fbpx
Таг: апликација

таг: апликација

„Демокраси лаб“ ја промовираше алатката за младински активизам „Импакт“

Здружението за унапредување на демократијата „Демокраси лаб“ ја пушти во употреба интернет-алатката за младински активизам „Импакт“, која има цел да им помогне на младите луѓе што сакаат да бидат активни и да преземат иницијативи во својата заедница. „Импакт“ нуди интернет-курсеви, банка на идеи и мапа на волонтирање. „Курсевите имаат цел да ги зајакнат основните вештини на младите луѓе за иницирање и за спроведување активности...

МЗШВ изврши авионско снимање на целата територија

Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од јуни до средината на август изврши авионско снимање на целата територија на Македонија, по втор пат после 2009 година, информираат оттаму. Согласно европските регулативи и препораки, авионските снимки се основа за функционирање на Системот за идентификација на земјишни парцели (СИЗП). „Со просторната идентификација на земјишните парцели се определуваат границите и големината на обработливата површина за...

Музејот на ВМРО на „Гугл“ стана „Музеј на жртвите на Жмроизмот“

Уште еден локалитет во Скопје доби ново име на апликацијата „мапи“ на светскиот интернет-гигант „Гугл“. Овојпат станува збор за Музејот на ВМРО. Доколку на мапата го пребарувате овој музеј, ќе ви прикаже „Музеј на жртвите на Жмроизмот/(Museum of the victims of Zhmroism)“, а дури потоа како втора опција се прикажува вистинското име. Претходно на оваа апликација, големиот скопски плоштад Македонија, на...

ДИК: Избирачкиот список е заклучен, може да се пребарува само со матичен број

Во апликацијата на ДИК за проверка на граѓаните во избирачкиот список, единствената активна можност за пребарување на избирачите од вчера е само преку матичниот број на граѓаните. Дополнителните две опции за пребарување, преку адреса и име и преземе, повеќе не се активни. Од ДИК за „Мета“ велат дека избирачкиот список за предвремените парламентарни избори в недела, на 11 декември, е...

ДИК имала технички проблеми со апликацијата за проверка на граѓаните во избирачкиот список

Државната изборна комисија вечерва соопшти дека во текот на денешниот ден имале одредени технички проблеми со апликацијата за проверка на граѓаните во избирачкиот список. „Информираме дека апликацијата за проверка на податоците во избирачкиот список за граѓаните кои ќе гласаат во избирачките места на територијата на Република Македонија веќе е функционална и достапна. Во текот на утрешниот ден ќе биде достапна...

Вкупно 11 граѓани од дијаспората до денеска се пријавиле за гласање на изборите

До денеска, заклучно до 14 часот, вкупно 11 македонски државјани што живеат во странство се пријавиле за гласање на изборите на 11 декември во дипломатско-конзуларните преставништва на земјава, преку апликацијата поставена на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), соопштија денеска од Комисијата. Од пријавите, како што информираат од ДИК, 10 биле прифатени, а една пријава е во фаза на обработка. „Државната изборна...

Македонските државјани во странство од денеска може да се пријавуваат за гласање

Пријавувањето за гласање на македонски државјани што живеат во странство може да почне денеска зашто Државната изборна комисија (ДИК) има подготвено посебна апликација, соопштија вчера од Комисијата. Пријавувањето на овие граѓани ќе трае до 11 ноември. Државната изборна комисија на вчерашната седница го усвои роковникот за извршување на изборните дејства, откако ја доби одлуката за распишување предвремени парламентарни избори на...

ВМРО-ДПМНЕ објави повик за кандидати за градоначалници на локалните избори во 2017 година

Владејчката ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за кандидати за градоначалници за престојните локални избори, кои треба да се одржат догодина. Како што стои во повикот, тој се однесува на сите 84 општини, а кандитат за градоначалник може да биде секој граѓанин што ги исполнува условите за кандидирање пропишани со Устав и со закон, да е член на ВМРО-ДПМНЕ или граѓанин кој...

Во ДИК до денеска се пријавиле 5.526 спорни гласачи

Вкупно 5.526 граѓани, чии записи во избирачкиот список, по спроведени вкрстени и теренски проверки, се спорни, до денеска напладне се пријавиле во Државната изборни комисија (ДИК), соопштија оттаму. Од нив, 2.473 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 3.053 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на Државната изборна комисија. Најмногу граѓани со...

На Светскиот ден на емотиконите, првиот речник на емотикони за македонски јазик

По повод прославувањето на 17 јули, Светскиот ден на емотиконите, се одбележа официјалното пуштање во употреба на првиот речник за емотикони на македонски јазик. Емотикони се мали сликички што се испраќаат во кратки пораки директно од тастатурата на телефон. Сè досега, не постоеше лесен начин за тие кои говорат македонски јазик да ги најдат потребните емотикони. „EmojiWorldBot“ е бесплатна алатка која е изградена за...

