fbpx
Таг: Собрание

таг: Собрание

Клучна недела за СЈО: В четврток нов извештај, в петок судење за „Пуч“

Неделава, според досега најавената агенда, се закажани два клучни  настани поврзани со работата на Специјалното јавно обвинителство. Првиот е поднесувањето на новиот шестмесечен извештај за работата на СЈО, на 15 септември, а вториот е закажаното рочиште во Кривичниот суд за случајот „Пуч“, следниот ден. Јанева вториот извештај ќе го поднесе на годишнината од нејзиното назначување за специјална јавна обвинителка и од...

Македонија слави 25 години независност

Република Македонија денеска го одбележува 8 Септември - Денот на независноста. На денешен ден во 1991 година, се одржа референдумот на кој граѓаните со убедливо мнозинство, кое надминуваше 95 отсто, се изјаснија за самостојна и независна држава, одговарајќи позитивно на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. Претходно, на...

Народниот правобранител од пратениците побара повеќе пари за институцијата

На денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која се разгледуваше предлогот за измени на законот за Народниот правобранител, правобранителот Иџет Мемети побара повеќе пари од буџетот за независно дејствување. Тој рече дека тоа што немаат доволно средства им ја отежнува работата. Мемети, исто така, побара од вработените во институцијата да не бидат во ист...

Димовски: Андонов беше назначен за да го заштитиме МВР од СДСМ

Координaтoрoт нa прaтеничкaтa групa нa ВМРO-ДПМНЕ, Илијa Димoвски, нa денешнaтa седницa нa Сoбрaниетo, нa кoјa се избирa преoднa влaдa, рече декa Oливер Андoнoв бил нaзнaчен зa министер сaмo зa еден ден зa ВМРО-ДПМНЕ дa се oбиде дa гo зaштити министерството зa внaтрешни рaбoти oд министерoт нa СДСМ. - Претхoдниoт пaт министрите и зaмениците-министри нa СДСМ прaвеa злoупoтреби вo министерствaтa. Тoкму...

Собранието денеска ќе ја избира преодната влада

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја избере преодната влада, која ќе ги организира парламентарните избори закажани за 11 декември. Седницата на која ќе се бираат новите членови на владата, ќе се одржи во 14 часот. Во преодната влада опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни работи и труд и социјална политика, како и дополнителни заменици-министри за финансии,...

Собранието без опозицијата го изгласа Оливер Андонов за министер за внатрешни работи

Собранието доцна вечерва со 65 гласа „за“ и ниту еден против, го избра Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи. За време на гласањето, во салата не беа присутни пратениците од опозицијата. На гласањето за нов министер му претходеше жестока расправа меѓу пратениците од власта и од опозицијата. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, рече дека со предлогот...

Судот за Талески: Нам ни е јасно што е куќен притвор, за другото не сме надлежни

Советничката во Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од ВМРО-Народна партија, до денеска нема добиено одговор од четирите инситуции од кои бара правно толкување дали Талески од куќен притвор смее да ја води Општина Битола и да потпишува службени документи. - Моето барање до надележните институции е уредно доставено и очекувам да се произнесат по него. Се надевам дека ќе...

Собранието ги усвои измените на Законот за буџет

Со 47 гласови „за“ и со 23 „против“, Собранието по скратена постапка го донесе законот за изменување и за дополнување на Законот за буџет во рамки на 114. седница. Новина е тоа што Владата во време на непогоди ќе одлучува за прераспределба на пет проценти од буџетот, без одобрение од Собранието, односно без да се прави ребаланс. „Во случај на постоење на...

Локвенец: Граѓаните мора да бидат информирани дали има закани за безбедноста

Хари Локвенец, пратеник во Собранието и претседател на собраниската комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразунавање и на Агензијата за разузнавање, денеска на прес-конференција во Собранието изјави дека граѓаните мора да бидат информирани реално, точно и навремено за тоа дали навистина постојат закани за безбедноста на државата. Како што рече Локвенец, по изјавите на претседателот Ѓорге Иванов...

МИОА: Законот за владино рекламирање е повлечен заради доработка на текстот

Владата го повлекла предлог-законот за владино рекламирање, односно за информативни и за рекламни кампањи на јавните институции, на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, а причина била потребата за доработка на текстот на законот, во согласност со добиените предлози и забелешки. „Со оглед на фактот што во текот на изминатиот месец, во процесот на консултации со повеќе од 100...

