fbpx
Таг: договор

таг: договор

Договор за првата фаза од автопатот кон Косово, експропријацијата допрва ќе се решава

Околу 12,2 милиони евра, без вклучен ДДВ, ќе чини изградбата на првите два километра од автопатот Скопје - Блаце. Во просториите на владата денеска беше потпишан договорот со „Гранит“ за изведба на првата фаза од проектот, којшто ќе овозможи наредното лето да се стави во функција оваа секција од автопатот. Првите два километра се градат со средства од буџетот на...

Во јануари ќе има тендер за довршување на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп

Извор: Министерство за транспорт и врски
Јавното претпријатие за државни патишта планира наредниот месец да го објави тендерот за избор на градежна компанија што ќе ја доврши изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско - Прилеп. Неколкумесечниот застој на изведбата на 10-те нови километри меѓу Фаришката и Дреновската клисура настанаа откако изминатово лето беше раскинат договорот со претходниот изведувач „Конструксионес Рубау С.А.“, а двете...

Националниот парк „Галичица“ догодина со 178.000 евра поддршка преку Фондот за природа Преспа – Охрид

Продолжува соработката меѓу ЈУ Национален парк Галичица и Фондот за природа Преспа - Охрид (ПОНТ), која што започна минатата година. Деновиве беше потпишан нов договор вреден 178.000 евра, со кој овој фонд е предвидено да финансира дел од трошоците за 2020 година за тековно работење на јавната установа што управува со Националниот парк „Галичица“. Станува збор за иновативен пристап во...

МЕР склучи договор со „Рапид билд“ за заполнување на гасоводот од Клечовце до Неготино

Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Македонски енергетски ресурси (МЕР) склучи договор со друштвото за градежништво и услуги „Рапид билд“ ДОО Куманово за заполнување со природен гас на магистрален гасовод делница 1 од  кумановско Клечовце до Неготино, објавено е на Биро за јавни набавки. Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е околу 268.000 евра. „Гасот доаѓа се поблиску до...

Турската компанија „Пурпласт“ ќе инвестира до 12 милиони евра и ќе отвори нови 300 работни места

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски и извршниот директор на турската компанија „Пурпласт“ Мехмет Шишманоглу, денеска во Владата потпишаа договор за долгогодишен закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2. Компанијата „Пурпласт“ закупи 26.266 квадратни метри во зоната во Бунарџик, а фабриката која ќе започне да се гради наскоро е нивна прва надвор од Република Турција. Компанија...

Излегувањето на Британија од ЕУ одложено до 31 јануари 2020 година

Земјите - членки на ЕУ денеска се согласија да го одложат Брегзитот за три месеци, односно до 31 јануари 2020 година. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на својот профил на „Твитер“ потврди дека европските лидери се согласиле да го одложат излегувањето на Велика Британија од ЕУ до крајот на јануари. Продолжувањето на рокот за успешна реализација на Брегзитот значи...

Ќе се прави анализа што сè шпански „Рубау“ (не)сработил на патот Градско – Прилеп

Извор: Министерство за транспорт и врски
Фирмата „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл“ е избрана од Јавното претпријатие за државни патишта да го изработи елаборатот со пресек на извршените работи и предмер - пресметка на неизведените делови за изградба на експресниот пат Градско - Прилеп, во делот меѓу Дреновската и Фаришката клисура. Со 10,2 милиони денари вредниот договор ќе се направи анализа на досега изведените работи...

Експресниот пат Градско – Прилеп со нов рок – 2022 година!

Извор: Министерство за транспорт и врски
Јавното претпријатие за државни патишта на шпанскиот изведувач „Конструксионес Рубау С.А.“ му го раскина договорот за изведба на првата фаза од изградбата на експресниот пат Градско - Прилеп, на потегот меѓу Дреновската и Фаришката клисура. Од ова јавно претпријатие за „Мета.мк“ велат дека изведувачот неколку пати бил опоменат за исклучително ниската ефикасност. - Поради неизвршувањето на договорните обврски согласно прифатената...

Железница преговара за надминување на техничките недостатоци на кинеските возови

Железници на РСМ - Транспорт во моментов преговара со кинеската компанија ЦРРЦ за исполнување на обврските од склучениот договор за набавените шест кинески возови, со што би се надминале техничките недостатоци на гарнитурите и би се извршил технички прием на патничките гарнитури. - Доколку овие преговори не бидат успешни, како правна можност е започнување на арбитражна постапка пред Арбитражниот суд...

