fbpx
Таг: апликација

таг: апликација

Билетот за едно возење од денеска може да се користи на сите линии на ЈСП

Откако беше пуштен во пробна употреба на дел од линиите од скопскиот јавен превоз, билетот за едно возење од денес може да се користи на сите градско-приградски линии во Скопје, информираат од ЈСП. Билетот за едно возење чини 50 денари и истиот може да се купи во сите возила на ЈСП Скопје и во билетарниците на јавното сообраќајно претпријатие. „Билетот...

Промовирана софтверската алатка „ПМ аларм” за прогноза на аерозагадувањето

Во рамки на активностите на „Планот за чист воздух за 2020 година“, денес на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје се одржа јавна презентација на софтверската алатка за прогноза на аерозагадувањето „ПМ аларм”, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. „ПМ аларм” e систем за прогноза на аерозагадувањето,...

Билетот за едно возење се користи на дел од линиите, наскоро и апликација на ЈСП за мобилни

ЈСП - Скопје го пушти во функција билетот за едно возење на дел од линиите од скопскиот јавен превоз. Граѓаните кои патуваат кон Матка со автобус веќе можат да го купат електронскиот билет за едно возење, по цена од 50 денари. Од ова претпријатие за „Мета.мк“ велат дека се набавени 300.000 билети за едно возење, кои во многу скоро...

Цел месец доцни воведувањето на билетот за едно возење во скопскиот јавен превоз

ЈСП - Скопје засега нема информација кога ќе започне употребата на новите хартиени билети за едно возење во јавниот превоз. Веќе еден месец доцни воведувањето на ветениот билет, заедно со ставањето во функција на новата мобилна апликација за јавниот превоз и можноста за надополнување на средства на картичката „Скопска“ од страна на самите граѓани. Од ЈСП - Скопје за „Мета.мк“...

Апликацијата „МојДДВ“ сè уште нема Политика на приватност, од УЈП без одговор

Управата за јавни приходи повеќе од еден месец не одговора на прашањето на „Мета“, дали ги применила препораките од страна на Фондацијата „Метаморфозис“ кои се однесуваат на подобрување на Политиката на приватност на апликацијата „МојДДВ“. Имено, откако УЈП ја прмовираше оваа апликација, фондацијата „Метаморфозис“ реагираше дека ѝ недостасува Политика на приватност која на лесно разбирлив начин ги објаснува мерките кои...

Ноември дојде, хартиен билет за едно возење во скопскиот јавен превоз нема

И покрај тоа што градските власти ветија дека од 1 ноември ќе стартува користењето на хартиениот билет за едно возење, на оваа поволност граѓаните ќе мора да почекаат уште малку. Реализацијата на тендерот за хартиените билети, заедно со новата мобилна апликација за јавниот превоз и дополнителните валидатори во автобусите, сѐ уште се во тек на реализација. Од ЈСП - Скопје...

„Challenger“: Апликација на група млади за почист воздух и награди за „зелени километри“

Група млади креираат прва македонска мобилна апликација наречена „Челенџер“ (Challenger) која ќе ви постави предизвик да пешачите и возите велосипед и да бидете наградени, а со тоа да не користите автомобил и да придонесете за намалување на загадувањето. „Сите се повикуваат дека треба да се пронајде решение за аерозагадувањето, ние одлучивме да бидеме дел од тоа решение - а не...

Од 1 ноември повторно хартиен билет за едно возење во скопскиот јавен превоз

Граѓаните од 1 ноември повторно ќе можат да купат хартиен билет за едно возење во автобусите од скопскиот јавен превоз. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денес посочи дека реализацијата на тендерот за оваа намена е при крај. Во моментов се одвива тест-периодот, а цената на билетот за едно возење ќе биде утврдена на утрешната седница на Советот на град Скопје. Билетот...

„Метаморфозис“: На апликацијата „МојДДВ“ ѝ недостасува Политика на приватност

На мобилната апликација „МојДДВ“ ѝ недостасува Политика на приватност која на лесно разбирлив начин ги објаснува мерките кои Управата за јавни приходи ги презема за безбедност и заштита на личните податоци на граѓаните кои се обработуваат со користењето на апликацијата, велат од фондацијата „Метаморфозис“, која го анализираше аспектот на информираност на граѓаните за обработката на личните податоци со користењето...

„Телеком“ ќе прави билети за едно возење за ЈСП и нова Андроид апликација

„Македонски Телеком“ го доби тендерот вреден над 2,2 милиони евра за подготовка на нова Андроид апликација за паметни телефони, за воведување на 300.000 електронски хартиени билети за едно возење и за набавка на нови валидатори за картичката „Скопска“ за јавниот превоз. ЈСП - Скопје на почетокот од јули го склучило договорот, со кој од претстојнава есен на граѓаните повторно ќе...

