fbpx
Таг: Украина

таг: Украина

Кобољев: Украина може да ја преживее зимата без руски гас

Украина би можела да ја преживее зимата без рускиот гас, смета директорот на „Нафтогас Украина“, Андреј Кобољев. Според Кобољев, Украина би можела да се обиде зимава, со воведување одредени мерки на штедење, да ја намали потрошувачката и да ја мине зимата без гас од Русија. Заменик директорот на „Нафтогас“, Јуриј Колупаљо, денеска на прес-конефернција истакна дека украинските индустриски претпријатија за десет...

(ВИДЕО) Терористички напад во Харков

Украинските власти денеска отворија истрага за тероризам, по бомбашкиот напад во Харков, при кој беа повредени 11 лица. Бомбашкиот напад во Харков, град во Источна Украина, е прв поголем напад од почетокот на судирите со проруските бунтовници. Најмалку 11 лица се повредени во синоќешната експлозија на бомба во бар во центарот на Харков, објави полицијата и додаде дека две од повредените...

Средба Путин – Абе

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Пекинг се сретна со јапонскиот премиер Шинѕо Абе, пренесе ИТАР ТАСС, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Двајцата лидери ја разгледале ситуацијата во Украина, работата врз мировниот договор меѓу Русија и Јапонија и шансите за посета на рускиот претседател на Јапонија. Путин и Абе се сретнаа на самитот на земјите од Азиско-пацифичката економска...

Австралискиот премиер Абот ќе се сретне со рускиот претседател Путин

Австралискиот премиер Тони Абот изјави ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот во Пекинг, со кого ќе има искрен разговор за падот на авионот на „Малезија ерлајнс“. Кремљ на 7 ноември потврди дека Путин се согласил да се сретне со Абот, кој од минатиот месец ветува дека ќе се соочи со рускиот лидер за смртта на Австралијците...

Кремљ: Се придржуваме кон прекинот на огнот во Украина

Русија се придржува до спогодбата за прекин на огнот на истокот на Украина и сака да одржи дополнителни преговори за да се надградат мировните потези на украинските и на проруските сили, изјави денеска советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков. Ушаков, кој е советник за надворешни работи, рече дека Русија ја „почитува“ волјата на гласачите по изборите на истокот на Украина, кои Западот...

Горбачов со поддршка за политиката на Путин

Порашениот советски лидер Михаил Горбачов (83), денеска изјавил дека ќе ја брани политиката на рускиот претседател Владимир Путин кога ќе отпатува во Германија на одбележувањето на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, пренесуваат светските медиуми. Според Горбачов, кога станува збор за интересите на Русија, Путин е најдобриот човек за нивна одбрана. Овој викенд, Горбачов ќе престојува во Берлин по повод 25-годишнината...

Донецк: Убиени двајца тинејџери

Двајца тинејџери се убиени при бомбардирањето на Донецк, јавија светските медиуми. Според локалните медиуми, момчињата играле фудбал во школскиот двор кога се случило бомбардирањето. Училиштето се наоѓа на околу три километри од аеродромот во Донецк, каде со месеци се водат борби меѓу проруските сепаратисти и украинските власти. Бомбардирањето на истокот на Украина и понатаму продолжува и покрај прекинот на огнот, кој...

Украина ќе гради нов гасовод за да ја избегне Русија

Украина сака со Полска да изгради целосно нов гасовод, кој би ù овозможил на земјата целосно да се снабдува со гас од земјите од Европска Унија. Украинскиот премиер Арсениј Јацењук им наредил на надлежните министерства да почнат со изработка на проектот, а рокот за изградбата и пуштањето во употреба е крајот на 2016 година, соопштија од кабинетот на премиерот. Властите во Киев сакаат...

Оланд го повика Путин да не ги признае изборите во Источна Украина

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, го повика претседателот на Русија, Владимир Путин да не ги признае изборите во источниот дел на Украина, бидејќи би можеле да го загрозат територијалниот интегритет на државата. - Го повикувам Путин да остане во рамките на договорот од Минск, со кој е отворен патот за потпишување примирје - изјави Оланд. Тој додаде дека нивна цел е да...

Русија не го прифаќа соопштението од ОН за изборите во Источна Украина

Европските лидери и посочија на Русија дека не ги признаваат резултатите од изборите
Јуриј Сергејев, украинскиот амбасадор во Обединети нации, изјави дека Русија се спротиставила на соопштението на Советот за безбедност при ОН, во кое се критикуваат изборите што се одржаа во Донецк и во Луганск на истокот на Украина. Во предлог-текстот на Литванија пишува дека изборите се одржани во спротивност на мировниот договор од Минск, што беше потпишан во септември. Европските лидери ù посочија на...

РУСИЈА: Киев да ги прекине воените операции во источна Украина

Русија го повика Киев да ја прекине воената офанзива на истокот на Украина и нагласи дека новоизбраните проруски лидери имаат доволно авторитет и овластувања за да преговараат со Киев. „Проруските лидери, кои вчера се избрани, имаат доволен авторитет да воспостават широко одржлив дијалог со киевските власти“, соопшти заменик шефот на руската дипломатија, Григориј Карасин, за ИТАР-ТАСС, откако официјална Москва го...

Рускиот гас ќе протече кон Украина

Испораките на руски гас во Украина ќе бидат обновени кога Киев оваа недела ќе го отплати првиот дел од долгот на „Газпром“, изјави директорот на рускиот гасен гигант, Алексеј Милер. Неговата изјава дојде откако Русија, Украина и Европска Унија постигнаа договор за продолжување на испораките на руски гас за Украина и за ЕУ. Овој договор донесе олеснување на Европа, која се...

Европска Унија не ги признава изборите во Доњецк и во Лугањск

Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска Унија, изјави дека ЕУ не ги признава изборите во Источна Украина, јави дописникот на МИА од Брисел. - Сметам дека „претседателските и парламентарните избори“ во самопрогласените „народни републики“ на Доњецк и на Лугањск се нова пречка на патот кон мирот во Украина. Гласањето е нелегално и нелегитимно и Европската Унија...

Москва и Киев постигнаа договор за испорака на гасот

Украина ќе има гас до март 2015
Русија и Украина вчеравечер во Брисел постигнаа преоден договор за сигурно снабдување на Украина со руски гас до март 2015 година, како и за негов непречен транзит до потрошувачите во Европска Унија. Договорот го потпишале министрите за енергетика на Русија и на Украина, европскиот комесар за енергетика, но и челниците на „Газпром“ и на „Нафтагаз“. - Процесот не беше лесен. Како...

Нови 44 случаи на пертусис, вкупната бројка на заболени достигна 597

Во последната недела пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 3 пати споредено со претходниот седмодневен период, информира Институтот за јавно здравје во последниот извештај...