fbpx
Таг: Тетово

таг: Тетово

Груевски од Тетово: Ова е политичка, а не е битка за живот или смрт

„Народот е помудар од Заев и од неговата група, а ние со чисто срце ќе се бориме за секој еден граѓанин и ќе работиме уште повеќе. Ни направија една дополнителна мотивација, за правење мерки и проекти за нашиот народ во сите сегменти за да обезбедиме повеќе услови за подобар живот“, рече денеска премиерот Никола Груевски на народниот собир во Тетово. -...

Народен собир на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ денеска, во 13 часот, ќе одржи народен собир во Teтово, во спортската сала на Медицинското училиште „Никола Штејн“. На собирот ќе се обрати претседателот на партијата, Никола Груевски, и други членови на високото раководство на партијата. Настанот е дел од караванот на големи собири на владејачката партија низ целата земја, на кои партиското раководство порачува дека нема да дозволи никакви црни...

Пронајдени експлозивни направи и муниција на депонија во Тетово

Тетовецот Р.К, вчера на депонијата за претовар на смет на улицата Маршал Тито во Тетово, при собирање предмети помеѓу депонираните отпадоци, пронашол две експлозивни направи и рамка со 30 куршуми, калибар 7,62 милиметри. Како што соопшти полицијата, истиот ден, околу 18.30 часот, на истото место, лицето И.Ш. од Тетово, при собирање предмети помеѓу депонираните отпадоци, пронашол една експлозивна направа. Полициските служби извршиле увид на...

Преку посебен софтвер ќе се регистрираат и заштитуваат личните податоци на туристите

Податоците за туристите што престојуваат во хотелите, Општина Тетово ќе ги добива електронски. Локалната самоуправа преку посебен софтвер ќе се информира од каде е туристот, колку престојува, кој пол е и слично. Името и презимето, броевите на личната карта и пасошот на туристот, нема да се објавуваат за да се заштитат неговите лични податоци. Овој електронски начин на добивање податоци е дел од...

Син нападал татко во Тетово

Тетовецот А.А. (47) се здобил со расеченица на десната рака откако вчера, во 18.40 часот, бил физички нападнат од неговиот син С.А. (22) со нож, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. По добиената информација, полицијата го привела синот, кој бил во алкохолизирана состојба. Во координација со јавниот обвинител, С.А. бил задржан во Полициската станица Тетово и му е одземен...

Најавена реконструкција на градскиот стадион во Тетово

Преку „Хет-трик 4“ програмата на УЕФА, градскиот стадион во Тетово ќе добие нов лик. Реконструкцијата ќе почне од крајот на месецов, а ќе заврши во јуни годинава. - Тетово е еден од поголемите фудбалски центри во Македонија. По Битола, ова е втората општина со која потпишавме договор, со кој се предвидува реновирање на стадионот, што значи комплетна реконструкција на теренот,...

Осмомартовски марш на СДСМ во Тетово

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија в недела во Тетово организира марш по повод меѓународнот ден на жената, кој ќе почне во 12 часот пред седиштето на партијата во градот. На маршот ќе се обратат претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заменик-претседателката, Радмила Шекеринска, и координаторката на форумот на жени, Цветанка Ласкова. Како што е најавено, лидерот на СДСМ во дел од својот говор...

Угинати кучиња-скитници на влезот од Тетово

Десетина пцовисани кучиња втор ден лежат кај претоварната станица на Јавното комунално претпријатие Тетово, лоцирана на влезот од градот. Лекарите првично проценуваат дека животните се отруени. - Како што ги видов сликите, кучињата немаат физички повреди, околу устата имаат лигава материја, доказ кој првично укажува дека станува збор за масовно труење животни - изјави доктор Ратко Давидовски, вработен во Центарот...

Дваесет години тетовци ја чекаат изградбата на булеварот Благоја Тоска

Дваесетина години жителите што живеат во близина на тетовската Клиничката болница чекаат да биде извршена експропријација на нивните домови, каде треба да се пробие булеварот Благоја Тоска. Но, доизградбата на патот тапка во место. За таа цел пред 17 години се изгради и мост, кој треба да го спои булеварот од левата и од десната страна на реката Пена. „Живееме како...

Летоци со пораки против власта се појавија во Тетово

На автомобилите во Тетово утрово се појавија неколку вида летоци во боја со различен дизајн и текст. На еден од нив стои текст „Крај за диктатурата“ со фотографии на Груевски, Милајков, Јанкулоска и на Ставрески во затворска облека, на друг пишува „Дали крајот вака мириса“ покрај фотографиите на Јанкулоска и на Ставрески во нацртано срце, а на два други има фотографии на Груевски со слушалки...

