fbpx

Апликацијата „МојДДВ“ до сега ја симнале близу 58.000 граѓани, биле прочитани вкупно 433.204 сметки

-

Вкупно 57.973 корисници ја симнале апликацијата „МојДДВ“ од веб-страницата на УЈП од нејзината промоција на 1 јули заклучно со утрово, информираше директорката Сања Лукаревска.

За истиот период биле прочитани вкупно 433.204 сметки за остварен промет во вредност од околу 240.978.000 денари, со околу седум милиони денари поврат на ДДВ или близу 120 илјади евра.

Според Лукаревска, мерката веќе ги дава првите посакувани ефекти од нејзината примена во однос на издавањето фискални сметки и справувањето со сивата економија.

Единствен проблем, додаде таа, во моментов околу примената на апликацијата е што таа не може да ја симнат корисниците на „ајфон“. Во врска со ова, појасни дека уште на 25 мај годинава од страна на УЈП било контактирано претставништвото на „Епл стор“ за барање одобрение оваа апликација да биде ставена на нивниот сајт.Но, заради рестриктивните и строги правила на „Епл“, се одолговлекла оваа постапка.

Од УЈП посочуваат дека во изминативе неколку денови примиле и голем број пријави од граѓаните на линијата 198 за пријавување неправилности за тоа каде се не им се издаваат фискални сметки. За овие пријави од УЈП најавија дека ќе бидат испратени на терен нивни екипи за да се изврши проверка на работата на тие субјекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...