fbpx

Две децении од штетниот договор за „ОКТА“: Граѓаните платија двојно повеќе

„Окта“ е купена за околу 32 милиони долари, а само врз основа на исплатата од 2009 година сме им ги вратиле парите и плус осум милиони долари, а сега треба да исплатиме уште нови 32 милиони долари

-

Изминаа 20 години откако Владата предводена од тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски ја продаде државната рафинерија „Окта“ на грчката „Хеленик петролеум“, а потоа неговиот близок соработник, поранешниот премиер Никола Груевски (сега бегалец од правдата) како тогашен министер за трговија потпиша анекси со кои грчката компанија доби поволности при увоз на нафта, а нашата земја плаќаше штета на компаниите „Мамидоил – Џетоил“ поради прекршување на договорот за ексклузивно снабдување на земјава со нафта.

Според сегашниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, најголема штета од договорот за купопродажба на „Окта“ како држава имаме добиено од обврската за мазутот. Имено, државата беше обврзана да откупува 500 илјади тони мазут на годишно ниво и покрај тоа што потребите се повеќе од петкратно пониски. Бислимовски вели дека „немало никакви проблеми во однос на методологијата за продажба на нафтените деривати што се применуваше досега“.

– Проблемот бил и останал со обврската со откуп на мазутот. Како држава веќе еднаш во 2009 година исплативме 40 милиони долари отштета за не спроведувањето на обврската за мазутот. Сега е стигнато повторно ново побарување од 32 милион долари и тоа е испратено до истата арбитража која во 2009 година решила да се плати отштета од 40 милиони долари заради не трошење 500 илјади тони мазут годишно. Најголема штетност на договорот е во тој дел – порачува Бислимовски.

Тој додава дека „Окта“ е купена за околу 32 милиони долари, а само врз основа на исплатата од 2009 година сме им ги вратиле парите и плус сме им дале осум милиони долари, а сега треба да исплатиме уште нови 32 милиони долари вклучувајќи ги и каматите.

– Кој бил тој што дал такво предвидување дека земјава ќе троши 500 илјади тони мазут годишно во услови кога гасоводот во 1999 година се привршувал и кога цената на светските пазари на електричната енергија била 28 до 32 евра за мегават час и кога производството на ТЕЦ Неготино со мазут било повеќе од двапати поскапо отколку домашната цена или увезената цена која ја плаќала тогаш државата за електрична енергија. Тој што го дал тој предлог и нанел огромни штети на државата, а уште повеќе и тие што застанале позади тој договор кој бил поминат и на Влада и ратификуван во Собрание. „Окта“ била купена за 32 милиони долари, а сега само по основа на обврската за мазутот ние ќе и исплатиме минимум 75 милиони долари. Тоа значи дека ние не сме добиле пари за „Окта“ што сме ја продале, туку на тие што ја купиле сме им исплатиле преку 30 милиони долари. Ако има некаде во светот таква пазарна логика јас ќе ги повлечам сите овие зборови што ги кажав – нагласува Бислимовски.

Но, покрај обврската за откуп на мазут, штетниот договор за продажба на рафинеријата „ОКТА“ предвидуваше и загарантирана профитна маржа за „ОКТА“ во износ од сегашни 29 долари по тон. Тоа значи дека граѓаните дополнително плаќаа по 1,6 денари за секој купен литар гориво како резултат на овој штетен договор.

– Досега со постојната методологија профитната маргина која беше гарантирана на производителот изнесуваше 29 долари за тон. Таа му беше гарантирана на производителот ОКТА – вели претседателот на РКЕ Бислимовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...