fbpx
Таг: Тетово

таг: Тетово

Домовите на жителите на Брвеница страдаат поради необезбедениот пат

Жителите од Брвеница бараат надлежните да го обезбедат патниот правец Тетово -Волковија, кој поминува низ нивното село. Велат дека на овој патен правец често се случуваат сообраќајки, во кои возилата завршуваат во нивните дворови. - Тука се вози пребрзо, пред една недела автомобил заврши во мојот двор. Уништена ми е оградата, а цело семејство се уште е под стрес. Мора...

Лицата со посебни потреби од Тетово добија бесплатно паркирање

Јавното претпријатие „Градски паркинг Тетово“, во соработка со Здружението за церебрална парализа, доделува картички за бесплатно паркирање на инвалидизираните лица. Картичките ќе важат во постоејните зони на паркирање, односно во зоните А и Б, и во сите типови на јавни паркиралишта од затворен тип. Од „Градски паркинг Тетово“ изјавија дека проектот за зонското паркирање се одвива според планираното. - Проектот за зонско...

Решение за просторниот проблем со тетовските гимназијалци сè уште нема

Од советот на родители при гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, реагираат што сè уште не е решен просторниот проблем со учениците Македонци. Децата следат настава во два различни објекти, каде, како што велат родителите, нема соодветно затоплување и тоалетите се во катастрофална состојба. - Во објектот, на пример, на Работничкиот универзитет, каде учат дел од учениците, има високи тавани, зградата е...

Маж со мајката и со сестрата ја малтретирал сопругата

Триесет и петгодишен жител од тетовското село Пирок заедно со своите мајка и сестра, физички ја малтретирал својата една година помлада сопруга. Семејното насилство во полиција го пријавил родителот на жртвата, вчеравечер, околу 23 часот. Според пријавеното, по бурната вербална расправија, сопругот и другите две лица физички ја нападнале жртвата, ја удирале по главата и по телото, ја влечеле за коса и ја...

Агенција за катастар: Повеќе жители се водат на една адреса зашто нема адресен регистар

Директорот на Агенцијата за Катастар, Славчо Трпески, при денешната посета на Општина Јегуновце посочи дека примерите од избирачкиот список каде на една адреса се запишани повеќе лица не биле реални. Според него, голем дел од жителите од селските средини се без урбанистички планови. Поради тоа жителите се водат најчесто на една адреса. - Морам да напоменам дека адресниот систем во Македонија...

Tркалезна маса: Еколошките политики се нереални

Во Македонија државните политики од областа на екологијата се спроведуваат бавно, смета универзитетскиот професор Зоран Шапуруќ, учесник на тркалезната маса „Како се трошат народните пари и колку се инвестира во животната средина“ што се одржа во Тетово. Тој смета дека еколошките политики се нерални и во практика многу малку се остварува од сето она што е планирано во поглед на заштита на...

Непознати лица претепале, а потоа ограбиле гостиварец

Педесет и едногодишен гостиварец вчера, околу 22 часот, на улицата Кеј Вардар во Гостивар, во близина на неговата куќа, бил претепан, а потоа ограбен. Со видливи повреди на главата, легнат на улицата во бесознание, го пронашле двајца случајни минувачи кои повикале брза помош, која пацентот веднаш го однела во ургентното одделение во гостиварската болница. Гостиварецот пријавил во полиција дека повредите му...

Годинава во Тетово ќе почне да функционира јавно претпријатие за јавен превоз

Тетовските советници на денешната 35. седница на Советот на Општина Тетово го изгласаа управниот и надзорниот одбор на Јавното претпријатие за јавен превоз „Тетово транспорт“. Претседавачот на Советот, Исен Џемаили, очекува јавното претпријатие да почне да функционира годинава, кога се очекува Министерството за транспорт и врски да му одобри неколку автобуси, со кои ќе стопанисува. - Со одлуката за избор...

Се реконструираат училиштата во Тетово за кои се одобрени 2,2 милиони евра

При крај е реконструкцијата на училиштето „Братство Миѓени“, кое е едно од најстарите основни училишта во Тетово. Школото доби нови тоалети, а моментално се изведуваат и други градежни активности за реконструкција на оваа образовна институција. - Во ова училиште, Министерството инвестираше 200.000 евра. Реконструкцијата на тоалетите заврши, сега се очекува да се реконструира и подот - изјави министерот за образование,...

СДСМ Тетово: Катастрофални услови во тетовската болница

Од СДСМ Тетово обвинуваат дека во Клиничката болница во Тетово недостигаат санитарни јазли, а постојните се во катастрофална состојба и претставуваат опасност од ширење на заразни болести. - Условите во оваа болница се катастрофални, хигиената е под секое човечко достоинство, санитарните јазли се запуштени и претставуваат извор на зарази, на седум амбуланти има само по еден тоалет за пациентите. Во...

