fbpx
Таг: анкета

таг: анкета

Анкета: Третина од граѓаните не му веруваат на ниту еден политичар

ulica Makedonija Stara Zheleznichka stanica lugje toplo minuvachi
Дури 30,1 отсто од граѓаните немаат доверба во ниту еден политичар, а од оние што сепак им веруваат на политичарите, најголем дел (18,3 отсто ) се определиле за премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Втор „по популарност“ е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со 11,7 отсто, а на третото место е избеганиот поранешен премиер и поранешен шеф на ВМРО-ДПМНЕ,...

Мнозинството граѓани главно незадоволни од работата на Владата

Мнозинството граѓани даваат негативна оценка на работата на Владата генерално во изминатите две години, но и во некои приоритетни подрачја, како реформите и борбата против корупцијата и криминалот, покажува новото истражување на јавното мислење што го спроведе агенцијата „М-Проспект“ од Скопје. Анкетата, спроведена со национално репрезентативен примерок од 1.000 испитаници, со статистичка грешка од 3,15 отсто и прифатливо ниво на...

ИРИ: Мнозинството од граѓаните повеќе се ориентирани кон Западот

Жителите на земјава, но и на Србија и на БиХ не се чуствуваат како да припаѓаат ниту на Истокот ниту на Западот, но сепак во голем дел ги преферираат западните сојузи, покажа новата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Доколку утре се одржи референдум за членство во Европската Унија, мнозинството од граѓаните на Република Северна Македонија (69%) би гласале „за“,...

Патниците му дале тројка на квалитетот на услугите во македонските возови

Foto: Borče Popovski
Патниците во македонски возови оцениле дека лани се подобриле условите за патување со воз во споредба со 2017 година. Квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните при патувањето со возовите на Железници на РСМ - Транспорт е 3,01, се наведува во Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2018 година. Спроведената анкета меѓу патниците...

Анкета: Граѓаните и натаму се многу незадоволни од работата на јавната администрација

Дури 44,4 отсто испитаници во новата анкета на Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и на „ЕвроТинк“ - Центар за европски стратегии, како лоша ја оцениле работата на јавната администрација во земјава. Ова беше соопштено на денешната презентација на истражувањето на ставот на граѓаните за работата на административците. Од анкетатата спроведена преку телефон во периодот 16 февруари - 7 март...

Анкета: Пендаровски го зголемил водството на 3,7 отсто пред Сиљановска

Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ, е во благо водство (27,2%) пред Гордана Сиљановска Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ (23,5%), односно разликата е 3,7 процентни поени. Со ова се потврдува ставот дека се работи за изедначена трка, иако Пендаровски во меѓувреме, од претходната анкета, го зголемил водството од 2,6 на 3,7 процентни поени. Ова го покажаа резултатите од истражувањето...

Истражување: Младите многу малку внимателно читаат и размислуваат

Поголем дел од младите имаат релативно добри познавања и вложуваат соодветни напори да откријат дали некоја вест или друга медиумска содржина содржи дезинформација, но испитувањето на нивната способност за логичко размислување и внимателно читање покажуваат дека само 1 од 100 ги исполнува критериумите за такво нешто. Тоа го покажа новото истражување спроведено преку проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска...

Анкета на ИПДВ: Албанската опозиција ѝ дише во врат на ДУИ

Доколку заедно со претседателските избори би се одржале и парламентарни избори, ДУИ меѓу етничките Албанци би имала највисок рејтинг од 18,8 отсто, покажува анкетата на Институтот за истражување на политики и добро владеење (ИПДВ). Потоа следува Алијансата за Албанците за која би се одлучиле 14,2 проценти од анектираните. БЕСА на Африм Гаши (сега под името Алтернатива) и БЕСА на Билал...

Грчкиот парламент во жешка атмосфера попладнево гласа за договорот за името

Иако во грчкиот парламент требаше да се гласа ноќеска за ратификација на Преспанскиот договор, постапката се развлече поради огромниот број пријавени пратеници за збор, поради што најверојатно за ратификацијата ќе се гласа денеска околу 14.30 часот по локално време. Сè уште е неизвесно каков ќе биде исходот, оти последните анкети во Грција покажуваат сериозна предност на опозициската Нова Демократија, која...

Анкета на „Факултети“: 83,7 отсто кога би можеле би се отселиле од Македонија

Анкетата на порталот „Факултети.мк“ со прашањето „Кога би можеле, дали би заминале од Македонија?“ покажала поразителни резултати. Дури 83,7 отсто од испитаниците би си заминале од Македонија кога би имале шанса. Анкетата била отворена пред две недели, а на прашалникот анонимно одговориле вкупно 1.474 читатели. Порталот добил различни одговори од читателите за земјата каде што би се преселиле, а најчести...

