fbpx

Мнозинството граѓани главно незадоволни од работата на Владата

-

Мнозинството граѓани даваат негативна оценка на работата на Владата генерално во изминатите две години, но и во некои приоритетни подрачја, како реформите и борбата против корупцијата и криминалот, покажува новото истражување на јавното мислење што го спроведе агенцијата „М-Проспект“ од Скопје.

Анкетата, спроведена со национално репрезентативен примерок од 1.000 испитаници, со статистичка грешка од 3,15 отсто и прифатливо ниво на доверба од 95 отсто, покажала дека 51,3 отсто од испитаниците не ја одобруваат работата на Владата, а 43,8 отсто дале позитивна оценка. Притоа има значителна разлика во ставот на етничките Македонци и Албанци. Така, 53,7 отсто од Албанците ја одобруваат работата на Владата, додека кај Македонците со таков став бројката е многу помала 39,8 отсто. Секој трет етнички Македонец, односно 36,3 отсто од испитаниците, воопшто не ја одобрува работата на Владата.

Во поглед на надворешната политика на Владата, 45 отсто од испитаниците ја одобруваат, наспроти 51 проценти кои не ја одобруваат. Надврешната политика е повеќе одобрена од етничките Албанци (62,2 отсто) отколку од етничките Македонци (39,6 отсто).

Владините постигања во поглед на економијата и отворањето нови работни места исто така добива главно негативна оценка, односно 56 отсто се изразиле негативно, за 37,6 отсто позитивно.

Уште полоша е оценката на граѓаните за борбата против корупцијата и криминалот. Така 59,2 отсто ја одобруваат работата на Владата во поглед на борбата против корупцијата и криминалот. Позитивно пак се изјасниле 34,9 отсто.

Како најпопуларно се покажало Министерството за надворешни работи, за кое 9,5 отсто од испитаниците било избрано како минситерство што најдобро си ја работи работата. Второ по популарност е Министерството за труд и социјална политика, со 7,8 отсто. Следи МВР со 5,7 отсто, па Министерството за економија, со 5,1 отсто.

Сепак скоро четвртина (23,1 отсто) немаат оформен став за ова прашање, а 8,3 проценти одбиле да одговорат. Најлоша оценка добило Министерството за здравство, за кое 16,8 отсто се изразиле негативно, а второ на негативната листа е Министерството за економија, со 6,3 отсто.

Во поглед на Специјалното јавно обвинителство, 57,1 отсто од испитаниците немаат доверба, а 37,5 отсто имаат. Разделено по националност, 52,6 отсто од етничките Албанци имаат доверба во СЈО, а само 32,2 отсто од етничките Македонци го споделуваат тој став.

Анкетата е спроведена теренски во периодот од 15 мај до 7 јуни.
.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...