fbpx

Антикорупциска побара да се поведе истрага за Спасовски

-

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на јавна седница денеска ги разгледуваше претставките на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, кон Оливер Спасовски, и на ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ за градоначалникот на Куманово и за директорот на кумановското јавно комунално претпријатие, пишува „Нова ТВ“.

Двата приговори се однесуваа на членови од Изборниот законик за кои подносителите велат дека се прекршени.

Предметот оформен по претставката на Андонов го води Фарие Алиу (членка на ДКСК).

Образложувајќи го, таа рече дека постои основан сомнеж дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го прекршил членот 8а од Изборниот законик, кога правел промени во МВР, по распишување на одлуката за предвремени парламентарни избори.

– Се работи за одлуки на Спасовски по распишување на предвремените парламентарни избори и не е почитувано мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата – рече таа.

Заклучокот по предлог на Алиу, прифатен од мнозинство членови, му наложува на Основното јавно обвинителство да преземе мерки и потоа да достави повратна информација до Комисијата.

Претставката на ВМРО-ДПМНЕ, пак, се однесува на прекршување на членот 8б од Изборниот законик, а во Комисијата го води претседателот Игор Тантуровски.

Имено, како што тврди претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Илиоски, градоначалникот на Куманово и директорот на кумановското комунално претпријатие за партиски цели злоупотребувале службени возила.

И по овој предмет, мнозинството членови побараа од Основното јавно обвинителство да преземе мерки и да достави повратна информација до Комисијата пред таа дополнително да расправа по него.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...