fbpx

Без вакцини нема во школо, одлучи владата

По објавата на одлуката на фејсбук страницата на Министерството за здравство се појавија различни коментари на родители и граѓани кои се движат од одобрување до остро спротивставување на мерката

-

На денешната 135 седница, Владата одлучи во сите училишта да можат да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда.

– Во сите училишта да се примаат пријавите за упис и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите се додека не биде приложен соодветен документ/потврда за вакцинација – информираат во Владата.

До скоро, од владините министри пристигнуваа спротивставени изјави околу неопходноста на оваа мерка.

– Не отстапувам од ставот сите деца да бидат вакцинирани, и оние кои одат во градинка и оние кои се примаат, односно оние кои запишуваат во прво одделение во основните училишта, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Ова следеше по изјавата на неговиот колега од ресорот образование Арбер Адеми, кој вчера изјави дека и невакцинираните деца треба да се запишат во прво одделение.

Вкупниот број на вакцинирани на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во земјава изнесува 24.023 лица.

Во Скопје, бројот на вакцинирани изнесува 13,684 од вкупно 16,361 невакцинирани деца. Од другиот дел од државата, бројот на вакцинирани до 14 години со МРП вакцина изнесува 10,339 деца.

– Само со стапка на вакцинација на над 95 отсто, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширењето на вирусот меѓу популацијата. Исто така, здравствените установи не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини. Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни – велат од владата.

По објавата на одлуката на владата на фејсбук страницата на Министерството за здравство се појавија различни коментари на родители и граѓани кои се движат од одобрување до остро спротивставување на мерката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...