ИРИ: Мнозинството од граѓаните повеќе се ориентирани кон Западот

-

Жителите на земјава, но и на Србија и на БиХ не се чуствуваат како да припаѓаат ниту на Истокот ниту на Западот, но сепак во голем дел ги преферираат западните сојузи, покажа новата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Доколку утре се одржи референдум за членство во Европската Унија, мнозинството од граѓаните на Република Северна Македонија (69%) би гласале „за“, покажуваат резултатите од последното регионално истражување. Истовремено, мнозинството од граѓаните на државава одговориле дека гледаат позитивно и на НАТО алијансата, односно вкупно 73 отсто, од кои 28 отсто многу позитивно, а 45 отсто донекаде позитивно.

Сепак, постои големо расположение за понатамошен поголем ангажман на Западот, кое што населението во Западен Балкан, го поврзува со просперитетот, па зачленување во ЕУ поддржуваат 68 отсто од граѓаните на земјава. За разлика од тоа, само 50 отсто од граѓаните на Србија се за ЕУ, наспроти 72 отсто од граѓаните на БиХ и 85 отсто од граѓаните на Косово. Поддршката за соработка со НАТО, пак, во Косово изнесува 91 отсто, во Северна Македонија 87 отсто, во БиХ 67 отсто, а во Србија 49 отсто.

Регионалното истражување на јавното мислење, кое беше презентирано денеска, е спроведено во втората половина на ноември 2018 година во Косово, Србија, Босна и Херцеговина и во Северна Македонија. Во делот кој се спроведувал во Р.С. Македонија, преку лични интервјуа на прашањата одговарале 1.026 полнолетни граѓани како репрезентативен примерок, а маргината на грешка е +/- 3,21 %.

Во однос на правецот во кој се движи земјава, 46 отсто од граѓаните сметаат дека таа оди во погрешен правец, додека 39 отсто одговориле позитивно, а 15 отсто одбиле да одговорат.

Од друга страна, дури 79 отсто од испитаниците во Р.С. Македонија одговориле дека денешната генерација на млади немаат добра иднина во земјата, додека 16 отсто сметаат дека имаат, а 5 отсто одбиле да одговорат.

На прашањето дали би гласале ако оваа недела се одржат парламентарни избори, 52 отсто од испитаниците во Р.С. Македонија одговориле дека би гласале со сигурност, додека 19 отсто рекле дека најверојатно ќе гласаат.

На прашањето за која партија би гласале, од оние што рекле дека ќе гласаат 36 отсто одговориле дека би гласале за СДСМ и коалицијата, 35 отсто за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, 13 отсто за ДУИ, 6 отсто за Алијанса за Албанците, 3 отсто за ДПА, 3 отсто за БЕСА на Касами, а 2 отсто за БЕСА на Гаши.

Карактеристично е тоа што 40 отсто од испитаниците во Р.С. Македонија сметаат дека големите медиуми во земјата се обидуваат да бидат професионални и непристрасни, но нивниот поглед на светот ги спречува да известуваат за целосната слика. Други 32 отсто од испитаниците, пак сметаат дека големите медиуми не се заинтересирани за фактично и точно информирање, туку се фокусирани на пропагирање позиции кои служат на нечиви интереси. Само 21 отсто сметаат дека големите медиуми се професионални и непристрасни.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...