fbpx
Таг: Антикорупциска комисија

таг: Антикорупциска комисија

Граѓански организации побараа департизација и професионализација на Антикорупциска

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска со писмо упатено до Собранието и Владата, како и до Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) и до политичките партии, побара воспоставување професионално тело за антикорупција, кое ефективно, независно и со висок интегритет ќе ги спроведува постапките за спречување на корупцијата во Република Македонија. Платформата повикува на промена на актуелниот...

Заев ги поздрави оставките во Антикорупциска комисија

Убеден сум дека на Македонија и треба сериозна Антикорупциска комисија која што ќе биде поставена според сите меѓународни практики, ќе биде будното око на следење на извршната власт и сè што има допир со народните пари, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за оставките во оваа комисија. Тој додаде дека потребна е таква институција која што ќе биде еден од најголемите...

СДСМ: Пропадна и последниот обид да се заштити криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

Со разрешувањето на Марко Зврлевски, пропадна последниот обид на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) да го заштити криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ. Од владејачката партија велат дека „наместо да спречува корупција, криминал и злоупотреби“, Комисијата во изминатите години работела селективно, непрофесионално и исклучиво во заштита на криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ со што станала „соучесник...

Антикорупционерите се вратија од одмор, ќе го разгледуваат барањето на ВМРО-ДПМНЕ

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата вчера се вратија од годишен одмор и почнаа со работа, велат за „Мета“ од Антикорупциска. На нивниот дневен ред би требало да се најде и барањето од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Државната комисија за спречување на корупцијата да даде толкување за примената на членот 8-а од Изборниот законик, кој во време кога се...

Заврши одморот, Антикорупциска в понеделник ќе почне да го пишува одговорот

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) в понеделник се враќаат на работа, бидејќи в недела им завршува годишниот одмор, информираа од Комисијата за „Мета“. Антикорупциската комисија беше во центарот на политичките препирки, откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија во вторникот поднесоа барање за мислење до ДКСК, велејќи дека собраниската седница за разрешување на...

Антикорупциска на одмор: Ако не смее да има смени, може ли да има интерпелации?

ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да ја прекине расправата и постапката за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски сè додека Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) не се изјасни дали тоа е според законот. Но, до тоа тешко може да дојде во следниве денови бидејќи членовите на комисијата се на колективен одмор, вели за „Мета“ лицето одговорно за односи со...

ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше говорницата и седницата за смена на Зврлевски

На неполни 10 минути откако почна, седмото продолжение на шестата седница на Собранието на Република Македонија беше прекинато зашто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ излегоа на говорницата по кратката расправија на претседателот на Собранието, Талат Џафери, со Антонио Милошоски, кој излезе на говорницата. Џафери го повика обезбедувањето да интервенира, но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ излегоа на говорницата и откако апелите на претседателот на...

Во Собранието денеска ќе се гласа за заменик-министрите

Петтата седница на Собранието на Република Македонија, почната вчера со обемна агенда, продолжува денеска, а на дневен ред е и изборот на заменик-министрите во Владата предводена од Зоран Заев. Пред гласањето за министрите, на дневен ред се годишни извештаи за 2016 година на државни совети, комисии или агенции, меѓу кои и на Комисијата за спречување на корупцијата, како и извештајот...

Според имотниот лист, Груевски од премиерска плата заштедил 230.000 евра и купил 33 слики

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, има заштеди од околу 230.000 евра, околу 5.000 евра долг на кредитна картичка и 33 уметнички слики вредни речиси 11.000 евра. Тоа го покажуваа анкетниот лист за имотната состојба што тој го поднел како новоизбран пратеник, кој беше објавен денеска на веб-страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата. Парите што тој ги пријавил како...

Спасовски: Антикорупциска покажа дека е само инсталација на партијата на власт

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска ги отфрли заклучоците на Државната комисија за спречување корупција. Тој тврди дека сите распоредувања извршени во МВР, а кои се потпишани од него, се направени во согласност со измените на Законот за Влада и пред донесувањето на одлуката за распишување на предвремените парламентарни избори. - Во согласност со член 44 од измените на...

Антикорупциска побара да се поведе истрага за Спасовски

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на јавна седница денеска ги разгледуваше претставките на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, кон Оливер Спасовски, и на ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ за градоначалникот на Куманово и за директорот на кумановското јавно комунално претпријатие, пишува „Нова ТВ“. Двата приговори се однесуваа на членови од Изборниот законик за кои подносителите велат дека се...

