fbpx
Таг: Украина

таг: Украина

Меркел и Оланд во Москва без големи очекувања

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел пред да отпатуваат за Москва изјавија дека целта на нивната мисија е постигнување глобален договор за ставање крај на насилството во Украина, со тоа што примирјето е само прв чекор. Сепак, Меркел истакна дека не е извесно дали ќе се постигне напредок. Сите знаат дека првиот чекор мора да биде примирје,...

Меккејн: САД се виновни што Украина користи касетни бомби

САД се виновни што Украина користи касетни бомби, оцени претседавачот на американскиот сенатски одбор за вооружени сили, Џон Меккејн, додавајќи дека причина за тоа е што украинската армија „не е снабдена со различни видови вооружување“. Според Меккејн, доколку Украина поседува соодветно оружје, нема да користи касетни бомби. Меѓународната организација „Хјуман рајтс воч“ потврди дека во ноември минатата година украинските сили користеле...

Меркел и Оланд патуваат за Киев, за утре планирана средба со Путин

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Франсоа Оланд, денеска ќе отпатуваат во Киев, во рамки на напорите за пронаоѓање мирно решение по интензивирањето на насилството на истокот на Украина, а за утре е планирана средба со рускиот претседател, Владимир Путин, во Москва, јавуваат светските медиуми. Главниот политички советник на Путин, Јури Ушаков, рекол дека рускиот претседател е подготвен за...

Прв воздушен напад на проруските бунтовници

Руските медиуми денеска соопштија дека сепаратистичките борци на истокот на Украина го извеле првиот воздушен напад над украинските сили и тоа со авион што го заробиле минатото лето. Како што јавува РТС, повикувајќи се на порталот „Јанес“, проруските претставници во Луганск тврдат дека нивниот борбен авион нападнал конвој на украинската војска, кој превезувал украински трупи во регионот Донецк. Украински авион „сухој-25“ минатата...

Бајден: Нема воено решение за кризата во Украина

Американскиот потпретседател, Џо Бајден, изјави дека „нема воено решение за кризата во Украина“. Ваквата изјава доаѓа во момент кога официјален Киев се надева на испорака на помош во оружје од САД. - Од почетокот говориме дека не постои воено решение за оваа криза - рече Бајден за денешното издание на весникот „Зидојче цајтунг“. Бајден вели дека САД не се заинтересирани за „воена...

Украина: Стотици демонстранти се обидоа да упаднат во канцеларијата на претседателот

Околу стотина демонстранти се обидоа да упаднат во канцеларијата на украинскиот претседател, но обезбедувањето на зградата го спречи обидот, јавува руската телевизија „Раша тудеј“, наведувајќи дека протестот прераснал во судири на улиците. Сè уште трае конфликтот меѓу националната гарда и демонстрантите, кои се обидоа да влезат во конференциската сала за да дадат телевизиска изјава. Претходно, демонстрантите успеаја да го пробијат првиот безбедносен кордон,...

„Гардијан“: Путин е како Милошевиќ, а Украина како Босна

Колумнист на „Гардијан“, Тимоти Гартон, направи паралела меѓу актуелните случувања во Украина и агресијата врз БИХ, која почна во 1992 година. „Владимир Путин е Слободан Милошевиќ. Тој, како и некогашниот Советски Сојуз е подеднакво грозен, но многу помоќен. Како и Милошевиќ, Путин во Украина е спремен да ги искористи сите средства кои му се на располагање, за да го добие тоа...

Обама ја разгледува можноста за испраќање оружје на Украина

САД ја обвинија Русија дека води војна во Украина, но досега ја исклучуваа можноста за испраќање оружје на властите во Киев. Воената команда на НАТО и претставниците на американската администрација планираат да го поддржат испраќањето одбранбено оружје на украинските сили, кои се борат со проруските сепаратисти на истокот на Украина, објави вчера „Њујорк тајмс“. Претседателот на САД, Барак Обама, сè уште...

ММФ останува во Украина

Делегацијата на меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го продолжува својот престој во Украина, иако според првичниот план таа денеска требаше да ја напушти земјата, изјавил претставник на централната банка на Украина, пренесуваат светските агенции. Претставниците на ММФ се во преговори со украинските власти за давање дополнителна финансиска помош на Украина откако минатата недела оттаму порачаа дека на земјата ќе ѝ понудат...

