Груевски од Тетово: Ова е политичка, а не е битка за живот или смрт

-

„Народот е помудар од Заев и од неговата група, а ние со чисто срце ќе се бориме за секој еден граѓанин и ќе работиме уште повеќе. Ни направија една дополнителна мотивација, за правење мерки и проекти за нашиот народ во сите сегменти за да обезбедиме повеќе услови за подобар живот“, рече денеска премиерот Никола Груевски на народниот собир во Тетово.

– Мислат дека народот ќе им поверува и дека ќе заборават зошто луѓето гласаа за нас. Го потценија народот и неговата љубов кон татковината и тоа е нивната најголема грешка и ќе им се сруши како кула од карти. Ние работиме, креираме, создаваме, помагаме на нашиот народ. Тоа е нашата борба за Македонија. Тоа е начинот на кој ние ќе одговориме. Со многу работа да ја оправдаме уште повеќе поддршката што народот ни ја дава – рече Груевски.

Тој додаде дека опозицијата во изминатата недела направила велепредавство кое го нарушува безбедносниот систем и ја нарушува соработката со земјите што сакаат да ѝ помогнат на Македонија.

– Прво ја обвини кинеската компанија дека влегла во коруптивна зделка со нашата Влада. Ги загрозува односите со една од најголемите светски сили која нè има признаено под нашето уставно име и со која имаме многу заеднички проекти. Потоа направи втора огромна грешка и ја обвини државата Израел дека преку министерството за одбрана влегла во коруптивни зделки. За да биде јасно, во првиот случај се работи за процес на преговарање кој ни овозможи да имаме најниски цени на автопати во Европа – истакна Груевски.

За случајот со Израел, пак, тој рече дека на македонската полиција ѝ биле донирани 5,5 милиони евра, а Заев, според Груевски, издал државна тајна од договор и од соработка „чиста како солза“.

– ВМРО-ДПМНЕ е партија која го слуша гласот на народот и чие раковдство сите овие години е на терен и од тоа произлегуваат нови идеи. Денеска сакам да објавам дека Владата ќе ги зголеми за 10 проценти студентските и ученичките стипендии и ќе го зголеми рокот на важност на регистрацијата на тракторите на земјоделците од една на секои шест години – рече Груевски.

Премиерот најави отворање на нови фабрики од американска, белгиска и од италијаска фирма, кои ќе донесат нови вработувања во полошкиот регион. Освен тоа, Груевски вети подобрување на инфраструктурата и реконструкција на патишта во тетовско-гостиварскиот регион, изградба и реконструкција на училишта и спортски сали, како и субвенции за земјоделците.

– Така ние се бориме за Македонија. Само така и никако поинаку. Затоа народот нè поддржува и народот никој не може да го прелаже. Имаме сила да се спротиставиме на сите предизвици, заеднички, сложно, во збиени редови. Не е ова битка за живот или смрт туку е политичка битка. Ние имаме чиста и јасна понуда, ние нудиме проекти и на нас може да се потпрете – рече Груевски на крајот.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...