недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Агим Нухиу | 33 резултати

Нухиу: МВР со активности за спречување на странски борци кои сакаат да вршат напади

октомври 16, 2018

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу учествува на меѓународна конференција „Профилирање и идентификација на странски борци-повратници“, што во организација на МВР и мисијата на ОБСЕ денеска и во наредните три дена се одржува во Охрид. – Странските борци се поврзуваат со меѓународните терористички мрежи и поради тоа се сметаат за терористичка закана по враќањето во нивната […]

Земјите од ЈИЕ заеднички ќе го контролираат малото и лесно оружје

февруари 2, 2018

Замениците-министри за внатрешни и надворешни работи на земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) изразија решителност во иднина заеднички да работат на контролата на малото оружје и лесното вооружување во регионот. Оваа обврска е наведена во заедничката изјава усвоена на регионалната конференција на високо ниво „Јакнење на обврските за контрола на малото оружје и лесното вооружување во […]

Нухиу: Ќе се гони секој прекршител на законот дури и ако е полицаец или функционер

јануари 1, 2018

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска при работната посета на Полициската станица Гостивар порача дека годинава ќе се води остра борба со криминалот и со корупцијата и притоа нема да бидат поштедени ниту полицајците ниту луѓето од државната управа. – Сакам да го повторам ставот дека ќе имаме нов и поагресивен пристап во борбата […]

ДУИ и ДР-ДПА ги објавија кандидатите за заменици-министри во Владата

јуни 12, 2017

ДУИ ги објави имињата на кандидатите за заменици-министри во Владата. Агим Нухиу се предлага за заменик-министер во Министерството за внатрешни работи, за заменик-министер за одбрана се предлага Беким Максути, за заменик-министер за образование – Висар Ганиу и за заменик-министер за финансии – Ширете Елези. Имињата на кандидатите за заменици-министри на ДУИ ги објави вицепремиерот за европски прашања, Бујар […]

Иванов бара Нухиу да ја појасни изјавата за сценарио за воена состојба

мај 12, 2017

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов попладнево го повика министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, да ги појасни податоците и информациите искажани вчера во интервју за телевизија „Алсат-М“ за постоење на сценарио кое би послужило како повод за прогласување на воена (член 124 од Уставот на Република Македонија) или вонредна состојба (член 125 од Уставот на […]

Спасовски: Мора да се бара командна одговорност во МВР за настаните во Собранието

мај 12, 2017

„Покрај соодветни постапки за насилниците што влегоа во Собранието, мора да се бара и сериозна командна одговорност и во МВР и за сите припадници што не постапувале и кои не биле во функција на заштита на овие објекти од витално значење на Македонија и во заштита на животот и на здравјето на пратениците во Собранието“, порача пратеникот […]

Нухиу: Системот за снимање на командите во МВР не функционирал од 2014 година

мај 11, 2017

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, во интервју во емисијата „Патот кон…“ на „Алсат М“,  открива дека во МВР , уште пред три години, не функционирал системот за снимање на командите. – Побарав да се направи увид и проценка дали се снимени сите команди што се издадени преку тетра-системот. Повикав експерт од Германија и тој […]

МВР потврди: Внатрешната контрола суспендира петмина поради инцидентите во Собранието

мај 11, 2017

Петмина вработени во МВР се привремено оддалечени од работните места, односно суспендирани, во врска со инцидентите во Собранието на 27 април, потврдија од МВР за „Мета“. Мерката е изречена од одделението за внатрешна контрола на МВР, а не од работната група формирана од министерот Агим Нухиу за расчистување на настаните во Собранието, нагласија од одделот за […]

Нухиу: Што поскоро полицијата да се стави во служба на сите граѓани и на државата

мај 8, 2017

Министерството за внатрешни работи денеска во кругот на објектот на МВР со пригодна свеченост го одбележа 7 Мај, Денот на македонската полиција. На свеченоста присуствуваа министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, директорите на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање, Митко Чавков и Владмир Атанасовски, и други високи функционери на МВР, […]

Нухиу поднел барање до Владата да се разреши Митко Чавков од БЈБ

мај 3, 2017

Враќање назад нема, работите мора да се расчистат докрај и секој ќе одговора за своите постапки, порача министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на денешната прес-конференција во МВР, на која соопшти дека до Владата поднел барање да се разреши Митко Чавков од функцијата директор на Бирото за јавна безбедност, и порача дека формирал оперативен штаб што […]