СДСМ: Чулев не го пријавил луксузниот стан, а Антикорупциска затвора очи

Директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, молчи зошто не го пријавил станот од околу 90.000 евра во луксузниот станбен објект во Аеродром во својот анкетен лист, велат од СДСМ и додаваат дека со тоа самиот признава дека го крие луксузниот стан. „Зошто директорот на разузнавање, Чулев, има потреба да го крие станот? Дали можеби затоа што треба да објасни како...

Донатор на ВМРО-ДПМНЕ не може да биде на чело на Антикорупциска комисија

Назначувањето на Игор Тантуровски за нов претседател на Комисијата за спречување на корупцијата е уште една потврда дека нема вистинска борба против корупцијата и криминалот туку обиди да се покријат криминалите на власта, обвинуваат од СДСМ. „Тантуровски самиот потврди дека во 2012 година донирал 60.000 денари за ВМРО-ДПМНЕ, со што не го исполнува највисокиот услов - да биде партиски независен....

СДСМ: Како градоначалникот Талески успеал да заработи 100.000 евра?

Битолските социјалдемократи денеска го покажаа имотниот лист на градоначалникот Владимир Талески. Општинскиот советник од редовите на опозицијата, Благојче Котевски, пред општинската зграда праша како од 2009 до 2013 година, за време на вториот градоначалнички мандат, Талески успеал своето богатство да го зголеми за околу 100.000 евра. - Во споредба со имотниот лист од 2013 година, станот од 70 квадратни метри е тука, станот...

Антикорупциска откри судир на интереси кај Шилегов

Петре Шилегов, портпарол на опозицискиот СДСМ, добил известување од Комисијата за спречување на корупцијата дека не може истовремено да биде пратеник и управител на неговото адвокатско друштво, бидејќи постои судир на интереси. Шилегов на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, каде што и ја објавил фотографијата од документот што го добил од Антикорупциската комисија, напиша: „Антикорупциска... Решава еден од најголемите корупциски скандали...

Јавното обвинителство е нетранспарентно, а специјалниот обвинител во најава – нејасен

Граѓанските здруженија организирани во платформата за борба против корупцијата, реагираат на нетранспарентниот и игноратски однос на Јавното обвинителство околу прашањата за истрагата за наводните злоупотреби, незаконити постапувања и корупцијата и нарушувањето на човековите права што произлегуваат од прислушуваните разговори, кои опозицијата ги објави изминатиот период, и прашуваат дали воопшто се води истрага за овие наводи. Платформата денеска преку соопштение упати уште...

Претседателот на Антикорупциска вторпат си замина од прес-конференција

Откако е претседател на Антикорупциска комисија, Горан Миленков вторпат одбива да одговори на новинарски прашања. Денеска тој си замина од прес-конференцијата што сам ја закажа, додека новинарите го повикуваа да се врати бидејќи имаат уште прашања. Денеска Миленков одби да одговори на новинарски прашања за тоа дали ќе постапат и што ќе преземат во врска со откриените наводи за криминални злоупотреби...

Илми Селами е новиот заменик-министер за одбрана

По оставката на  Арбен Лабеништа од ДУИ, на денешната пленарна седница, Собранието го именуваше Илми Селами за нов заменик-министер за одбрана. Селами има завршено политички науки на Правниот факултет, бил член, а потоа и претседател на Комисијата за спречување на корупцијата, а од 2008 година е на различни позиции во Министерството за одбрана. - Селами веќе шест-седум години е во ова министерство...

Новите антикорупционери се запознаа со јавноста

Новиот претседател на Комисијата за спречување корупција, Горан Миленков, на правата средба со новинарите најави дека комисијата ќе работи транспарентно и дека редовно ќе ја известува јавноста за сите случувања и покренати постапки, но го игнорираше прашањето за тоа дали се сретнал со неговиот претходник и дали тој му кажал колку случаи му оставиле старите антикорупционери. - На денешната конститутивна седница...

Во ВМРО-ДПМНЕ е вистинската Антикорупциска!

Паралелно со антикорупционерите, кои денеска дадоа свечена изјава пред Трајко Вељаноски, функционира и партиска антикорупциска комисија на ВМРО-ДПМНЕ, за која се вели дека е „Антикорупциска - вистинска“! Оттаму и сомнежите дали Државната комисија за спречување на корупцијата не е само параван за работата на комисијата за антикорупција што функционира во рамките на партијата на власт. Во ВМРО-ДПМНЕ главен на оваа комисија е...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...