fbpx

Апликацијата „Мој ДДВ“ е достапна на веб-страницата на УЈП, за „андроид“, но не и за „иос“

-

Апликацијата „Мој ДДВ“ преку која граѓаните ќе може да ги скенираат фискалните сметки, со цел поврат на 15 проценти ДДВ е достапна за преземање од веб-страницата на Управата за јавни приходи, информираа денеска од таму.

Корисниците на „епл“ телефоните во моментов не можат да ја користат, и таа ќе биде достапна за преземање за краток период.

„Најавувањето за преземење на апликацијата на веб-страницата на УЈП е со истиот меил и лозинка како и за електронската даночна пријава. УЈП за да им излезе во пресрет на граѓаните кои ќе имаат проблем со апликацијата, на 36 места во организационите единици постави киоск-апарати, бар-код читачи и паметни телефони преку кои ќе се скенираат фискалните сметки на граѓаните. Вработените се на располагање за да одговарат на кое било прашање и да помогнат“, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Таа додаде дека преку оваа мерка се очекува намалување на сивата економија, бидејќи граѓаните ќе купуваат само таму каде што издаваат валидни фискални сметки и ќе ги натераат данчните обврзници да издаваат сметки.

Фискалните сметки кои не содржат бар-кодови, како што се сметките од такси-превозниците, нема да може да се скенираат, а истото важи и за компјутерските невалидни фискални сметки.

Лукаревска не даде бројка за колку се очекува да се намали сивата економија, туку потенцираше дека ова е една од мерките која се воведува за таа цел.

„Секоја година по малку да се намалува сивата економија, ние сме успеале во целта. Во декември ќе знаеме дали е зголемен бројот на издавање на фискални сметки“, додаде Лукаревска.

Граѓаните за да остварат поврат на ДДВ треба да имаат наполнето 18 години, да поседуваат документ за лична идентификација, да имаат трансакциска сметка и да се регистрирани во системот на УЈП.

Секое физичко лице може да направи поврат од 7.200 денари месечно или едно четиричлено семејство околу 28.000 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...