Уште осум држави треба да го ратификуваат протоколот за НАТО

Турција и Чешка се последните две држави кои го ратификуваа протоколот за членство во НАТО на нашата држава. Чешка е 21-та држава која го ратификуваше овој документ и со тоа останаа уште осум држави, кои во нивните парламенти треба да дозволат влез на Северна Македонија во НАТО-алијансата. „Убедени сме дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност...

Турција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО

Народното собрание на Република Турција синоќа го ратификуваше протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. - Благодарност до Турција за вечерашната ратификација на нашиот НАТО протокол. teşekkür ederim!- објави на својот фејсбук-профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Ратификацијата на Протоколот ја потврди на „Твитер“ и шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Осман Ашкин. - Големото Народно собрание...

Цифакис: Мицотакис ќе бара доследна и целосна примена на Преспанскиот договор, а не негово поништување

Малку е веројатно дека вчерашната изборна победа на опозиционата Нова демократија ќе создаде проблеми во односите меѓу Атина и Скопје кои напреднаа кон целосна нормализација за време на владата на Алексис Ципрас, вели Николаос Цифакис, професор за меѓународни односи на Универзитетот на Пелопонез, во разговорот за „Јуропиан Вестерн Балканс“. Во јануари годинава Нова демократија гласаше против ратификацијата на Преспанскиот договор...

Заев: Со Бугарија потпишавме Договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања

Со Бугарија потпишавме Договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил по повод изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека „Македонците треба уште да созреат за датум за преговори со ЕУ.“ „Се договоривме дека заедничките моменти од минатото треба да нѐ спојуваат, а не да нѐ раздвојуваат. Искуствата од...

ССК во Кина склучи договор за зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит

Претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовка е во официјална посета на НР Кина, како дел од иницијативата на НР Кина „17+1“ во која активно е вклучен и Сојузот. Во рамки на официјалната посета, во Нингбо, Арсовска склучи договор за соработка со кој во платформата „17+1“ следната година Македонија и Кина ќе преземат активности за зголемување...

Две децении од штетниот договор за „ОКТА“: Граѓаните платија двојно повеќе

Изминаа 20 години откако Владата предводена од тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски ја продаде државната рафинерија „Окта“ на грчката „Хеленик петролеум“, а потоа неговиот близок соработник, поранешниот премиер Никола Груевски (сега бегалец од правдата) како тогашен министер за трговија потпиша анекси со кои грчката компанија доби поволности при увоз на нафта, а нашата земја плаќаше штета на компаниите...

Анализа: Кампањата почна со јога, политика и тешка математика

На самиот почеток на кампањата за претседателските избори во Северна Македонија има се разбира многу политика, но и многу математика и ... по малку забава. Гласачите на 21 април во првиот круг ќе избираат меѓу тројца кандидати Стево Пендаровски – кандидат кој го подржува владејачката партија СДСМ, Гордана Силјановска - Давкова која се декларира како независен кандидат, но ја доби...

ВИП годинава ќе се ребрендира во А1

По ребрендирањата на другите телекомуникациски оператори на Балканот кои се дел од групацијата Телеком Австрија, односно компаниите во Словенија, Хрватска и Бугарија, и македонскиот телекомуникациски оператор ВИП годинава ќе го следи тој пример и ќе се ребрендира во А1, соопштија од компанијата. Притоа, постоечките договори ќе останат важечки и по промената на името, а мобилните корисници не ќе има потреба...

ЕУ одобри одложување на брекситот до 22 мај

Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ синоќа во Брисел постигнаа договор излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, односно брекситот, да биде поместен од 29 март на 22 мај. Тоа ќе се случи само ако британскиот парламент исто така го прифати овој договор кој треба да го брани премиерката Тереза Меј, . Британските пратеници веќе двапати ја отфрлија спогодбата што...

Раскинат договорот со „Бетон“ – Штип, Грците сами ќе ја градат штипската болница

Грчки „Интеркат“ кој го доби тендерот за изградба на новата Клиничка болница во Штип, еднострано го ракинал договорот со „Бетон“ - Штип, откако со месеци стагнираше градбата. Се пробија сите договорени рокови, по што, грчката компанија одлучила да работи без ангажираниот подизведувач. Работниците на „Бетон“ си ги собираат машините и алатот од недовршената болница, а „Интеркат“ се соочи со тужба...

Потпишан договор за финансирање помеѓу „Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид

Директорот на Националниот парк „Галичица“, Васко Паскали и извршниот директор на Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ), Миријам де Конинг, потпишаа Договор за покривање на трошоците за тековното работење на „Галичица“ за 2019 година. Договорот во висина од 147.000 евра ќе се однесува на финансирање на тековното работење на „Галичица“ при управувањето со заштитеното подрачје. Имено станува збор за иновативен...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...