fbpx

Ќе се проверуваат социјалните станови

-

Зградите со социјалните станови, кои државата ги градеше изминатите години, не се целосно пополнети. Додека има празни, невселени станови, има семејства кои со години молат да најдат каков било покрив над глава. Освен тоа, во некои од зградите, станарите сведочат дека и покрај тоа што се доделени, во нив ретко се присутни станарите или доаѓаат за време на одмор. Овој податок им е познат на институциите. АД за стопанисување на станбен и деловен простор со теренски контроли ги проверува сите социјални згради.

– Кога ќе ги утврдиме сите оние станови каде што нема лица, кои во моментов не живеат во нив, истите ќе бидат пратени во Министерството за труд и социјала за да се утврди нивната состојба, односно дали тие лица и понатаму ги исполнуваат условите за тие станови да ги користат. Доколку се утврди дека тие лица не ги исполнуваат условите, ние понатаму ќе пристапиме кон раскинување на договори и тие станови ќе бидат доделени на оние лица, на коишто им се потребни, изјави Кристијан Трајковски, директор на АД за станбен и деловен простор.

Државата веќе подготвува нов систем на распределба на социјалните станови. Целта е станбениот простор што го гради државата да замине кај оние во социјален ризик, на кој им е неопходен.

– Распределбата ќе биде во транспаретна постапка, согласно бодовите, што ги остваруваат во делот на нивните примања, број на членови на семејство и ќе ги добиваат по електронски систем, кој ќе биде реален и ќе им обезбеди на оние социјални категории, кои се најзагрозени и најмногу им треба решавање на станбеното прашање, кажа директорот Трајковски.

Денеска почна со градба првата социјална зграда во Пробиштип, во која по 18 месеци се очекува да се вселат 48 семејства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...