fbpx

Диво Насеље: Бројки и факти

-

Утринава имаше полициска акција во околината на Скопје и на Куманово за апсење соработници и јатаци на терористичката група што беше разбиена во Диво Насеље.

Акцијата во кумановската населба почна утрото на 9 мај, денот кога првично требаше да се одржи конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, но од партиски извори дознавме дека е одложен „поради безбедносни и оперативни цели“ и конгресот се одржа на 2 и на 3 мај.

Акцијата го затече претседателот Ѓорге Иванов во Москва, на прославата на Денот на победата над фашизмот, кој ја прекина посетата.

Од МВР тогаш кажаа дека акцијата во Куманово е преземена заради разбивање „поголема добро вооружена и обучена терористичка група, која планирала напади на државни институции“.

Голем дел од прашањата околу акцијата на полицијата во Куманово веќе пет месеци се неодговорени, но ова се досега познатите факти:

  • Загинаа осум припадници на специјалните полициски единици и 37 беа повредени;
  • Криминално-терористичката група броела четириесетина членови;
  • Во борбите со полицијата убиени се 10 членови на групата (оваа бројка, која ја соопшти Обвинителството е не кореспондира со таа со која излезе МВР, според кое во Диво Насеље биле пронајдени безживотните тела на 14 терористи);
  • По борбите на полицијата ѝ се предадоа 28 терористи;
  • Како водачи на групата се идентификувани Мухамед Красниќи, таканаречен командант Малишева, Мирсад Ндрецај, таканаречен командант Нато, Сами Укшини, таканаречен командант Соколи, Бег Ризај, алијас командант Бегу, и Деме Шеху, алијас Јунику;
  • Истата група е одговорна за нападот на караулата Гошинце на 21 април;
  • Групата планирала напади на државни и на цивилни цели;
  • Во околината на селото Брест, во бункер на отворен простор е пронајдено украденото оружје од караулата Гошинце (местото го посочил еден од уапсените во акцијата во Куманово, кој, според информации на медиумите, што надлежните ниту ги потврдија ниту ги демантираа, успеал да ѝ побегне на полицијата);
  • Еден од уапсените со терористичката група е вработен во Министерството за внатрешни работи (надлежните ја потврдија оваа информација по прашања иницирани од медиумите);

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...