fbpx
Таг: Антикорупциска комисија

таг: Антикорупциска комисија

Антикорупциска: Со субвенциите за велосипеди и клима уреди не е прекршен Изборниот законик

Фото: Борче Поповски
Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) на денешната седница одби 8 од 9 приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, за прекршување на Изборниот законик и Законот за спречување на корупција. За приговорот во однос на злоупотреба на имот во сопственост на Општина Шуто Оризари за одржување прес-конференција од страна на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, ДКСК побара дополнителни информации од локалната самоуправа за...

Антикорупциска објави список на службени возила што не смеат да се користат во кампањата

Државната комисија за спречување на корупцијата (Антикорупциска), на својата веб страница објави електронска пријава која ќе можат да ја пополнат сите граѓани кои ќе сакаат да пријават злоупотреби во текот на изборната кампања, но и список на службени возила што не смеат да се користат во изборна кампања. Целта е да се спречи злоупотреба на државни средства за партиските кампањи. -...

Во Антикорупциска засукаа ракави, но не знаат од каде попрво да почнат

Новиот состав на Антикорупциска (Државна комисија за спречување на корупција - ДКСК) денеска почна со работа, но сè уште без дефиниран приоритет, туку ќе се разгледаат сите случаи, па тогаш новите антикорупционери ќе решат по кој редослед ќе ги решаваат. Како што објасни претседателката Билјана Ивановска, за новата комисија сите случаи се подеднакво важни, пренесува „Порталб“. - Ќе ги разгледаме сите...

„Транспаренси“ го честиташе транспарентниот избор на новите антикорупционери

Транспаренси Интернешенел Македонија (ТИМ) му честита на Собранието „за ефикасното спроведување на постапката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата“ и на претседателката Билјана Ивановска и на другите членови им посака  успешна работа во справувањето со корупцијата „како еден од најголемите проблеми кој го нагризува македонско општество“. - Ја добивте довербата во една транспарентна...

Новите членови на Антикорупциска комисија дадоа свечена изјава во Собранието

Новоизбраните членови на Државната комисија за спречување на корупцијата попладнево во Собранието дадоа свечена изјава. Тие беа избрани претходно на пленарна седница со 65 гласа „за“, 10 воздржани и ниту еден глас против. Претседателка на Комисијата е Билјана Ивановска, а членови се Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Салаи Шемши. Новите антикорупционери имаат мандат од пет години,...

Изборот на новите антикорупционери денеска на комисија, па на собраниска пленарка

Во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе се утврди предлог-листата за именување на претседател и членови на Државната  комисија за спречување на корупцијата, односно за новите антикорупционери. Потоа таа листа ќе оди на гласање во Собранието. Во Законодавно-правната комисија ќе се дискутира и за предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за класифицирани информации, по...

Џафери: Подготвен сум да бидам и претседател на државата доколку на изборите нема цензус

Претседателските избори најверојатно ќе бидат распишани на 8 февруари, а ќе се одржат на 21 април првиот круг и на 5 мај вториот круг, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешниот брифинг за новинари. - Собранието е подготвено за избори и ќе работи се до почетокот на кампањата за избори, за пратениците да не тераат кампања во законодавниот дом...

Со помали глоби „поуспешно“ против корупцијата

Целосно новиот главен антикорупциски закон, и покрај значителните измени на подобро во однос на досегашниот, е со вградени фалинки добиени при последната амандманска расправа, особено во делот политички партии и незаконско финансирање. Зачудува и генерално намалената прекршочна политика, со значително помали суми за прекршоци од овој закон, пишува „Вистиномер“. Собранието на Република Македонија на 17.01.2019 година со 81 глас за...

По договорот вчера, пратениците денеска ќе гласаат за законот за Антикорупциска

Собранието денеска во 16 часот треба да гласа за Предлог на закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по скратена постапка, односно за законот за ново уредување и ингеренции на Државната комисија за спречување корупција (Антикорупциска). Проблемот околу давањето директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, откако владиното мнозинство и опозицијата вчера се усогласија, па...

Законот за спречување корупција го мина првото собраниско читање

Собранието на денешната 66-та седница го усвои предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, во прво читање. Законот предвидува нови, зголемени надлежности на Државната комисија за спречување на корупцијата, но и нови, многу построги критериуми за избор на нејзини членови. За законот гласаа само пратениците од власта, додека пратениците од опозицијата се против новиот закон, а особено против...