Тетово: Повеќето жители од зоната Б сè уште се без паркинг-место

Во рамки на зоната Б, која се воведе месецов во Тетово, за поголем дел од станарите сè уште нема обезбедено паркинг-место. Поголемиот дел од станарите што живеат во рамки на зоната Б, каде месецов се воведе овој начин на паркирање, останаа без паркинг-место. Велат дека аплицирале за месечен билет за зонско паркирање, но од Јавното претпријатие „Градски паркинг“ биле одбиени, поради тоа...

Нови 1.000 барања за легализација на дивоградби во Тетово

Во секторот за урбанизам при Општина Тетово поднесени се повеќе од 1.000 нови барања за легализација на бесправно изградени објекти, откако се продолжи рокот за легализација на дивоградби. Досега овој сектор има издадено 2.700 позитивни решенија за легализација на бесправно изградени објекти. - Со измените на Законот, рокот за поднесување барања се продолжи до 31 март годинава, а за тие што...

Али Ахмети: Изборите мора да се одржат на 24 април

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека изборите треба да се одржат на 24 април затоа што мора да се почитува договореното, на кое потпис ставиле и домашните и странските преставници. - Сите се прашуваа дали да се одржат или да не се одржат избори на 24 април. Но, јас ќе ви кажам дека за 24 април е разговарано и...

Ерозија го голта кејот на реката Пена

Ерозија на земја кон пределот Бањиче, Тетовско, секојдневно го уништува кејот на реката Пена. Поради свлечиштето на земјата, уништени се дел од потпорните ѕидови на кејот, одронети се делови од тротоарот, а постои ризик да биде однесен и патот долж реката. Експертите сметаат дека ерозијата на земјата е последица на поплавите што се случија на 3 август минатата година. Поради поплавите, стабилноста на...

Двајца полицајци во Тетово се спречкале поради паркинг-место

Инцидент меѓу двајца колеги полицајци од Тетово се случил вчера, кога се спречкале поради паркирано моторно патничко возило. Според полицијата, двајцата почнале вербално да се расправаат во една од канцелариите во Секторот за внатрешни работи Тетово. За настанот кој се случил во средата, околу 16 часот, е запознаен началникот на СВР Тетово и како што соопштуваат од полицијата, ако се...

Во Тетово изгоре кат од куќа на пожарникар

Кат од куќа во близина на средното текстилно училиште во Тетово целосно изгоре во пожар. Објектот е сопственост на лице вработено во тетовската противпожарна единица, кој во моментот на избувнувањето на пожарот бил на работа. Тој заедно со своите колеги интервенирал во гасењето на пламените јазици, кои веќе се целосно локализирани. - Јас и татко ми бевме на работа додека другите...

Од 1 февруари почнува зонското паркирање во Б-зоната во Тетово

Од понеделник, 1 февруари, Јавното претпријатие кое управува со јавните паркиралишта во општина Тетово, ќе почне со спроведување на зонското паркирање, односно со наплата во зона Б. Оваа зона ги опфаќа споредните улици на градот -  Јане Сандански, Методија Андонов Ченто, Дервиш Цара, Мехмет Паша Дерала и улицата Димо Гавровски Кара. Максималното предвидено време за паркирање во оваа зона е шест часа...

Викендов тетовци дишеа екстремно загаден воздух

Изминатиов викенд тетовци дишеа екстремно загаден воздух. Во вечерните часови, концетрацијата на честичките ПМ10 беше 12 пати поголема од дозволената. Студеното време и големото аерозагадување беа причина голем број граѓани овие два дена да останат во своите домови. Од тетовскиот инспекторат за животна средина велат дека граѓаните најчесто пријавуваат палење на мали депонии, но и неконтролирано чадење на одделни фабрики за...

Невремето остави без покрив десетици семејства од шарпланинските села

Неколку шарпланински села што припаѓаат на Општина Боговиње, претрпеа огромни штети од невремето што вчера го зафати Тетовско. Уништени се покривни конструкции на куќи, плевни и на други објекти. Најпогодени се населените места Јеловјане, Ново Село и Урвич, каде од силниот ветер оштетена е и електричната мрежа, поради што се јавуваат чести прекини во снабдувањето со струја. - Плевната ми е целосно уништена. Силниот ветер...

Бадникарски маскенбал во Тетово

Традиционално, и годинава бадникарскиот маскенбал во Тетово го почнаа децата, кои маскирани ги посетуваа семејствата пеејќи ја познатата песна „Бдња баба“. Домаќинките за возврат им даваа костени, јаболка, тиква и пари. Подоцна повозрасните со маски до доцните вечерни часови се забавуваа во тетовските кафулиња. - Ова е најубава вечер во Тетово. Маскенбалот е карактеристичен само за овој град и добро е...