Апликацијата „МојДДВ“ до сега ја симнале близу 58.000 граѓани, биле прочитани вкупно 433.204 сметки

Вкупно 57.973 корисници ја симнале апликацијата „МојДДВ“ од веб-страницата на УЈП од нејзината промоција на 1 јули заклучно со утрово, информираше директорката Сања Лукаревска. За истиот период биле прочитани вкупно 433.204 сметки за остварен промет во вредност од околу 240.978.000 денари, со околу седум милиони денари поврат на ДДВ или близу 120 илјади евра. Според Лукаревска, мерката веќе ги дава првите...

Апликацијата „Мој ДДВ“ е достапна на веб-страницата на УЈП, за „андроид“, но не и за „иос“

Апликацијата „Мој ДДВ“ преку која граѓаните ќе може да ги скенираат фискалните сметки, со цел поврат на 15 проценти ДДВ е достапна за преземање од веб-страницата на Управата за јавни приходи, информираа денеска од таму. Корисниците на „епл“ телефоните во моментов не можат да ја користат, и таа ќе биде достапна за преземање за краток период. „Најавувањето за преземење на апликацијата...

Од наесен повторно хартиен билет за едно возење во јавниот превоз

Фото: Борче Поповски
Во автобусите на ЈСП - Скопје и на приватните превозници од септември повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење. ЈСП во моментов го реализира тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз. Оттаму информираат дека е избрана компанијата што доставила најдобра понуда, во овие...

Со тендер од 2,4 милиони евра ЈСП ќе влезе во дигиталното доба

Фото: Борче Поповски
Нова апликација за паметни телефони, повеќе читачи на картичките „Скопска“ во автобусите, електронски билет за едно возење, обезбедување на комуникациска инфраструктура и E-Cloud платформа се новините што ЈСП-Скопје планира да ги воведе во претстојниов период за корисниците на јавниот превоз во Скопје. Тендерот вреден околу 2,4 милиони евра за овие новини во градскиот транспорт веќе е објавен на Електронскиот...

Град Скопје ќе прави мобилна апликација за споделување превоз заради намалување на загадувањето

Град Скопје планира апликација за мобилни телефони за оперативните системи Андроид и ИОС, со која скопјани ќе може да се организираат и да се договараат за заеднички превоз со автомобил, како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот. Огласот за изработувач на апликациите е распишан во петокот, планирани се верзии на македонски и албански јазик, а според проценките,...

Заев: 100 компании ќе добијат финансиска помош од 9,2 милиони евра

Над 100 компании ќе добијат вкупна финансиска помош од 9,2 милиони евра согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите за остварените резултати лани, информираше денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев. Во овие компании, лани работеле 14.000 вработени и биле отворени нови илјада работни места. - Прв пат под исти услови домашните и странските компании ќе добиваат државна финансиска поддршка на транспарентен начин...

„Макпетрол“ промовираше апликација за полесно наоѓање на бензинските станици

Компанијата „Макпетрол“ промовираше апликација „Верна гоу“ (Verna Go) која на граѓаните и туристите ќе им даде сервисни информации за најблиската бензиска станица, услугите кои ги нуди, видовите на гориво кои ги има, цената на горивата и слично. Таа е достапна за сите корисници на „андроид“ и „иос“, функционира и без користење на интернет, а достапна е на македонски, англиски и...

Министерството за економија промовираше апликација „Посети ја Македонија“

Министерство за економија ја промовираше апликацијата „Посети ја Македонија“ (visitmacedonia). Министерот Крешник Бектеши изјави дека апликацијата ги следи светските трендови за дигитализација и иновации во туристичката промоција, а има за цел да го привлече вниманието на туристите, посебно на транзитните. „Нивната бројка не е за занемарување, само по Коридорот 10 низ нашата земја транзитираат во просек по 3,5 милиони туристи. Ако им...

Пуштен во употреба првиот аудио-водич за археолошкиот локалитет „Стоби“

Националната установа за управување со археолошкиот локалитет „Стоби“, во соработка со софтверската компанија „Г6 солушн“ (G6 Solutions) од Скопје, го изработија првиот аудио-водич за археолошки локалитет во Македонија и истиот е во употреба од 12 јули 2018 година. „Во чекор со најсовремените пристапи за управување со посетители при посета на археолошки локалитет, овој аудио-водич ќе му помогне на секој посетител...

Два тима победија на „Фин хакатонот“, ќе креираат веб-апликација и игри за буџетот

Два тима победија на „Фин хакатонот“ за креирање на веб-апликација, видео и мултимедијална игра за Граѓанскиот буџет, кој викендов се одвиваше во Министерството за финансии. Тие ќе го делат наградниот фонд од 1,5 милиони денари, а и двата тима ќе имаат можност да го развијат својот производ и да отворат сопствена фирма преку кој понатаму ќе го пласираат. Тимот составен...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...