Анкета: Заев со највисок рејтинг, СДСМ има најмногу доверба кај Албанците

Мнозинство од граѓаните, односно 66,9 отсто се против амнестија, а 58,9 отсто се против предвремени избори покажува најновата анкета на телевизија „Телма“ и невладината МЦМС. Што се однесува до амнестија за обвинетите и учесниците во настаните од 27 Април во Собранието, 57,8 отсто не се согласуваат со амнестија, 37 проценти се согласуваат. Анкетата покажува дека премиерот Зоран Заев е во убедливо...

Нова демократија води со 10 отсто пред СИРИЗА на најновата анкета

Опаѓа рејтингот на СИРИЗА на Алексис Ципрас на најновите анкети. Според сондажата на компанијата „Интервју“ опозициската Нова Демократија е грчка политичка партија со 30,9 отсто, додека партијата на Ципрас доби 21,3 отсто. Анкетата е правена со прашањето „За која партија би гласале ако следната недела се одржат општи парламентарни избори?“. Зад двете први партии се Златна зора со 7,2 отсто, Комунистичката...

Димески: Законите најчесто се носат без проценка на финансиските импликации

Граѓаните и деловниот сектор во Македонија постојано укажуваат на честите промени на законската регулатива и усвојување нови закони кои наметнуваат скриени трошоци. Искуствата покажуваат дека надлежните институции кои се јавуваат како предлагачи на законите не подготвуваат проценка за влијанието на регулативата и не земаат предвид какви ефекти ќе предизвикаат новите одредби во општеството. Како да се подобри оваа состојба...

ИФИМЕС: На референдумот нема да излезат 17,4 отсто од граѓаните

Вкупно 63,6 отсто од граѓаните на Македонија ќе учествуваат на претстојниот референдум, а 67,3 проценти се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот од Преспа. На референдумот нема да излезат 17,4 отсто од граѓаните, додека 16,4 отсто не се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција, покажува испитувањето на јавното мислење...

Анкета на ИРИ: Голема поддршка за ЕУ и НАТО пред референдумот

Новата анкета спроведена од Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) открива дека во Македобија постои високo ниво на  оптимизам и поддршка за членство во Европска Унија (ЕУ) и Северно-атлантската алијанса (НАТО) пред референдумот на 30 септември. Според анкетата, поголемиот дел од македонските граѓани се за решавање на спорот за името со Грција. Вкупно 57 проценти „целосно или...

Анкета на МЦМС: Само 0,4 отсто предност на владејачката СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и се доближила на владејачката СДСМ во рејтингот, па доколку утре има парламентарни избори за СДСМ би гласале 24,4 отсто од граѓаните, а за ВМРО-ДПМНЕ само 0,4 отсто помалку односно 24 отсто, покажува анкетата на МЦМС. За ДУИ би се одлучиле 6,9 проценти од анкетираните, за Алијанса за Албанците 2,7 отсто, за Беса 1,7 отсто, а „не знам“...

Анкета на МЦМС: Повеќето граѓани би гласале за Договорот со Грција

На референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“, „За“ би гласале 41,5%, а „Против“ - 35,1%, односно разликата е 6,4 процентни поени. Ова го покажа испитувањето на јавното мислење кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект во периодот од 24 јули до 1 август. Сепак, помалку Македонци...

63,8 отсто од Грците негативно го оценуваат Договорот од Преспа

Речиси 7 од 10 Грци негативно го оценуваат Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, покажува истражувањето на агенцијата МРБ спроведено меѓу 22 и 29 јуни годинава, преку директни интервјуа со вклучени 2.000 граѓани со право на глас. На прашањето „Врз основа на она што го знаете, она што го имате слушнато, што го имате прочитано, како во целост го оценувате договорот...

Договорот од Преспа проблематичен за 62 отсто од Грците

Со негативен или претежно негативен став кон Договорот од Преспа со кој владите на Грција и Македонија сакаат да го надминат спорот, се 62 отсто од Грците, покажа новата анкета што за грчката телевизија „Скај“ била спроведена од агенцијата „Pulse“. На прашањето „Од она што го имате слушнато и го знаете, лично вие, како го оценувате Договорот што Владата го...

Анкета: Заев води со 24,1 отсто, Мицкоски со само 2,9 отсто, Груевски со огромен пад

Ако утре се одржат избори СДСМ би добил најмногу гласови односно за таа партија би гласале 25,5 проценти од граѓаните, а за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,6 проценти, покажува анкетата на телевизија „Телма“ и невладината МЦМС. Во албанскиот политички блок води ДУИ со 7,4 процент, за Алијанса на Албанците се определиле 2,9 проценти, а за БЕСА – без разграничување кое од...

Германската влада не признала дека пандемијата на ковид-19 била лажна

Германската влада не „признала“ дека нема пандемија на корона вирус, спротивно на тврдењето во објавата што ја анализираме, а која се темели на погрешно прикажување на документите од Институтот...