Турската полиција утринава приведе 30 лица за кои се сомнева дека се припадници на Исламска држава.
Полицијата спровела истовремена рација во куќи за кои имало сомневање дека се ќелии на ИД во градот Конија, во централниот дел на Анадолија.
Вчера во градот Дијарбакир на југоистокот на земјата дошло до конфликт помеѓу џихадисти и турската полиција, во кој загинале двајца полицајци и, наводно, седум припадници на ИД.
Турските власти, кои се подготвуваат за избори в недела, почнаа потрага по исламски екстремисти кои ги обвинуваат за двојниот бомбашки напад во Анкара во кој загинаа 102 лица.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, вчера вети дека ќе почнат полициска операција „против сите терористи“, вклучувајќи ја и Исламска држава и забранетата Курдска работничка партија.