fbpx

Агенција за катастар: Повеќе жители се водат на една адреса зашто нема адресен регистар

-

Директорот на Агенцијата за Катастар, Славчо Трпески, при денешната посета на Општина Јегуновце посочи дека примерите од избирачкиот список каде на една адреса се запишани повеќе лица не биле реални.

Според него, голем дел од жителите од селските средини се без урбанистички планови. Поради тоа жителите се водат најчесто на една адреса.

– Морам да напоменам дека адресниот систем во Македонија е наследен од поранешна Југославија. Така, 90 отсто од домовите во селата немаат адреси и граѓаните се запишуваат на една адреса. Тоа не значи дека сите живеат во тој објект, напротив, секој живее во својот дом, но немањето адресен регистар прави да изгледа дека се живее во една иста куќа, што не е точно. Ова се случува и во градовите, пред сè, во тие делови каде има дивоградби кои немаат број на објект и така голем дел од граѓаните се запишуваат на една иста адреса која е легална, а потоа другите ја преземаат таа адреса – изјави директорот на Агенцијата за катастар, Трпески.

Трпески вели дека проблемот ќе се надмине со воведување на современ електронски адресен регистар, во кој сите жители ќе бидат запишани на својата адреса. Проектот кој е во согласност со стандардите на Европската Унија треба да се имплентира до 2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...