осомничени за поседување огнено оружје, соучество или помагање во убиства, но и за нарушување на неутралноста на Шпанија во конфликотот.

Шпанија: Четири лица уапсени за регрутирање џихадисти

Шпанската полиција уапси четири лица, осомничени дека помагале во регрутирање џихадистички милитанти, особено жени, и дека ја ширеле пропагандата за Исламска држава. Полицијата досега уапси десетина џихадистички милитанти и лица кои регрутирале нови членови, особено околу Мелиља и во Суета, двата града што се граничат со Мароко.

Мијалков смее да апси и тоа е проблемот…

Сашо Мијалков на Драган Павловиќ-Латас на аудиоснимката од телефонскот разговор: „Што ти реков јас дека од понеделник ќе почнам да апсам. Завршија изборите и утредента драгаууу“. Сашо Мијалков на Емил Стојменов: „Јас ветив една работа, дека од понеделник апсам. Тачно чекав да помине петти јуни, кампањата, да видиме кој е кој и од шести почнувам со апсење... И тоа почнав со тој што...

БИХ: Уапсени шест лица осомничени за радикален исламизам

Шест лица се уапсени во Босна и Херцеговина под сомнеж дека се подготвувале да ѝ се придружат на терористичката организација Исламска држава и да учествуваат во војните што се водат на подрачјето на Сирија, потврди денеска обвинителството на БИХ. Во акцијата, која ја спроведоа припадници на Државната агенција за истрага и заштита, апсењата се спроведени на подрачјето на Унско-санската жупанија Маглај...

За десет дена извршиле три разбојништва

МВР ги предаде лицата Д.О. (19 ) и М.А. (19), и двајцата од Скопје, поради основано сомневање дека извршиле три разбојништва и притоа стекнале противправна имотна корист од околу 39.500 денари. Од страна на судија во претходна постапка, на двете лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена за секој. Кривичните дела пријавените ги извршиле во периодот од крајот на минатиот...

Австрија: Уапсени помагачи на „Пинк пантер“

Луксузни рачни часовници и накит вреден повеќе од половина милион евра се запленети, а четири лица се уапсени при акцијата на австриската полиција која во Виена разби мрежа на помагачи на бандата „Пинк пантер“, соопшти полицијата. Триесет и петгодишен Србин, за кој постои сомневање дека стоката ја донел од Швајцарија, двајца Изралци (37 и 39) и 40-годишен Белгиец, за кого стоката, наводно, била наменета,...

МВР објави видеоснимка од апсењето на првоосомничениот во „Чекан“

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави видеоснимка од апсењето на Ф.А. (49), првоосомничен во случајот „Чекан“, кој два месеци се криеше од органите на прогонот. „Врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, изминатиот период МВР направи дополнителни проверки и го лоцираше осомничениот, а беше подготвен и план за негово приведување. Поради сомнежите дека станува збор за опасно лице, беа ангажирани поголем...

Русија: Уапсени 31 терорист

Триесет и еден приврзаник на меѓународната терористичка организација Хизб ут Тахрир ал ислами се уапсени, соопштија руските безбедносни служби. Хизб ут Тахрир ал ислами, која Русија во 2003 година ја прогласи за терористичка организација, е меѓународна религиозно-политичка организација, која се обидува да ги урне неисламските влади и да ги насочи муслиманите кон „правилен исламски начин на живот“.

Белгија: Четворица уапсени при антитерористичка акција

Четири лица се уапсени за време на антитерористичката акција на белгиската полиција, при која се претресени 22 објекти, соопшти денеска јавното обвинителство на Белгија. Белгиските медиуми јавуваат дека не е пронајдено оружје за време на операцијата, која беше спроведена во Брисел, Антврепен и во неколку помали градови и која имаше цел да ја разбие мрежата за регрутирање борци за боиштата...

Франција: Руски државјани подготвувале атентат

Пет руски државјани со чеченско потекло се уапсени во францускиот град Безие, под сомневање дека подготвувале атентати, пишува денеска весникот „Миди либр“. За време на полициската акција, откриен е експлозив скриен во близината на стадионот „Сослиер“.

20 терористички ќелии подготвуваат напади во Европа

Околу 180 лица од најмалку 20 терористички ќелии, кои допрва треба да бидат активирани, се подготвени да извршат терористички напади во Франција, Германија, Белгија и во Холандија, јавува американската телевизиска мрежа „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на западни разузнавачки извори. Разузнавачките агенции од ЕУ и тајните служби од Блискиот Исток откриле дека постои „непосредна опасност“ за напад во Белгија, но и во...

Уапсен внук на Енвер Хоџа поради дрога

Албанската полиција вчера уапси осум лице, меѓу кои и двајца Колумбијци и внук на поранешниот комунистички лидер на Албанија, Енвер Хоџа, и запленила 100 килограми кокаин. Групата е уапсена во текот на ноќта, во фабрика која ја направиле меѓу штали со стока во Елбасан. Самир Батку, наводниот „мозок“ на групата, е фатен додека бегал со автомобил со 18 килограми кокаин, 300.000...

Уапсен Американец кој подготвувал напад на Конгресот

Маж од Охајо, кој тврди дека е симпатизер на Исламска држава, е уапсен синоќа поради напад на Капитол хил, стои во судските документи. Дваесетгодишниот Кристофер Корнет проучувал како се прават импровизирани направи, купил полуавтоматска пушка и 600 парчиња муниција и планирал да отпатува во Вашингтон и таму да го спроведе планот за напад. Корнел на „Твитер“ напишал дека ја поддржува Исламска...

Франција: Приведени 54 лица за поддржување тероризам

Париското јавно обвинителство денеска соопшти дека во последната седмица по масакрот во редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во кој беа убиени 12 лица, приведени се 54 лица кои го бранеле и величале тероризмот. Истовремено, покренати се 15 судски случаи поради испишување графити по џамии, како и десет случаи за оштетување муслимански места за молитви со оружје, подметнување пожар или експлозија. Приведувањата...

Приведено лице осудено на 10 години затвор за обид за убиство

Полицијата денеска го приведе Осман Б. (40) од село Мала Речица, Тетовско, баран врз основа на судска наредба за издржување правосилна затворска казна во траење од 10 години за обид за убиство. Заедно со Осман Б., приведени се и лицата С.М. (34) од Скопје, Б.З. (37) од село Мала Речица и И.С. (40) од село Мриковци, Скопско. Имено, при влез во...

Криминалецот Авди Зенели уапсен пред Нова година

Во организирана акција на СВР Куманово и на Централните полициски сили (ЦПС), завчера во раните утрински часови бил уапсен кумановецот Авди Зенели(47), познат криминалец, кој се барал со централна потерница за издржување доживотна затворска казна, соопшти МВР. Акцијата била спроведена по претходно добиени оперативни информации. Како што информираат од полицијата, уапсениот Зенели е сторител на убиството на гостиварецот Зеќир Зеќири (46),...

Хонгконг: Десет лица уапсени при судири на протестите

Најмалку 10 лица се уапсени по судирите со безбедносните служби за време на продемократските протести во Хонгконг. Полицијата, која со солзавец и со палки се обиде да ја растури насобраната толпа, ги обвини демонстрантите за предизвикување хаос.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...