fbpx
Таг: апсење

таг: апсење

Во Турција уапсени 30 осомничени џихадисти

Турската полиција утринава приведе 30 лица за кои се сомнева дека се припадници на Исламска држава. Полицијата спровела истовремена рација во куќи за кои имало сомневање дека се ќелии на ИД во градот Конија, во централниот дел на Анадолија. Вчера во градот Дијарбакир на југоистокот на земјата дошло до конфликт помеѓу џихадисти и турската полиција, во кој загинале двајца полицајци и,...

Турција: Уапсени 50 лица поради поврзаност со ИД

Педесетина лица се уапсени во акцијата на истанбулската полиција, под сомневање за поврзаност со терористичката организација Исламска држава. Турскиот весник „Ватан“, повикувајќи се на полициски извори, јавува дека повеќето од приведените се Узбекистанци и Таџикистанци. Весникот наведува дека приведените, од кои половина се помлади од 18 години, по илегален пат пристигнале во Турција и се подготвувале да се префрлат во Сирија...

Диво Насеље: Бројки и факти

Утринава имаше полициска акција во околината на Скопје и на Куманово за апсење соработници и јатаци на терористичката група што беше разбиена во Диво Насеље. Акцијата во кумановската населба почна утрото на 9 мај, денот кога првично требаше да се одржи конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, но од партиски извори дознавме дека е одложен „поради безбедносни и оперативни цели“ и конгресот се одржа на...

Москва: Притворени тројца што подготвувале терористички напади

Судот во Москва им одреди притвор на тројца мажи под сомневање дека планирале терористички напад во главниот руски град. Судот одредил Аслан Баисултанов, Елман Ашаев и Мохамрд Мезхидов да бидат во истражен притвор најмалку до 12 декември. Директорот на Федералната служба за безбедност, Александар Бортников, изјави дека овие тројца се меѓу 12 лица што се уапсени на 11 октомври. Тој додаде дека...

Уапсени 14 припадници на ИД во Турција

Турската полиција уапсила 14 осомничени припадници на радикалната група Исламска држава во градот Коња, во централниот дел на Турција. Турските медиуми јавуваат дека членовите на групата, меѓу кои има и една жена, се уапсени во истовремени рации во нивните домови. Нејасно е дали апсењата се поврзани со вчерашниот двоен бомбашки напад во Анкара, во кој загинаа 95 лица, а 245 се...

Уапсени 23 лица поради бегството на Ел Чапо

Мексиканската полиција издала налог за апсење на 23 поранешни функционери, стражари и полицајци поради наводно помагање во бегството на нарко-кралот Хоакин Гусман, познат како Ел Чапо. Во изјава што ја даде за Сенатот, државниот обвинител Арели Гомез рече дека уште 10 лица кои учествувале во бегството на Гусман се наоѓаат во своевиден куќен притвор. Меѓу оние на кои им се суди се...

Уапсен внукот на Рафиз Алити поради пожарот во „Македонски пошти“

Внукот на потпретседателот на Собранието, Рафиз Алити, Арменд Фазлиу, е уапсен поради одговорност за пожарот што изби во дирекцијата на „Македонски пошти“ во 2013 година. Судот на Фазлиу му одредил казна затвор од две години, по што е однесен во затворот во Шуто Оризари. Фазлиу пред две години беше шеф на кабинет на Рафиз Алити, кој ја извршуваше функцијата дикректор на...

Приведени 125 илегални мигранти во Бугарија

Бугарските власти привеле 125 странци во Софија за илегално минување во земјата, без да поднесат барање за азил. Ваквиот чекор се толкува како сигнал за нејзината посветеност да се справи со бранот мигранти со кој се зафатени нејзините соседи. Генералниот секретар на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, Георги Костов, рече дека мигрантите, кои биле приведени доцна синоќа, ќе бидат...

Тајланд: Издаден налог за апсење на осомничениот за експлозијата кај пристаништетo

Тајландскиот суд издаде налог за апсење на неименуваниот маж, осомничен за нападот кој се случи кај пристаништето во Бангкок, ден после експлозијата во центарот на градот во која загинаа 20 лица. Портпаролот на тајландската полиција, Правут Таворнсири рече дека на снимката од надзорната камера е воочена матна слика од непознат маж во сина маица како шутира торба во река во...

Шпанија и Мароко: Апсења поради регрутирање членови за ИД

Шпанија и Мароко денеска во заедничка акција уапсија 14 лица осомничени дека регрутирале лица за Исламска држава во Сирија и Ирак, соопштија од шпанското Министерство за внатрешни работи. Акцијата е спроведена во Мадрид и во неколку региони во Мароко. - Припадници на разузнавачките служби на Шпанија и на Мароко денеска уапсиле 14 лица во местото Сан Мартин де ла Вега во...