Собранието е институција која е најмалку вклучена во борбата против корупцијата

Собранието како орган досега најмалку беше вклучено во борбата против корупцијата, смета Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнел -Македонија“ и прва претседателка на Антикорупциската комисија. Со слична констатација е и пратеникот Павле Богоевски, кој вели дека иако законодавниот дом има надлежности врз законите и врз изборот на членови на Државната комисија за спречување корупција (Антикорупциска), како и надзорна функција...

Пејовска Дојчиновска: Видовте како не треба, направете успешна Антикорупциска

Успешна Антикорупциска комисија прават повеќе компоненти добра правна рамка, членови со висок интегритет, знаење и одважност, и стручна служба со ресурси. Сево ова може да го реши Собранието, ако го исклучи партискиот ракурс, порача Софка Пејовска Дојчиновска, поранешен генерален секретер на Секретаријатот на Државната комисија за спречување корупција, на конференцијата „Итни приоритетски реформи: Јакнење на институционалната рамка во борбата...

Додека се гради нов антикорупциски систем, Македонија „се снаоѓа“

МВР, кое треба да гони корупција, е разорена институција и и треба реформа, тврди Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи. Антикорупциската комисија, со години обвинувана за партизираност, и формално не функционира од крајот на март. По две кривични пријави за примање и за давање поткуп бил резултатот на Македонија во борбата против корупцијата минатата година, покажуваат податоците на МВР. Тоа...

Нови 3.000 предмети ја чекаат новата Антикорупциска комисија

Речиси 3.000 нови барања, пријави и обрасци стигнале на адресата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од март, кога таа формално го изгуби мандатот да постапува по предметите, до крајот на септември. Поради бројни нерегуларности во работата на последниот состав на Антикорупциската комисија, Собранието на 19 март разреши пет од седумте членови на Комисијата, со што таа...

Секоја година ќе се проверува имотот на членовите на Антикорупциската комисија

Со новиот закон за изменување на Законот за спречување на корупцијата, кој од денеска е на јавна расправа, ќе се зајакне Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и поефикасна борба против корупцијата, соопшти министерката за правда Рената Дескоска, презентирајќи ги предложените измени. Се предвидува во иднина и нотарите и извршителите да поднесуваат Анкетен лист до Антикорупциска и до Управата...

Јанкулоска влијаела Антикорупциска да отвори предмет за имотот на Јасна Црвенковска

Дел од прислушуваните разговори кои денеска беа објавени на рочиштето за случајот „Титаник“ на СЈО, покажуваат дека Мартин Протоѓер за време на изборната кампања во 2011 година и наложува на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да провери дали сопругата на тогашниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, има куќа на хрватскиот остров Корчула. „Ова е многу важно, ќе направи...

ГРЕКО: Македонија не напреднала во спречувањето корупција на пратениците и судиите

Во својот втор извештај за усогласеност, објавен денеска, ГРЕКО (Група на земји против корупцијата), организација што функционира во рамките на Советот на Европа порача дека „Поранешна југословенска република Македонија не направила суштински напредок во спроведување на препораките за спречување корупција меѓу пратениците, судиите и обвинителите.“ Извештајот за усогласеност е направен според Ситуацискиот извештај со дополнителни информации за спроведувањето на 19-те...

Граѓанските организации со повеќе предлози до Владата за борба против корупција

Од софтверски алатки за следење на регуларноста на јавните електронски наддавања преку испитување на работата на државниот правобранител до забрзување на некои законски реформи и јакнење на интегритетот на функционерите, службениците и институциите, беа дел од иницијативите што десетина граѓански организации денеска ги презентираа пред повеќе министри и претставници од Секторот за односи со јавноста во Владата. На вториот отворен...

Министерката за правда најави нов модел на антикорупциска комисија

Во Министерството за правда е формирана работна група којашто работи на измените на Законот за спречување корупција, а наскоро се очекува и нов модел на aнтикорпуциска комисија, соопшти министерката за правда Рената Дескоска на Втората сесија на Работната група – III (Првосудство и основни права - Поглавјето 23) од Националната конвенција за Европска унија во Република Македонија (НКЕУ-МК) која...

Граѓански организации бараат построги услови за работата на Антикорупциската комисија

Антикорупциската комисија покажа дека е неефикасна и дека не го штити јавниот интерес, затоа е неопходно да се зајакнат капацитетите на ова тело, подобро да се дефинираат правилата за избор на неговите членови, како и да се засили стручната служба, сугерираат од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. Како што беше кажано на денешната презентација во Скопје на...

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...