Нухиу: МВР и Чавков се одговорни за нередите во Собранието, јас се повлекувам

април 28, 2017

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, ги осуди настаните што се случија во Собранието и рече дека дел од структурите на Министерството не си ја завршиле работата за што ќе мора да одговараат. Тој вели дека како министер инсистирал да се формира оперативен штаб уште кога почнале протестите, а во него биле вклучени раководни лица од […]

Нухиу: МВР има капацитет за одржување на јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните

март 16, 2017

Министерството за внатрешни работи има капацитети и е максимално посветено на одржувањето на јавниот ред и мир и на безбедноста и сигурноста на граѓаните. Ова, осврнувајќи се на актуелната ситуација во земјава, денеска го истакнал министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на средбата со претставниците на комисијата за избори, имунитет и деловничко уредување на германскиот Бундестаг, […]

Кривична пријава за еден осомничен напаѓач на новинарот и на снимателот на „А1он“

март 9, 2017

СВР Скопје вчера поднесе кривична пријава за насилство против еден осомничен напаѓач на новинарската екипа на порталот „А1он“, а постапката е во тек и можно е во наредните денови кривичната пријава да се дополни со нови факти и докази и против други осомничени, соопшти министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на конференцијата за медиумите по […]

Заменик-командир спречил полицаец да фати еден од напаѓачите на новинарите

март 4, 2017

Заменик-командир на полициска единица во состав на СВР Скопје спречил колега – полицаец во обидот да фати еден од насилниците кои ја нападнаа новинарската екипа на порталот „А1он“, додека известуваше од протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, објави „Телма“, повикувајќи се на полициски извори. Полицаецот, според информациите, подготвил и службена белешка за настанот. По […]

Чавков треба да нареди поголемо полициско обезбедување на протестите

март 1, 2017

На денешната прес-конференција на МВР не беше даден конкретен одговор дали на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ ќе има зголемено полициско обезбедување, по вчерашниот инцидент во кој беше нападната новинарската екипа на порталот „А1он“. Инаку, според организациската поставеност во МВР, полициското присуство и обезбедувањето протести е под надлежност на Бирото за јавна безбедност […]

МВР повикало 12 лица на распит за нападот врз новинарите

март 1, 2017

Министерството за внатрешни работи во моментов спроведува „оперативни мерки“ врши информативни разоговори со 12 лица, повразни со вчерашниот напад на новинарската екипа „А1он“. Полицијата, како што соопшти помошник-министерот за односи со јавност на МВР, Јордан Ламановски, сè уште трага по двајцата напаѓачи на новинарите, чиј идентитет засега е непознат. Меѓу лицата со кои се вршат […]

Нухиу побарал дисциплинска постапка против началникот на СВР Охрид за заканите до СЈО

март 1, 2017

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, побарал дисциплинска постапка против началникот на Секторот за внатрешни работи Охрид, Гоце Недески, во врска со заканите кон обвинителите на Специјалното јавно обвинителство, кажани во негово присуство, јавува порталот „СДК“. Во постапката што ја побарал Нухиу, се истражуваат и елементи за сторено кривично дело од страна на началникот на […]

Селмани: Сериозно се сомневаме дека зад нападите на новинари стои Груевски

март 1, 2017

Најодговорно тврдам дека сериозно се сомневаме дека зад овие напади на новинари стои лично Никола Груевски, изјави денеска претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, по средбата со министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, во врска со вчерашниот напад на новинарската екипа на порталот „А1он“ за време на протестот на граѓанската иницијатива „За […]

Министерот Нухиу во Штип ги праша „Како сте“ само муслиманите

февруари 21, 2017

Во време на пладневната молитва во џамијата во Штип, без посебна најави, пристигна министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу. Неговата посета е во рамките на проектот „Како сте“ на МВР, преку кој министерот разговара со граѓаните за нивните проблеми. Нухиу се сретна само со муслиманските верници кои беа на молитва во џамијата. – Продолжуваме со […]

Морнаричките „фоки“ на САД ги обучуваат специјалците на АРМ и на МВР

февруари 13, 2017

Денеска во базата на Единиците за брзо распоредување на МВР во касарната „Ѓорче Петров“ се одржа завршната вежба од обуката на припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи и на Армијата на Република Македонија, што до 31 јануари до денеска ја спроведуваа тимови на специјалната едница на САД – „Фоки“. На вежбата присуствуваа […]

Страна 1 од 2