Новите членови на Антикорупциска комисија дадоа свечена изјава во Собранието

-

Новоизбраните членови на Државната комисија за спречување на корупцијата попладнево во Собранието дадоа свечена изјава.

Тие беа избрани претходно на пленарна седница со 65 гласа „за“, 10 воздржани и ниту еден глас против.

Претседателка на Комисијата е Билјана Ивановска, а членови се Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Салаи Шемши.

Новите антикорупционери имаат мандат од пет години, а согласно новите овластувања ќе го следат и претстојниот изборен процес во делот на финансирање на политичките партии.

Пратеникот Мухамед Зеќири смета дека е добиено „професионално, стручно, целосно независно и зајакнато тело за борба против корупцијата.“

„Изборот на кандидатите беше направен преку најтранспарентниот процес досега. Во процесот на селекција, покрај условите за стручност, искуство и апсолутно никаква поврзаност со политички партии, кандидатите беа избрани преку јавни интервјуа, во кои покрај Комисијата за селекција, учествуваа и експерти, новинари, претставници на невладиниот сектор.Новиот Закон за борба против корупцијата и судир на интереси предвидува проширени надлежности на Антикорупциската комисија, како и зајакнати механизми кои ќе им овозможат поефикасна работа“, изјави Зеќири.

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за донесување на...

Српската полиција физички се пресмета со студентите во Нови Сад

Денеска пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад ескалираше тензијата кога група студенти во блокада и граѓани кои протестираат веќе подолг период, го блокираа влезот на факултетот, спречувајќи...

Јавното обвинителство ги поканува на средба претставниците на семејствата кои утре ќе излезат на „Маршот на Ангелите“

Јавното обвинителство ги поканува на средба сите претставници на семејствата на жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во текот на утрешниот најавен протест. Од обвинителството на средбата би сакале...

На 25 мај хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа“ со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, информираат оттаму. - „На...

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска организираше тркалезна маса на тема „Дали е потребен Закон за Уставниот суд?“, со што официјално ја отвори јавната дебата за можноста за...