fbpx

Годинава во Тетово ќе почне да функционира јавно претпријатие за јавен превоз

-

Тетовските советници на денешната 35. седница на Советот на Општина Тетово го изгласаа управниот и надзорниот одбор на Јавното претпријатие за јавен превоз „Тетово транспорт“. Претседавачот на Советот, Исен Џемаили, очекува јавното претпријатие да почне да функционира годинава, кога се очекува Министерството за транспорт и врски да му одобри неколку автобуси, со кои ќе стопанисува.

– Со одлуката за избор на членови на надзорниот и на управниот одбор, го почнавме процесот на консолидација на претпријатието, за кое уверуваме дека ќе почне да работи годинава – изјави Исен Џемаили, претседавач на Советот на Општина Тетово.

На денешната седница беше усвоен оперативниот план за заштита од поплави во 2016 година.

Планот предвидува регулација на реки, речни корита, одржување на отворени канали и слично. Дел од парите за реализација на планот се обезбедени од општинскиот буџет, а за остатокот од сумата има поднесено барање до Министерството за животна средина.

Општина Тетово има одвоено и 250.000 евра за санација на речните корита во Мала Речица, Голема Речица и во Порој, села кои беа зафатени од големите поплави што се случија во Тетовско на 3 август минатата година.

На седницата се донесоа одлуки за формирање на центри за ран детски развој во состав на Јавната установа – детска градинка „Младост“.

Центрите ќе бидат во рамитие на ОУ „Реџеп Вока“ во село Шипковица, во ОУ „Кирил и Методиј“ во Тетово и во објектот во Поток во рамки на детската градинка.

Против оваа одлука гласаа советниците од ДПА, кои сметаат дека децата не треба да бидат сместени во исти објекти каде учат ученици.

На ваквиот став реагираше градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи.

– Центрите за ран детски развој не се класични центри и се различни од градинките. Тоа се центри каде има само четиричасовна педагошка психолошка најсовремена програма. Би ги советувала советниците од ДПА да ги посетат центрите за ран детски развој, кои се отворени претходно во некои тетовски села, па тогаш и самите ќе гласаат за оваа одлука – рече Арифи.

На седницата на Советот на Општина Тетово беше донесена дополнителна предлог-одлука со Градскиот стадион во Тетово, по неговата реконструкција, да управува Јавното комунално претпријатие – Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...