fbpx

Јавното обвинителство е нетранспарентно, а специјалниот обвинител во најава – нејасен

-

Граѓанските здруженија организирани во платформата за борба против корупцијата, реагираат на нетранспарентниот и игноратски однос на Јавното обвинителство околу прашањата за истрагата за наводните злоупотреби, незаконити постапувања и корупцијата и нарушувањето на човековите права што произлегуваат од прислушуваните разговори, кои опозицијата ги објави изминатиот период, и прашуваат дали воопшто се води истрага за овие наводи.

Платформата денеска преку соопштение упати уште ден јавен повик до Обвинителство за поефикасен и потранспарентен однос кон овие прашања, а ја повикува и бара од Владата да го вклучи граѓанскиот сектор во имплементацијата на препораките од Извештајот на Рајхард Прибе.

Оттаму имаат идентичена став и кон Државната комисија за спречување на корупацијата, кај која го детектираат истиот проблем.

По еден неуспешен обид да добијат одговори, граѓанските организации на 15 мај до Јавното обивнителство испратиле прашања за тоа: дали е формиран тим на истражители и дали јавното обвинителство располага со капацитети за спроведување на истрагата, потоа кои дејства биле преземени и дали институциите (МВР и УБК н.з.) од кои се бараат информации соработуваат?

„Јавното обвинителство одговори на ова наше барање. Нè извести дека предметите се распоредени на вкупно 23 јавни обвинители и дека ЈО располага со потребниот капацитет за спроведување на истрагите.

На второто и на третото прашање не добивме одговор. Од ЈО беше напомнато дека нема да сподели детали заради заштита на тајноста на истражната постапка и дека соработува со сите органи на прогонот, како и со сите физички и правни лица и дека таа соработка се одвива непречено и во континуитет“, се вели во соопштението на платформата.

Оттаму напоменуваат дека на работата на Јавното обвинителство се однесува и една од препораките од извештајот на Рајнхард Прибе, во која се наведува: „Истрагите и кривичните гонења треба да бидат под секој сомнеж во врска со нивната непристрасност и еднаквиот третман на секое лице под истрага. Ова го вклучува и времетраењето на истрагите и интензитетот со кои тие се спроведуваат.“

„Транспарентноста на Јавното обвинителство е битен услов во борбата со корупцијата и во градењето доверба во институциите. Нецелосните одговори со кои се избегнува изнесувањето на информации кои не можат да наштетат на текот на истрагата ја прават оваа постапка нетранспарентна. Истовремено, ЈО со своето однесување отвора простор за сомнеж околу својата независност во постапувањето, посветеноста на истрагата, како и околу бројот и интензитетот на истражните дејства што се преземаат во нејзиниот тек“.

Според договорот што пред два дена го постигаа лидерите на политичките партии, се предвидува формирање специјален јавен обвинител, чија задача ќе биде да ги истражи токму наводите од прислушуваните телефонски разговори, што ги објави опозицијата, кои упатуваат на можни злоупотреби и на коруптивни зделки на државни и владини функционери.

Сепак, нејасен останува институционалниот формат во кој ќе функционира овој специјален обвинител.

Според објаснувањата што ги дадоа потписиниците на протоколот на договорот од 2 јуни, од опозицијата, специјалниот обвинител ќе функционира целосно независно, надвор од јурисдикцијата на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Позицијата на специјалниот јавен обвинител, актерите на политичкиот договор ќе треба дополнително да ја објаснат бидејќи, според законите, но и според Уставот на државата, единствено јавното обвинителство има мандант и можност да води истраги за кривични дела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...