Уште осум држави треба да го ратификуваат протоколот за НАТО

-

Турција и Чешка се последните две држави кои го ратификуваа протоколот за членство во НАТО на нашата држава.

Чешка е 21-та држава која го ратификуваше овој документ и со тоа останаа уште осум држави, кои во нивните парламенти треба да дозволат влез на Северна Македонија во НАТО-алијансата.

„Убедени сме дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност и безбедност на Балканот, а во исто време и самата Алијанса“, изјави чешкиот вицепремиер Јан Хамачек на ратификацијата на Протоколот.

Шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Осман Ашкин на неговиот твитер-профил објави дека како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во евроатлантскиот-интегративен процес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...