Во текот на изминатото деноноќие (23/24.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 983 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР)

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Инаку, вчера Министерството за здравство соопшти дека за 24 часа од направени 2.367 тестирања биле откриени уште 518 случаи на заразени од корона вирусот.