Таг: казни

таг: казни

МВР вчера санкционира 201 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи, МВР, информира дека во текот на вчерашниот ден, 3 јануари 2021 година, во Скопје санкционира 210 возачи, од кои 78 за непочитување на брзината на движење. При тоа се изречени вкупно 210 мерки, од кои 78 за управување со брзина поголема од дозволената, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 17 за нерегистрирани и технички...

Новогодишната ноќ помина мирно, граѓаните ги почитувале мерките за заштита од ковид-19

Дочекот на 2021 година во земјава поминал мирно, покажуваат извештаите на здравствените власти и на МВР. Во Ургентниот хируршки центар за време на новогодишната ноќ извршени се десетина прегледи и приеми, споредбено со 30, 40 колку што имало во изминатите години, информираат од Министерството за здравство. Десетина прегледи и приеми се изведени и на Клиниката за токсикологија, исто така многу...

Акциските контроли на МВР во сообраќајот продолжуваат, во ноември за 21 отсто намален бројот на сообраќајки

Засилените акциски контроли во сообраќајот, кои МВР отпочна да ги спроведува во средината на септември, веќе даваат резултати. Во ноември 2020 година има значително намалување на бројот на сообраќајни незгоди, особено на оние со потешки последици. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Мобилната единица за безбедност во сообраќајот. „Анализите покажуваат дека како што...

Усвоени измени на 8 закони од областа на животната средина, казните ќе се зголемат до 20 пати

Владата денеска ги усвои предлозите за измени и дополнувања од Министерството за животна средина и просторно планирање во 8 закони од областа животна средина:  Законот за квалитет на амбиентен воздух, за животна средина, за заштита на природата, за водите, за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, за планински патеки, за заштита од бучава и...

Минатиот месец изречени над 18.500 казни за неносење заштитна маска на лицето

Изминатиот месец и натаму се бележат високи троцифрени и четирицифрени бројки на нови случаи со ковид-19. Заштитната маска на лицето како превенција од вирусот и негово ширење задолжителна е и на отворено, но сепак се регистрираат прекршоци. Полициските службеници минатиот месец регистрирале 18.540 лица кои не носеле заштитна маска низ градовите во земјава. Во октомври пак, беа регистрирани 23.981 прекршок...

МВР: Вчера биле санкционирани 281 возач во Скопје, од кои 144 во Општина Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени биле вкупно 281 мерка, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 16 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 9 санкции за управување под дејство на алкохол. Изречени биле 52 мерки за...

Измените на Кривичниот законик да функционираат во пракса, за напаѓачите на новинарите да се казнат

Само преку конкретни измени на Кривичниот законик со давање на надлежност на обвинителството да постапуваат по службена должност и преку зголемување на казните кон напаѓачите, системски ќе се подобри безбедноста и политиката на неказнивост кон новинарите и медиумските работници. Ова е главниот заклучок на вебинарот на тема „Изменување и дополнување на Кривичниот законик: Решение за зајакнување на безбедноста на новинарите“...

МВР вчера регистрира 685 прекршоци за неносење маски; сакционирани 256 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие (21/22.11.2020 година) на територијата на РСМ, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 685 прекршоци. МВР упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19. Во текот на вчерашниот ден (21.11.) продолжија засилените акциски контроли...

Полицијата вчера открила 43 технички неисправни возила за јавен превоз низ земјава

Министерството за внатрешни работи (МВР) во вчерашната акциска контрола за техничката исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници открила 43 прекршоци низ целата земја. Притоа, најмногу прекршоци се откриени на територијата на СВР Тетово, каде законски биле санкционирани 24 технички неисправни возила, и тоа 7 во Тетово и 17 во Гостивар. Од нив, 17 возила веднаш биле...

„Дрисла“ работи најдобро што може, Вардариште е црна точка, Инспекторатот за животна средина вонредно ги чешла загадувачите

Државниот инспекторат за животна средина за три недели направил 68 редовни надзори и 25 вонредни контроли и издал 12 решенија за корекции на индустриските капацитети. Директорката Ана Петровска денеска информираше дека инспекторите ги посетиле „Дрисла“, „Макстил“, „Пејпер мил“ од Кочани, МЕПСО, „Фени“ и други компании, а деновиве ќе го посетат и БЕГ, кој неодамна резервираше поголеми количини на мазут,...