Крваво деноноќие во Источна Украина

Најмалку 16 лица загинаа, а 114 се ранети во последните 24 часа во нападите на украинските сили на градовите во самопрогласената народна република Луганска. Како што соопштија од луганското министерството за здравство, 13 цивили се убиени во Стаканов, две лица загинаа во Красњи Лич и едно лице во Луганск. Од министерството соопштуваат дека голем е бројот и на ранетите, меѓу...

Седум загинати во новите судири во Украина

Најмалку седум украински војници загинаа во новите судири кои во последните 24 часа избија на истокот на Украина, соопшти украинската војска. - Како резултат на гранатирања, Украина изгуби седум војници, а 24 се ранети - соопшти портпаролот на украинската војска, Владислав Селезњов. Министерството за одбрана на самопрогласената република Донецка денеска обвини дека украинските безбедносни сили ги користат жителите на Авдејевка како жив штит.

Чомски: Судбината на Балканот зависи од Русија и од Западот

Светскиот антиглобалист Ноам Чомски оцени дека судбината на балканските земји зависи од исходот од конфликтот меѓу Русија и Западот, како и од опстанокот на Европска Унија. Чомски, во интервјуто за неделникот „НИН“, вели дека не знае дали Балканот ќе влезе во Европска Унија, пред сè, затоа што не знае дали таа ќе опстане. Тој наведува дека двете страни во украинскиот конфликт се свесни...

Донецк: Украинската војска се повлече од аеродромот

Украинската војска се повлече од новиот аеродромски терминал во Донецк, на истокот на Украина, по неколкумесечни борби со проруските сили, соопшти војската. - Вчера е одлучено да се напушти територијата на терминалот поради прегрупирање - рече портпаролот на војската, Владислав Селезњов, додавајќи дека во судирите на аеродромот се убиени 10, а ранети 16 украински војници. Борбата за аеродромот ескалираше минатиот викенд, нарушувајќи го...

Могерини: Украина мора да се зачува

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европска Унија, Федерика Могерини, за време на посетата на САД истакна дека особено е важно Украина да не „пропадне“, но и оти треба да се оживеат преговорите со Русија. Според Могерини, „пропаѓањето“ на Украина би претставувало победа за Русија затоа што со тоа ќе се потврдат ставовите на оние кои тврдат дека склучувањето...

Повеќе од 800.000 Украинци пребегале во Русија

Повеќе од 800.000 луѓе од почетокот на конфликтот во Југоисточна Украина ги напуштиле своите домови и побарале прибежиште во Русија, соопшти руската Федерална миграциска служба (ФМС). Според податоците на руските служби, секојдневно во Русија влегуваат по 1.200 жители од Југоисточна Украина.

Четириесет украински војници загинаа во Донецк

Најмалку 40 украински војници загинаа во последното деноноќие во борбите во Донецк, соопштија властите на самопрогласената Донецка народна република. Како што јавуваат руските медиуми, пет бунтовници и пет цивили се убиени за време на судирите, а 26 се ранети.

Во Донецк загинале 40 украински војници за 24 часа

Во борбите во Донецк, во изминатите 24 часа, загинале 40 припадници на украинските безбедносни сили. Според медиумите, загинале пет бунтовници, додека меѓу цивилите животот го загубиле пет лица, а 26 биле ранети. Гранатирањето на градскиот реон и понатаму продолжува со несмалено темпо.

Урната контролната кула на аеродромот во Донецк

Проруските сили вчера ја урнаа контролната кула на аеродромот во Донецк, центарот на деветмесечниот вооружен конфликт меѓу Украина и сепаратистите, пренесуваат британските медиуми. Според украинските сили, кои го контролираат аеродромот, зградата била изложена на тежок артилериски оган од проруските сили. Бранителите на аеродромот наведуваат дека проруските сили вчера им дале ултиматум да ја напуштат кулата до 17 часот по локално време...

Украина: 10 загинати при гранатирање на автобус

Десет лица загинаа, а 13 се повредени откако артилериска граната погоди патнички автобус на контролен пункт во источниот украински град Волноваха, кој е под контрола на владините сили. Како што соопшти армискиот портпарол, автобусот превезувал цивили од градот Мариупол.

ОН: Повеќе од 4.800 лица загинале во Украина од почетокот на конфликтот

Вкупно 4.808 лица досега загинаа од почетокот на конфликтот во Украина, соопшти Управата на ОН за координација на хуманитарните прашања. На листата на загинати се наоѓаат и 298 патници и членови на екипажот на соборениот авион на „Малезија ерлајнс“. Според податоците на ОН, од април минатата година, кога почна конфликтот, па сè до 6 јануари годинава, ранети се 10.468 лица, повеќе...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...