fbpx

Обвинение за ранетиот Афроамериканец во Фергусон

-

Американското обвинителство покрена обвинение во десет точки против Тајрон Харис, кого полицијата тешко го рани во текот на протестниот собир во градот Фергусон.

Инцидентот се случил на собирот по повод годишнината од убиството на афроамериканскиот тинејџер Мајкл Браун.

Против Харис е покренато обвинение за дела меѓу кои се и користење оружје и напад на полицајци. Тој се наоѓа во болница откако утрово беше хоспитализиран, а полицијата неговата состојба ја оцени како критична.

Неговиот татко, Тајрон Харис Сениор, изјави дека две девојки кои биле со неговиот син за време на протестот, му рекле дека младото момче не било вооружано и дека бегало од смртна опасност кога бил ранет.

Мирниот протестен собир по повод првата годишнина од убиството на Мајкл Браун во Фергусон ескалирал доцна синоќа, кога демонстрантите почнале да фрлаат камења и шишиња на полицијата, а полицијата тешко го ранила Харис, за кого локалните медиуми тврдат дека му бил пријател на Браун.

Шефот на полицијата во Сен Луис, Џон Белмар, рекол дека до инцидентот дошло откако момчето отворило оган на детективите во цивил, по што тие го раниле. Според него, осомничениот бил следен за време на протестот поради сомневање дека бил вооружан. Полицијата тврди дека тој им се приближил на детективите кои седеле во возилото и отворил оган од пиштол, кој бил украден минатата година.

Сите полицајци што учествувале во инцидентот привремено се суспендирани и никој од нив не е посериозно повреден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...