УСАИД доделува 3 милиони долари за унапредување на медиумите во Македонија

Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) објави повик, односно конкурс, за доделување грантови за медиуми од Македонија. УСАИД ќе додели повеќе грантови во вредност од најмногу еден милион долари, со вкупно расположливи средства за финансирање од три милиони долари, за проекти во времетраење од 12 до 36 месеци. Повикот за доделување средства е компетитивен, а апликации може да поднесат локални, македонски...

ДИК ги удвои протекот и брзината на веб-апликацијата за проверка на списокот

Од денеска двојно се зголемени протекот и брзината со која работи веб-апликацијата за проверка на избирачкиот список на страницата на ДИК, ни потврди Владо Васиљевски, раководител на секторот за информатика. - Претходно брзината беше 30 мегабајти во секунда за закачување и за симнување, а сега е 90 мегабајти во секунда за симнување и 60 мегабајти во секунда за закачување. Сега не би...

Многуте корисници ја уриваат апликацијата на ДИК за проверка на избирачкиот список

Веб-апликацијата за проверка на избирачкиот список вчера неколку часа беше блокирана од премногу корисници, потврдија денеска од Државната изборна комисија. Честите кликнувања на граѓаните за да го проверат избирачкиот список ја блокирале работата на веб-апликацијата. Од утрово таа функционира нормално. Од пред неколку дена на страницата на избирачкиот список до името на секој граѓанин постои опција за пријавување, ако некој смета дека...

Преполните станови открија зошто сме имале 1,8 милиони гласачи на 2 милиони народ

Со откривањето на преполните згради, станови, влезови и куќи со фантомски гласачи, стана јасно како беше можно во земја со 2 милиони жители да има 1,8 милиони гласачи на избирачкиот список. Енигмата ја „откри“ веб-апликацијата за проверка на избирачкиот список, а пред тоа ја навести во анализата пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој напиша дека Македонија има 2,4 милиони државјани. Граѓаните открија низа нерегуларности...

Агенцијата за катастар воведе нова услуга за банките и за компаниите

Агенцијата за катастар на недвижности воведе нова услуга за банките, извршителите и за компаниите, така што тие преку апликација во секој момент ќе имаат увид во состојбата на имотот за кој се заинтересирани. За да се користи оваа услуга, потребна е претплата на сервисот, со што на клиентите ќе им биде овозможено следење на сите поднесени барања и промени на имотниот...

90 компании аплицирале за финансирање од Фонд на иновации

Деведесет компании аплицирале за трите инструменти содржани во вториот повик на Фондот за иновации и за технолошки развој, за добивање неповратна помош во пари за финансирање на иновациите. За комерцијализација на иновациите, аплицирале 25 компании, а преку овој инструмент се обезбедува финансирање на најмногу 70 проценти од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 100.000 евра. Другите компании аплицирале за...

Апликацијата „кој ме избиршал“ повеќе не е достапна на „Фејсбук“

Aпликацијата „Кој ме избришал“ на социјалната мрежа „Фејсбук“ повеќе не е достапна на ниту една платформа, иако за кратко време стана популарна меѓу корисниците. Ова денеска го објави програмерот на оваа апликација, Антонио Куске. Тој објасни дека апликацијата требало да биде корисен алат за подобрување на искуствата на корисниците, но од компанијата не го делеле тоа мислење. Апликацијата беше дизајнирана за да обезбеди информација за...

Промовирана апликацијата „пикодемократија“ за мини-референдум

Фондацијата „Метаморфозис“, заедно со Македонски центар за европско образование (МЦЕО) и „Реактор“, денеска ја промовираше новата мобилна апликација „пикодемократија“ (picodemocracy), преку која сите заинтересирани можат да поставуваат прашања или мини-референдуми на кои граѓаните ќе одговараат анонимно. - На граѓаните треба да им се овозможи да го дадат своето мислење за сè што ги засега, за да можат да учествуваат во...

В понеделник промоција на мобилната апликација „пикодемокраси“

Фондацијата „Метаморфозис“ во партнерство со Македонски центар за европско образование и со „Реактор“, в понеделник во ЕУ Инфоцентар, со почеток во 11 часот, ќе ја промовира мобилната апликација „пикодемокраси“ (Picodemocracy). Со апликацијата ќе може да се спроведуваат анкети во вид на мини-референдуми, односно поставување едноставни прашања на големи групи граѓани од државни тела, општини, невладини организации, медиуми, за брзо и ефикасно...

„Меркат“ отсега и на „Фејсбук“

Изминатите неколку недели со неверојатна брзина се зголеми популарноста на апликацијата „меркат“, која служи за стриминг-видеосодржини од мобилен на „Твитер“. Набргу по успехот на „меркат“, и „Твитер“ излезе со своја апликација за истата намена, наречена „перископ“, поради што „Меркат“ одлучи малку да ја измени стратегијата. Со најновото ажурирање на апликацијата на оперативниот систем „иОС“, овозможено е поставување на стриминг-канал и на „Фејсбук“,...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...