fbpx

Контрола во 16 тетовски и гостиварски локали

-

Полициски службеници и надлежни инспекциски служби при УЈП и ДПИ, на подрачјето на СВР Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објекти, при што вкупно беа опфатени 16 угостителски објекти, од кои девет лоцирани на подрачје на град Тетово и седум угостителски објекти лоцирани на подрачје на Гостивар. Во два од објектите (во Тетово и во Гостивар) контролите не се спроведени бидејќи биле затворени, односно не извршувале дејност.

При контролите констатирани се нерегуларности и изречени се казнени мерки во девет угостителски објекти, додека во три угостителски објекти, од кои два во Тетово и еден во Гостивар, не се констатирани никакви прекршоци.

Со контролите во Тетово беа опфатени следните угостителски објекти: „Бар код“ на улица Дервиш Цара од страна ДПИ изречена е глоба во висина од 2.500 евра во денарска противвредност за правното лице поради непочитување на Законот за пушење, како и глоби за шест физички лица затекнати со цигари во локалот. За угостителскиот објект „Емералд плус“ на улицата Борис Кидрич, од страна на УЈП изречена е глоба од 3.250 евра во денарска противвредност поради непочитување на Законот за регистрација на готовина, како и забрана за вршење дејност во траење од 15 дена, а од страна на ДПИ глоба во висина од 1.500 евра поради непочитување на нормативите за пијалаци и за храна.

Во угостителскиот објект „Кај Столе“ на улицата 133 од страна на ДПИ изречена е глоба во висина од 5.000 евра за правното лице поради непочитување на одредби од Законот за метереологија (член 45, став 1 и 2 – небаждарена вага). Во угостителскиот објект „АББА“ лоциран на излез од Тетово кон Скопје, затекнати се две албански државјанки кои работеле нелегално и тие се приведени во СВР Тетово, а од страна на УЈП изречена е и глоба во висина од 750 евра за трговец-поединец и забрана за вршење дејност во траење од 15 дена поради неиздавање фискални сметки.

Во угостителскиот објект „Мелоди“ на улица Маршал Тито, од страна на ДПИ за сопственикот изречена е управна мерка – едукација на управител, по однос на Законот за пушење. Во угостителските објекти „Македонска куќа“ на улица Маршал Тито и „Кано“ на улица Дервиш Цара не се констатирани неправилности, додека еден угостителски објекти без фирма е затекнат затворен.

На подрачје на Гостивар контролирани беа следните угостителски објекти:

Во угостителскиот објект „Ла вита“ на улица Браќа Гиноски, од страна на УЈП, поради неиздавање фискална сметка изречена е глоба во висина од 2.500 евра во денарска противвредност за правото лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице, како и забрана за вршење на дејност во траење од 15 дена. Во угостителскиот објект „Ни нива“, исто така поради неиздавање фискална сметка, изречена е казна од 3.250 евра (вкупно за правното и за одговорното лице), а истата состојба е детектирана и во угостителскиот објект „Два елена“ на улица 18 Ноември, односно поради неиздавање фискална сметка изречена глоба од 3.250 евра во денарска противвредност. И за двата објекти од страна на УЈП изречена е и забрана за вршење дејност во траење од по 15 дена.

Во угостителскиот објект „Камел“ лоциран на улица Браќа Гиноски, од страна на УЈП, поради неиздавање фискална сметка изречена е глоба од 750 евра за одговорното лице, како и забрана за вршење дејност во траење од 15 дена, додека, пак, од страна на ДПИ изречена е глоба во висина од 450 евра во денарска противвредност поради непочитување на нормативите за храна и за пијалаци. Во угостителските објекти „Класик“ на улица Браќа Гиноски и „Вита аби“ лоциран на кејот на Вардар во Гостивар не се констатирани никакви неправилности, додека локалот „Ноки“ на улица Маршал Тито бил затворен. Пред, за време и по завршување на акциската контрола не се регистрирани никакви безбедносни настани и појави. Заедно со завчерашните активности, досега на подрачјето на СВР Тетово контролирани се 28 објекти, од кои во 19 се изречени глоби поради евидентирани недостатоци, а во висина од околу 35.000 евра во денарска противвредност. Исто така глоби се изречени и за шест физички лица затекнати со цигари во угостителските објекти. Истовремено, издадени се решенија за вкупно 15 забрани за привремено вршење дејност, од кои 12 за времетраење од 15 дена, една во времетраење од 30 дена и две во времетраење од седум дена.

Како што претходно ја информиравме јавноста, вакви акциски контроли во периодот од 2 до 8 јануари се одвиваа и на подрачјето на СВР Скопје, при што беа опфатени вкупно 91 угостителски објект каде што се служат храна и пијалаци. При тоа во 40 објекти регистрирани се неправилности во нивното работење, во 33 објекти не се констатирани неправилности, додека, пак, во 18 објекти не е извршена контрола бидејќи истите биле затворени, од кои еден од нив бил затворен поради реновирање.

За констатираните неправилности поднесени се соодветни подносоци и тоа: од страна на УЈП издадени се вкупно 33 платни налози за наплата на глоба против правни и одговорни лица, од страна на ДПИ издадени се 29 платни налози за наплата на глоба, а од страна на УПС од СВР Скопје издадени се 28 платни налози за констатирани прекршоци во согласност со Законот за заштита од пушење и четири во согласност со Законот за лична карта. Исто така, за вкупно 21 објект издадени се решенија за забрана за вршење на дејност и тоа: на седум објекти во времетраење од 30 дена, на 13 објекти во времетраење од 15 дена, а на еден објект во времетраење од три дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...