Антикорупциска откри судир на интереси кај Шилегов

-

Петре Шилегов, портпарол на опозицискиот СДСМ, добил известување од Комисијата за спречување на корупцијата дека не може истовремено да биде пратеник и управител на неговото адвокатско друштво, бидејќи постои судир на интереси.

Шилегов на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, каде што и ја објавил фотографијата од документот што го добил од Антикорупциската комисија, напиша: „Антикорупциска… Решава еден од најголемите корупциски скандали во државава… Доследно“.

Шилегов вели дека дописот од Антикорупциска комисија го гледа како уште еден обид за институционален притисок врз опозицијата.

– Моето адвокатско друштво е основано на 15 март 2014 година, а УЈП веќе четири месеци врши контрола и не може да најде ништо. Нема да им оставам простор на каков било начин да ја компромитираат мојата позиција, како и адвокатското друштво. СДСМ, како партија, и јас, како нејзин портпарол, нема да престанеме со упорната борба против оваа корупциска, криминална и авторитарна власт. Потпишувањето на Договорот претставува обид за институционализирање на таа борба, а доколку Антикорупциска сака да се занимава со корупција во структурите на поличката елита во земјава, ја повикувам и ја упатувам да се обрати лично кај Груевски, неговиот кум Ставрески, братучедот Сашо Мијалков и другите кои се блиски до премиерот. Морам да кажам и дека УЈП ми дојде со список на сите случаи, со бројчиња како што се заверени во суд. Но, за еден случај, кој никако не можевме да го најдеме, откако се јавивме во судот, дознавме дека јас сум бил само сведок. Што значи, од УЈП влегле во суд и ги зеле сите документи на кои пишува „Петре Шилегов“ – објаснува портпаролот.

10659376_1880511975506725_4647795807038858919_n

 

 

 

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по...

Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина

Руската војска потврди дека нејзините сили ги продолжиле нападите врз Украина по  „велигденскоти примирје“, пишува Гардијан.  „Со завршувањето на примирјето, вооружените сили на Руската Федерација продолжија да ја спроведуваат специјалната воена операција“,...

Почина папата Франциск

Папата Франциск почина на 88-годишна возраст, соопшти Ватикан. Поглаварот на Римокатоличката црква, кој беше бискуп на Рим и духовен водач на повеќе од милијарда верници, стана папа во 2013 година, откако неговиот...

АХВ: Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за...

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило...