fbpx
Таг: Украина

таг: Украина

ЕУ повика да се повлече тешкото вооружување на истокот на Украина

ЕУ денеска повика да се повлече тешкото вооружување од фронтот во Источна Украина, како што е предвидено со прекинот на огнот потпишан минатата недела, додека стигаат извештаи за жестоки борби во источниот град Дебаљцев. - Уште еднаш потсетуваме дека сите страни строго треба да се придржуваат до минатонеделниот договор и без двоумење да се спроведат тие мерки – рече портпаролот...

Ракета го прекина извештајот за примирјето во Украина

Дописникот на „Би-Би-Си“ од Украина, Иан Панел, за малку ќе загинел додека известувал од уништениот аеродром во Донецк. Екипата на британската телевизија го посетила аеродромот на вториот ден од воспоставеното примирје за да го сними последиците од борбите. Во моментот кога Панел го спомнал примирјето, се слушнале експлозии, а неколку секунди подоцна ракета ја погодила зградата, на неколку десеттина метри од телевизиската екипа. https://www.youtube.com/watch?v=bVF7U8stRIU

ЕУ повикува на целосен прекин на огнот во Украина

Европска Унија повика на целосен прекин на огнот во Источна Украина, каде сè уште има жаришта и покрај примирјето, кое стапи на сила минатиот викенд. „Се чини дека примирјето се почитува, но постојат одреден број инциденти“, изјави портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчиќ, која додаде дека е неопходно прекинот на огнот да се почитува во целост. Украинската војска и проруските сепаратисти денеска меѓусебно...

Украинската војска нападната 112 пати од почетокот на примирјето

Киев објави дека украинската војска во последните 24 часа била 112 пати под огнот на сепаратистите и тоа без оглед на примирјето што стапи на сила на 15 февруари. Министерот за надворешни работи, Павло Климкин, изјави дека Украина целосно го почитува примирјето, но ги обвини сепаратистите од Донецк и од Луганск за артилериски напад, како и за напади со ракетниот систем „Град“. Завојуваните...

Стапи на сила новата црна листа на ЕУ

Европска Унија на црната листа на санкционирани додаде 19 лица и девет организации поради „загрозените територијален интегритет, суверенитет и независност на Украина“. Меѓу оние на кои отсега им е забрането издавање виза и чиј имот на територијата на ЕУ е замрзнат, се најдоа и замениците на рускиот министер за одбрана, Аркадиј Бахин и Анатолиј Антонов, двајца претставници на Думата, познатиот пејач Јозеф Кобзон,...

Од почетокот на примирјето 60 пати е стрелано врз украинската војска

Проруските сили 60 пати стрелале врз позиции на украинската војска од почетокот на прекинот на огнот договорен во Минск, соопшти официјален Киев. Претставникот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андреј Лисенко, претходно соопшти дека е намален бројот на нападите во Донецк и во Луганск, додавајќи дека украинската војска го почитува режимот на примирје, но оти ќе реагира...

ОБСЕ: Примирјето не се почитува во Дебалцево и во Луганск

Прекинот на огнот на истокот на Украина, кој почна на полноќ, се почитува, освен во Дебалцево и во Луганск, каде сè уште има судири, соопшти шефот на мисијата на ОБСЕ, Ертугрул Апакан. Апакан посочи дека проруските сили не им дозволиле на набљудувачите на ОБСЕ да стигнат до опколениот град Дебалцево. Тие истакнале дека примирјето не се однесува на Дебалцево, најголемо...

Изолирани инциденти за време на прекинот на огнот во Украина

Двајца цивили загинаа на истокот на Украина веднаш откако синоќа на полноќ по локално време стапи на сила прекинот на огнот, но оттогаш не се забележани нови судири. Украинските власти соопштија дека по ракетирањето на Попасна, борбите долж целата линија на фронтот прекинале и се забележани само неколку изолирани судири меѓу проруските и украинските сили. - Веднаш по полноќ, ракети го...

Нов „бисер“ на Димитров: Украина е измислена држава, таа е „руската Македонија“

Украина е измислена држава, исто како и Македонија, изјави бугарскиот историчар Божидар Димитров за Бугарската национална телевизија. - Во 1954 година, еден пијаница го даде Крим, руска територија, заедно со нејзиното руско население, на една измислена држава, на една „Македонија“. Руската Македонија - тоа е Украина. Измислена граница - какви што се границите на Македонија. Кога политичката елита создава такви...

Премиерот на Украина не верува во договорот од Минск

Претседателот на украинската влада, Арсениј Јацењук, за германскиот весник „Билд“ изјави дека не верува во одржливоста на договорот од Минск. Јацењук индиректно бара на Украина да ѝ се испорача оружје и им префрли на Русите дека „во прва можна пригода ќе го прекршат договорот“. Украинскиот премиер вели дека „не се сомнева“ во фактот дека Русија ќе направи нешто за да го...

Украина: Нови жртви пред почетокот на прекинот на огнот

Дваесет и осум лица загинаа во жестоките судири во Украина, кои го одведуваат во прашање спроведувањето на мировниот договор од Минск, што треба да почне вечерва на полноќ. Официјален Вашингтон ја обвини Москва дека и понатаму продолжува да разместува тешко вооружување во завојуваните зони, а Киев тврди дека е засилено гранатирањето на цивилните области. Украинскиот претседател Петро Порошенко соопшти дека бомбардирањето цивили...

Лидерот на Десен го отфрли мировниот план

Лидерот на украинскиот Десен сектор, Дмитриј Јарош, го отфрлува мировниот договор од Минск, додавајќи дека нивните паравоени единици на истокот на Украина ќе продолжат активно да се борат врз основа на сопствениот план. Јарош ова го објави на фејсбук-профилот, додавајќи дека каков било договор со милициите на истокот на Украина, кои тој ги нарекува „терористи“, нема легална сила и оти...

Пусиќ: Само осум Хрвати се борат во Украина

Хрватска на ниту еден начин не го поддржува тоа што некои хрватски државјани се борат во Украина и работи на тоа овој мал број луѓе да се вратат дома, рече хрватската министерка за надворешни работи, Весна Пусиќ. Потпретседателката на владата, Пусиќ, во Саборот истакна дека е изненадена од вчерашната остра реакција на руското министерство за надворешни работи, „имајќи предвид дека...

Мекејн: Свињите ќе полетаат ако успее договорот од Минск

Американскиот републикански сенатор Џон Мекејн оцени дека договорот за прекин на огнот во Минск нема да трае ниту седум дена. - Ми се чини дека тоа е неизводливо. Тоа е санирање на рана со фластер и моето предвидување е дека нема да трае ниту една седмица - рече Мекејн, коментирајќи ја спогодбата што вчера ја постигнаа Киев, Москва, Париз и Берлин. Во согласност...

Москва нема да ја ослободи украинската жена-пилот

Русија не се согласи да ја ослободи украинската жена-пилот Нада Шевченко, која 63 дена штрајкува со глад во притвор во Москва, соопшти Кремљ. На мировните преговори во Миск е договорено да бидат разменети сите затвореници, дури и оние кои се „незаконски протворени“, но, како што соопшти Пешков, случајот со Шевченко ќе биде решен на суд. Триесет и тригодишната Шевченко е обвинета...

Нови напади и жртви на истокот на Украина

Најмалку шест лица загинаа, од кои три деца, при ракетен напад во Луганск и при гранатирање на Горловка, соопштија проруските власти во Луганск и во Донецк. Како што соопшти Министерството за вонредни состојби на самопрогласената Донецка Народна Република, граната паднала врз куќа, што предизвикало уривање на ѕидовите и на покривот. Спасувачките екипи по нападот пронашле три деца, на возраст од три,...

Москва бара Хрватска да го спречи регрутирањето борци за Украина

Руските власти денеска ја повикаа Хрватска и другите земји чии граѓани се регрутираат во редовите на вооружените сили на Украина, да прекинат со оваа практика, пренесуваат руските агенции. „Ги потсетуваме хрватските власти дека денеска во Минск е усвоена одлука на контакт-групата за имплементација на договорот од Минск, во која, меѓу другото, е предвидено повлекување на сите странски вооружени формации, воена...

Путин: Прекинот на огнот во Украина почнува на 15 февруари

Постигнат е договор во Минск за од недела да запрат немирите во Украина, соопшти рускиот претседател Владимир Путин. - Верувам дека договоривме голема работа. Се договориме прекинот на огнот да почне точно на полноќ на 15 февруари – рече Путин. Соопштението доаѓа по маратонските преговори во белорускиот главен град, меѓу лидерите на Русија, Украина, Франција и на Германија. Компромисно решение е постигнато за...

Минск: Продолжуваат преговорите за украинската криза

Владимир Путин, Петро Порошенко, Ангела Меркел и Франсоа Оланд денеска, по кратка пауза, ги продолжија маратонските преговори за решавање на украинската криза. Преговорите во Минск траат повеќе од 15 часа. Странските медиуми изутринава јавија дека состанокот е завршен, но германската канцеларка Ангела Меркел подоцна изјави дека станува збор за кратка пауза и преговарачите се вратија во салата. За време на паузата,...

САД го исмејуваат мировниот план на Меркел

Американските генерали и дипломати го критикуваат Берлин поради мировната иницијатива за Украина, а особено се потсмеваат со министерката за одбрана, Урсула фон дер Лејер, и со канцеларката Ангела Меркел, пишува денеска весникот „Билд“. Генералите и дипломатите на САД кои учествуваа на неодамнешната Минхенска конференција за безбедност ја нарекоа министерката за одбрана на Германија „дефетист“, а канцеларката ја обвинија дека во ЕУ...

Обвинителството бара притвор за осомничениот за двојното убиство во Стајковци

Основното јавно обвинителство Скопје доставило предлог за определување мерка притвор за лицето осомничено дека ги сторило кривичните дела – убиство, во скопско Стајковци претходно неделава. Против лицето беше поведена истражна...