fbpx

Ерозија го голта кејот на реката Пена

-

Ерозија на земја кон пределот Бањиче, Тетовско, секојдневно го уништува кејот на реката Пена. Поради свлечиштето на земјата, уништени се дел од потпорните ѕидови на кејот, одронети се делови од тротоарот, а постои ризик да биде однесен и патот долж реката.

Експертите сметаат дека ерозијата на земјата е последица на поплавите што се случија на 3 август минатата година.

Поради поплавите, стабилноста на земјата е нарушена, па затоа земјата сега еродира. Но, и нерегулираното и неисчистено корито на река Пена, придонесува за големите штети што ги направија поплавите.

Жителите што живеат долж реката Пена, велат дека неколкупати побарале општинските власти да ги санираат последиците од ерозијата на земјата, но оттаму не добиле никаков одговор.

– Ова мора да се санира, тротоарите да се направат, да се пополнат местата каде еродирала земјата. Ова мора ургентно да се направи зашто многу е ризично, може да падне дете или некое возило – изјави еден тетовец, кој живее во овој дел на градот.

Од локалната самоуправа не добивме одговор дали планираат да ги санираат последиците од невремето кон пределот Бањиче.

Во врска со последиците од поплавите, Општина Тетово неодамна изјави дека заедно ќе се санираат сите штети, со акцискиот план за санација на последиците направени од невремето.

Реализацијата на планот, кој предвидува и превентивни мерки против појава на нови ерозивни процеси, зависи од парите, кои треба да бидат обезбедени од централната власт и од меѓународни организации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...