fbpx

Спасовски: Антикорупциска покажа дека е само инсталација на партијата на власт

-

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска ги отфрли заклучоците на Државната комисија за спречување корупција. Тој тврди дека сите распоредувања извршени во МВР, а кои се потпишани од него, се направени во согласност со измените на Законот за Влада и пред донесувањето на одлуката за распишување на предвремените парламентарни избори.

– Во согласност со член 44 од измените на Законот за влада, министерот за внатрешни работи има право да изврши најмногу 15 распоредувања и разрешувања на пониски и на повисоки позиции во МВР и хоризонтални распоредувања од 10 отсто од вкупниот број хоризонтални распоредувања извршени во 2013 и во 2014 година. Ова се единствените решенија за распоредување извршени во МВР и кои се во целосна согласност со законските одредби – рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи посочи дека заради нормално функционирање на МВР и поради недостиг од службеници во одредени единици на министерството, тој потпишува наредби за дополнување на бројот на работници на местата каде тие се потребни. Сепак, тој истакна дека овие наредби не претставуваат решенија за распоредување.

– Тоа е законско право на министерот, кое е регулирано со Законот за внатрешни работи. Такви наредби кај мене пристигнуваат секојдневно и тие се донесуваат за министерството да може нормално да функционира и да не биде доведена во прашање безбедноста на државата и на граѓаните – рече Спасовски, покажувајќи ги, како што рече, наредбите што денеска стигнале за потпис, а се однесуваат на пополнување работни места за полициски службеници во Гевгелија и во Табановце.

Спасовски изјави дека е жално што Државната комисија за спречување корупција „уште еднаш покажува дека не презема ништо за спречување на корупцијата“ и дека е „само инсталација на партијата на власт“.

– Државната комисија за спречување корупција не поведува постапки за корупцијата во државните органи и против државни функционери, иако имавме можност да слушнеме какви сè дејства имало во нив. Уште еднаш се покажува дека во време на избори, антикорупциската комисија е инсталација на партијата на власт, која има цел да ја манипулира јавноста, а станува збор за институција која е финансирана од граѓаните на Македонија – рече Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...