Не им се плаќа по 200 денари на „Дрисла“, па несовесни граѓани го исфрлаат градежниот шут кај ќе стигнат

Вложуваат по десетици или стотици илјади денари во реновирање или реконструкција на станови, куќи или канцеларии, а не сакаат да платат 200 денари за фрлање на градежниот шут на депонијата „Дрисла“. Речиси секојдневно, несовесни граѓани и градежни работници во Скопје го расфрлаат градежниот отпад кај ќе стигнат. Граѓаните од населбата Трнодол вчера со видео снимка фатија работници како одлагаат отпад...

Полицијата со помалку казни за неносење маски иако расте бројот на новозаболени од ковид-19

Полицијата во изминативе неколку дена напишала помалку казни на граѓаните за неносење маски на лицето, иако бројот на новозаболени лица од ковид-19 периодов руши рекорди. Полицијата вчера регистрирала 306 прекршоци во однос на мерката носење лична заштита на лицето, завчера имало 283 прекршоци, додека во петокот биле регистрирани 436 прекршоци. Наспроти ова, минатата недела биле изречени 737 санкции за...

Полицијата за два месеца изрекла 527 казни за техничка неисправност на возила за превоз на патници [инфографик]

Министерството за внатрешни работи (МВР) само во текот на септември и октомври годинава изрекло 527 глоби поради техничка неисправност на возилата со кои се врши превоз на патници, информираат за „Мета.мк“ од МВР. Во двата месеца биле спроведени контроли над возилата со кои се врши јавен превоз на патници (автобуси, такси возила, комбиња) во меѓуопштинскиот и во градско-приградскиот превоз...

МВР засилено казнува веќе трет месец, превозниците бараат поголема акција против дивите таксисти

Министерството за внатрешни работи (МВР) при своите контроли во септември и октомври 2020 година открило 63 лица кои вршеле превоз на патници без лиценца, и за истите се поднесени соодветни поднесоци до надлежен орган, информираат за „Мета.мк“ од МВР. Станува збор за спроведените контроли над возилата со кои се врши јавен превоз на патници во меѓуопштинскиот и општинскиот превоз. Од...

Минатиот месец изречени близу 24 илјади казни за неносење заштитна маска на лицето

Расте бројот на новозаразени со ковид-19, а паралелно со тоа и бројот на казни што ги изрекува Министерството за внатрешни работи за неносење заштитна маска на лице како превенција од вирусот. Со новите рестриктивни мерки што ги донесе Владата сега заштитната маска е задолжителна и на отворено. Но иако во јавноста оваа мерка доби критики и отвори дилеми, сепак...

МВР: Казни за 837 лица за неносење маска, санкционирани 284 возачи во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие, 31.10/01.11.2020 година, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 837 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи и апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. МВР, исто така, информира дека во текот на вчерашниот ден,...

Со усвоените законски измени инспекторите на лице место ќе затвораат локали кои ги кршат здравствени протоколи

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска заедно со членовите на Инпекцискиот совет одржа прес-конференција за измените и дополнувањата на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести, којшто го усвои Собранието. Вицепремиерот Николовски е задоволен од усвоените законски измени, со кои инспекторите добиваат зголемени ингеренции. „Конкретно,...

Полицијата вчера во Скопје казнила 222 возачи, од кои 60 за пречекорување на брзината

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 222 санкции, информираат од МВР. Полициските службеници вчера напишале 60 казни за пречекорување на дозволената брзина на движење и 17 прекршоци за технички неисправни и нерегистрирани возила. Исто така...

МВР вчера казнило 429 возачи во Скопје, од кои 62 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 429 санкции, информираат од МВР. Воедно, само на територијата на Општина Илинден вчера биле изречени 157 санкции. На територијата на СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден биле...

Изречени 983 санкции за неносење маска вчера

Во текот на изминатото деноноќие (23/24.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 983 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19. Инаку, вчера Министерството за здравство соопшти дека за 24 часа од направени 2.367...

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...