fbpx
Таг: Агим Нухиу

таг: Агим Нухиу

Нухиу побарал дисциплинска постапка против началникот на СВР Охрид за заканите до СЈО

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, побарал дисциплинска постапка против началникот на Секторот за внатрешни работи Охрид, Гоце Недески, во врска со заканите кон обвинителите на Специјалното јавно обвинителство, кажани во негово присуство, јавува порталот „СДК“. Во постапката што ја побарал Нухиу, се истражуваат и елементи за сторено кривично дело од страна на началникот на СВР Охрид. „Пред две недели добив...

Селмани: Сериозно се сомневаме дека зад нападите на новинари стои Груевски

Најодговорно тврдам дека сериозно се сомневаме дека зад овие напади на новинари стои лично Никола Груевски, изјави денеска претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, по средбата со министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, во врска со вчерашниот напад на новинарската екипа на порталот „А1он“ за време на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје. -...

Министерот Нухиу во Штип ги праша „Како сте“ само муслиманите

Во време на пладневната молитва во џамијата во Штип, без посебна најави, пристигна министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу. Неговата посета е во рамките на проектот „Како сте“ на МВР, преку кој министерот разговара со граѓаните за нивните проблеми. Нухиу се сретна само со муслиманските верници кои беа на молитва во џамијата. - Продолжуваме со проектот „Како сте“ и ги прашуваме...

Морнаричките „фоки“ на САД ги обучуваат специјалците на АРМ и на МВР

Денеска во базата на Единиците за брзо распоредување на МВР во касарната „Ѓорче Петров“ се одржа завршната вежба од обуката на припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи и на Армијата на Република Македонија, што до 31 јануари до денеска ја спроведуваа тимови на специјалната едница на САД - „Фоки“. На вежбата присуствуваа министрите за внатрешни работи и...

Хан ја предаде донацијата од ЕУ на граничната полиција и на ЦУК

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, денеска во Министерството за внатрешни работи ја предаде донацијата од 33 теренски возила наменети за зајакнување и за модернизирање на капацитетите на македонската гранична полиција и на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Хан, во своето обраќање по повод примопредавањето на донацијата, истакна дека таа е силен знак за блиската соработка меѓу „семејството...

ЕУ ќе донира 33 теренски возила за да ни помогне во справувањето со бегалците

Европската Унија ќе ѝ додели 33 теренски возила на Македонија за полесно справување со мигрантите. Примопредавањето на возилата ќе се одржи утре во МВР, со почеток во 10 часот, а на церемонијата ќе присуствуваат еврокомесарот Јоханес Хан, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, како и директорот на Центарот за управување со кризи, Аргон Буџаку. 31 теренско возило ќе бидат дадени на Граничната...

Нухиу: Ако има нова бегалска криза, нашите капацитети нема да бидат доволни

Доколку мигрантската криза се повтори, ќе биде потребно повторно ангажирање на целокупните државни капацитети како и при првиот бран, а многу веројатно и ангажирање на дополнителни капацитети за спречување на илегалното преминување на државната граница на Република Македонија. Ова денеска го истакнал министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на Конференцијата на министрите за внатрешни работи и за одбрана во рамките...

Алтхаузер – Нухиу: Создавањето правна држава е главен столб за развој

Германската влада на Министерството за внатрешни работи на Македонија му донираше опрема за потребите на граничната полиција. Договорот за примопредавање на опремата денеска во МВР го потпишаа министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, и амбасадорката на Германија во земјава, Кристине Алтхаузер. Станува збор за донација вредна 60.000 евра, а која се состои од четири возила од марката „дачија дастер“ за...

Трајановски, Тодоров и Нухиу го посетија првороденото бебе во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска го посетија првото бебе кое се роди во Новата 2017 година во Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Чаир. Трајановски на мајката Нуредини Рамадан Хикмет и на семејството им ја честиташе Новата година и им подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци. Претходно и...

Нухиу: Ќе се обидам сите граѓани да бидат задоволни од мојата работа

Свесен за периодот во кој ќе раководам со Министерството за внатрешни работи, ќе направам максимални напори со ова решение да бидат задоволни сите граѓани на Македонија, без оглед на нивната национална, верска, партиска и социјална припадност, изјави Агим Нухиу при преземањето на министерската функција од досегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. - Нашето општество има потреба од силна поддршка, како од...

Ибрахим Ибрахими од денеска е нов министер за труд и социјална политика

Досегашниот заменик-министер, Ибрахим Ибрахими, од денеска е нов министер за труд и социјалната политика, по преземањето на функцијата од техничката министерка Фросина Ташевска-Ременски. „Од денеска (29 декември 2016 г.), во согласност со член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија од јули 2016 година, заменик-министерот во Министерството за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими...

Спасовски и официјално си замина од МВР, нов министер е Агим Нухиу

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, и официјално повеќе не е министер за внатрешни работи, откако претпладнево, како што потврдија за „Мета“ од МВР, му ја предал министерската функција на Агим Нухиу, кој досега беше заменик-министер во МВР. Со ова Нухиу, кој е кадар на ДУИ, е првиот Албанец што доаѓа на позицијата министер за внатрешни работи. Со објавувањето на конечните резултати...

Одлуката за патување во Косово со лични карти стапи на сила

Меѓудржавната спогодба на владите на Македонија и на Косово за условите за патување на државјаните на двете земји со лични карти, од денеска официјално стапи на сила. Почетокот на одлуката денеска го означија македонскиот заменик-министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, дополнителниот заменик-министер, Митко Чавков, кои на граничниот премин Блаце се сретнаа со заменик-министерот за внатрешни работи на Косово, Валдет Хоџа. За...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...