fbpx

Дваесет години тетовци ја чекаат изградбата на булеварот Благоја Тоска

-

Дваесетина години жителите што живеат во близина на тетовската Клиничката болница чекаат да биде извршена експропријација на нивните домови, каде треба да се пробие булеварот Благоја Тоска. Но, доизградбата на патот тапка во место. За таа цел пред 17 години се изгради и мост, кој треба да го спои булеварот од левата и од десната страна на реката Пена.

„Живееме како во заложништво. Секоја година велат дека ќе се гради патот и поради тоа никој не се осудува да изгради нешто или, пак, да го реновира својот дом“, велат жителите.

– Домовите ни се оставени на забот на времето. Никој не сака да инвестира во нив кога знае дека Општината еден ден ќе дојде и ќе ги урне објектите за да го пробие булеварот. Но, градежните активности, изгледа, залудно ги чекаме повеќе од 20 години – изјави Кујтим Шерифи, чија куќа чека експропријација.

Жителите тврдат дека дека никој од општинските власти не разговарал со нив, околу експропријацијата на нивните домови. Надлежните засега само даваат изјави во медиумите, дека булеварот Благоја Тоска ќе биде пробиен, со што ќе се ублажи сообраќајниот хаос во градот.

Уште на почетокот на минатата година, според најавите, Општината требаше да откупи 3.300 квадратни метри приватно земјиште, а потоа да урне 19 објекти за да го пробие булеварот Благоја Тоска, но работите се усложнија со постапката за регистрирање на парцелите и за давање понуди за откуп на земјиштето, каде се планира да се догради булеварот. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, и годинава даде ветување дека наскоро ќе почнат градежни активности за пробивање на булеварот.

– Годинава со сигурност можам да кажам дека ќе почне да се работи на булеварот. Завршени се работите околу регистрирање на парцелите, со чии сопственици треба да ја договориме цената за експропријација – изјави Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.

Во 2014 година, во буџетот на Општина Тетово беа предвидени пари за пробивање на Благоја Тоска, но финансиските средства беа пренаменети за друга цел. И годинава од општинскиот буџет се планира да се потрошат пари за булеварот, но градежните активности не се ниту на повидок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...