fbpx

МЕР склучи договор со „Рапид билд“ за заполнување на гасоводот од Клечовце до Неготино

-

Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Македонски енергетски ресурси (МЕР) склучи договор со друштвото за градежништво и услуги „Рапид билд“ ДОО Куманово за заполнување со природен гас на магистрален гасовод делница 1 од  кумановско Клечовце до Неготино, објавено е на Биро за јавни набавки.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е околу 268.000 евра.

„Гасот доаѓа се поблиску до индустријата и до граѓаните, со што се отвораат можностите да влеземе во фазата за определување оператори на секундарната мрежа кои ќе треба да го обезбедат преносот и приклучокот на гасот до домаќинствата и до индустриските капацитети по конкурентни цени“, изјави неодамна премиерот Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...