Загадување: Честички милион – акција нула

Загадувањето на воздухот изминатите неколку дена е на многу високо ниво. Во Скопје, Тетово, Битола и во Велес, каде нивото на канцерогените ПМ10-честички е високо над дозволеното, граѓаните цела зима дишат отров. Вчера Градот Скопје издаде мерки од прв степен (препораки), кои треба да се преземат за да се намали загадувањето. Еколошите здруженија велат дека загадувањето најмногу доаѓа од сообраќајот,...

УЈП и МВР со контроли во 15 угостителски објекти во Тетово и во Гостивар

Вчера УЈП, во соработка со МВР, спроведе контрола во 15 угостителски објекти, од кои девет лоцирани на подрачје на град Тетово и шест лоцирани на подрачје на град Гостивар. При контролите, констатирани се нерегуларности и изречени се казнени мерки на 10 угостителски објекти, додека во три угостителски објекти, од кои два во Тетово и еден во Гостивар, не се констатирани...

Контрола во 16 тетовски и гостиварски локали

Полициски службеници и надлежни инспекциски служби при УЈП и ДПИ, на подрачјето на СВР Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објекти, при што вкупно беа опфатени 16 угостителски објекти, од кои девет лоцирани на подрачје на град Тетово и седум угостителски објекти лоцирани на подрачје на Гостивар. Во два од објектите (во Тетово и во Гостивар) контролите не се...

Полицаец ограбил возач на автопатот Скопје – Тетово

Полицаец од СВР Тетово, завчера околу 20.30 часот, на автопатот Скопје - Тетово, сигнализирал на возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки да запре и по кус разговор и по проверка на торбите кои биле кај ќерката на возачот одзел две торби и избегал. Во торбите имало три часовници, два мобилни телефони, разновиден златен накит и облека, чија вкупна вредност...

Тетово: Приведени девет странски државјанки за нелегално работење

Тетовската полиција приведе девет странски државјанки на возраст од 21 до 37 години, при контрола што ноќеска била спроведена во угостителските објекти „Баци“ во тетовското село Синичане и „Енерџи клуб“ покрај локалниот пат за Сараќино. Како што соопшти СВР Тетово, во угостителскиот објект „Баци“ се затекнати три државјанки на Албанија, две на Косово, две од Србија и една албанска државјанка...

Тетовските гимназијалци утре се враќаат на училиште

По дводневен бојкот, од утре, учениците од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ повторно ќе одат на училиште. Ова беше договорено на вчерашниот состанок на градоначалничката Теута Арифи со управата на гиманзијата и со советот на родители. Наставата, според договорот, нема да се одвива во досегашната барака, туку ќе биде најдено привремено решение што ќе биде договорено во текот на утрешниот ден.

Банкар си земал пари од клиент

СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.С. (34), службеник во филијала на банка во Тетово, за злоупотреба на службената положба и овластување. На 25 јуни 2014 година, околу 16 часот, во банката дошло лице со намера да подигне 216 евра од својата штедна книшка, за што потпишало исплатница, по што пријавениот му кажал дека не може да му ги исплати парите бидејќи...

Од три улици во Тетово крадел „ајфони“, камери, цигари…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.А. (23) од Тетово, за сторени пет тешки кражби и два обида за тешка кражба. Во периодот од август до октомври 2014 година, на градското подрачје на Тетово, на улиците Илинденска, ЈНА и Страшо Пинџур, пријавениот со употреба на физичка сила и погоден предмет, вршел тешки кражби во супермаркети, продавници, кафулиња и аптеки, при што одзел...

Средношколците од тетовската гимназија на протест

Средношколците од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“,  утрово излегоа на протест во дворот на училиштето каде што се следи настава на македонски, револтирани од инцидентот кој се случи на 28 ноември, кога со нож беше избоден средношколец. Тие побараа подобри услови и безбедност. Директорот на гимназијата, Намикќемал Мустафа, ги сослуша родителите и им вети дека барањата ќе ги пренесе до надлежните. Во петокот беа...

15-годишник осомничен за напад на средношколец во Тетово

15-годишен малолетник од Тетово е осомничен дека вчера, околу 16 часот, во Тетово, во поранешното Средно медицинско училиште, прободел со нож ученик по тепачка помеѓу две групи, информираат од МВР. На повредениот му е укажана лекарска помош во Ургентен центар - Скопје, каде е задржан за понатамошно лекување. „15-годишниот малолетник со неговиот родител вчеравечер бил повикан во ПС Тетово, а нешто...

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Полицијата вчера пронашла фотографии од избирачкиот список со лични податоци на гласачите кај двајца членови на избирачки одбор од Охрид предложени од една политичка партија. Покрај списокот, тие во...