Полицаец ограбил возач на автопатот Скопје – Тетово

-

Полицаец од СВР Тетово, завчера околу 20.30 часот, на автопатот Скопје – Тетово, сигнализирал на возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки да запре и по кус разговор и по проверка на торбите кои биле кај ќерката на возачот одзел две торби и избегал. Во торбите имало три часовници, два мобилни телефони, разновиден златен накит и облека, чија вкупна вредност се проценува на околу 700 евра.
СВР Тетово поднесе кривична пријава портив полицаецот Т.Џ., кој има 37 години, а судија во претходна постапка од Основниот суд Тетово на осомничениот му одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тошковски за вчерашната акција: Приведени се четворица, има индиции за епски криминал од милионски суми

Четири лица се приведени во вчерашната акција во фирми и домови во Струмица, Скопје и Гостивар, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешната посета на Охрид. „Вчерашната акција...