Уапсени осум лица поради смртта на мигранти кои се загушија на брод

Италијанските власти привеле осум лица поради криумчарење и смрт на 49 мигранти кои во текот на викендот останаа заробени во внатрешноста на претоварен брод на Средоземното море, изјави италијанскиот обвинител, Микеланџело Патан. Тој во Катанија изјави дека капетанот на бродот бил Мароканец, додека четворица Либијци, двајца Мароканци и едно малолетно лице од Сирија одржувале ред на бродот. Обвинителот рекол дека во...

САД: Немири и апсења во Фергусон

Полицијата се судри со демонстрантите што се собраа на улиците на Фергусон, во сојузната американска држава Мисури, каде се одбележуваше годишнината од погубувањето на афроамериканскиот тинејџер во интервенција на полицаец белец. Околу 200 демонстранти, кои мавтаа со знамиња, удираа во тапани и извикуваа пароли против полицијата, минаа низ улиците каде минатата година се случија големи немири по убиството на 18-годишниот Мајкл...

Обвинение за ранетиот Афроамериканец во Фергусон

Американското обвинителство покрена обвинение во десет точки против Тајрон Харис, кого полицијата тешко го рани во текот на протестниот собир во градот Фергусон. Инцидентот се случил на собирот по повод годишнината од убиството на афроамериканскиот тинејџер Мајкл Браун. Против Харис е покренато обвинение за дела меѓу кои се и користење оружје и напад на полицајци. Тој се наоѓа во болница откако утрово...

Во Германија уапсен џихадист од Мароко

Германската полиција во Штутгарт уапсила Мароканец, за кој се верува дека ѝ припаѓа на џихадистичката организација Исламска држава, соопштија денеска шпанските власти. Мароканецот, кој живее во Шпанија, бил особено активен на социјалните мрежи и имал улога во регрутирање борци за џихадистичката организација, се наведуива во соопштението на шпанското МВР. Во соопштението се додава дека германската полиција синоќа го уапсила во Штутгарт...

Турција: Уапсени лица поврзани со ИД

Турската полиција уапсила најмалку 15 лица осомничени дека се поврзани со Исламска држава, јавуваат локалните медиуми. Меѓу уапсените во Анкара има и неколку странци, но нивната националност не се открива. Истовремено се уапсени и 19 лица поврзани со Курдската работничка партија (ППК) во градот Адијаман, на југоистокот на земјата.

Денеска во Турција повторно се спроведуваат рации за апсење на припадници на Исламската држава

Рано утринава, турските безбедносни сили повторно почнаа акција за апсење на осомничени припадници на Исламската држава, како и на забранетата Курдска работничка партија, јавуваат медиумите во Турција. Рациите се спроведени во повеќе турски градови и провинции. Турските власти вчера притворија 251 лице во координирани рации извршени против осомничени џихадисти на ИД и курдски милитантни активисти, по бранот напади во земјата.

Уапсени две лица во антитерористичка акција во Кина

Две лица се уапсени денеска во Кина, во полициска акција за разбивање терористички групи. Полицијата во градот Венџоу, во источниот дел на Кина, наведе дека спровела серија координирани акции во пет часот наутро, при што е запленетo големo количeство оружје, во кое имало ножеви и рачно изработени бомби. Не се откриваат детали за уапсените, но кинеските претставници често „терористи“ ги нарекуваат припадниците на радикалното...

Уапсен претседателот на фудбалската федерација на Боливија

Претседателот на боливиската фудбалска федерација е уапсен по судски налог, поради сомнеж дека манипулирал со приходите од добротворните натпревари. Карлос Чавез вчера е испратен во озлогласениот затвор „Палмасол“ во градот Санта Круз. Чавез, покрај функцијата претседател на фудбалската федерација на Боливија, ја извршувал и должноста благајник на јужноамериканската фудбалска конфедерација. Судот, исто така, одредил куќен притвор за Алберт Лозадо, извршен секретар...

Фармерот Душко Илиевски доби 6.000 евра отштета за загубите додека беше во притвор

Апелацискиот суд во Битола пресуди отштета од 6.000 евра за семејството на фамерот Душко Илиевски за земјоделските загуби додека тој и дел од неговото семејство беа во протвор 12 дена во 2010 година. За пропаднатиот род на нивите со компири, боранија, пиперки, фармерот Илиевски бараше 9.000 евра отштета од државата, но Основниот суд и Апелацискиот суд во Битола досудија и потврдија...

Уапсени 21 припадник на ИД во Турција

Дваесет и едно лице се приведени во Турција под сомневање дека се членови на џихадистичката група Исламска држава. Како што јавуваат локалните медиуми, апсењата се извршени во рамките на полициските рации спроведени во повеќе турски градови, а тројца од уапсените се странци. Националноста на странците не се открива. Турската полиција соопшти дека приведените лица се осомничени дека ѝ помагале на ИД...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...