Законот за владино рекламирање е повлечен благодарение на опозицијата, велат од СДСМ

Законот за владино рекламирање со кој власта сакаше да ја запечати корупцијата на медиумите со државни пари е повлечен благодарение на жестоката реакција на опозицијата, изјави попладнево на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев. „Пратеничката група на СДСМ денеска во Собранието спречи уште една лудост на ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски е во очај, веќе не се срами своите политики на поткупување...

Владата го повлече од Собранието предлог-законот за рекламирање на јавните институции

Владата на денешната седница одлучила да го повлече од собраниска процедура предлог-законот за информативни и за рекламни кампањи на јавните институции, јавува „24 Вести“. Попладнево до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, пристигнало службено известување за одлуката на Владата за повлекување на предлог-законот. „Владата на Република Македонија на седницата, одржана на 25 август 2016 година, заклучи да се повлече од собраниска постапка предлог-законот за...

СЈО: Треба да ни се продолжи рокот од 18 месеци оти е нереален за целосни и објективни истраги

Специјалното јавно обвинителство очекува од релевантните институции, односно од Собранието, да ја воочат потребата од промена на Законот за СЈО и да го продолжат рокот од 18 месеци за завршување на истражните постапки и поднесување обвиненија против осомничените, велат за „Мета“ од СЈО. Според нив, рокот од 18 месеци не соодветствува со реалните можности за целосно и објективно истражување на сите...

Сугарески: Лустрациска да се укине, а нејзиниот буџет да оди за настраданите од поплавите

Пратениците од пратеничката група на СДСМ во Собранието денеска побараа укинување на Комисијата за верификација на факти, а парите од нејзиниот буџет, кој изнесува 317.000 евра, да им бидат дадени на погодените од поплавите. - Според актуелниот закон, Комисијата по 1 септември нема да продолжи со процесот на лустрација, но таа ќе постои уште најмногу две години заради конечно завршување на предметите,...

Владата бара да прераспределува пари од буџетот без да се прави ребаланс при непогоди

Во Собранието денеска ќе се расправа по предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за буџет. Новина е тоа што Владата бара во време на непогоди да одлучува за прераспределба на пет проценти од буџетот, без одобрение од Собранието, односно без да се прави ребаланс. Причина за оваа измена на Зконот за буџет, според образложението на Владата, е брзо обезбедување пари во кризни...

Собранието ќе расправа за одговорност за поплавите

Собранието го прифати барањето на пратениците од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за надзорна расправа во врска со одговорноста за хаосот со поплавите, соопштија од СДСМ. „Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината за ужасот од поплавата. Потфрлувањето на институциите е најголема причина за големите последици од поплавата. Одговорностите лежат во Владата на Република Македонија, министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство, транспорт...

СДСМ бара расправа во Собранието за пропустите во заштитата од поплави

Пратениците од пратеничката група на СДСМ во Собранието денеска побараа Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство да одржи надзорна расправа на која ќе се утврдат пропустите што надлежните институции и органите на власта ги направиле во врска со заштитата од поплави. Панче Орцев, пратеник од СДСМ и претседател на оваа комисија, денеска на прес-конференција, посочи дека и  по 17 дена од поплавите на 6...

Собранието нема да одлучува за задолжувањата поголеми од 100 милиони евра

Мнозинството пратеници во Собранието на денешната седница на комисијата за финансирање и буџет го отфрлија предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократски сојуз за измени во Законот за јавен долг. Според измените што ги предлага Трајанов, за задолжувања поголеми од 100 милиони евра ќе треба да одлучува Собранието. - Не може без транспарентна постапка да се зголемува јавниот долг, да нема стратегија...

Поплавените ќе бидат авансно обесштетени со вкупно 2,5 милиони евра, најави Димитриев

Сумата за авансно обесштетување на поплавените семејства ќе се зголеми од 1,5 на 2,5 милиони евра, најави денеска премиерот Емил Димитриев при посетата на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони. Тој истакна дека од до сега посетените 4.000 семејства, податоците биле обработени за околу 1.950 семејства и исплатата од 30.000 денари за нив ќе започнела уште денеска. „Сукцесивно ќе бидат проценувани...

За „спорниот“ избирачки список ДИК ќе расправа во вторник на јавна седница

Денеска истекува рокот за пријавување на спорните гласачи во избирачкиот список и тој ќе се разгледува на јавна седница во вторник, велат за „Мета“ од ДИК. Од Комисијата додаваат дека продолжување на рокот за увид и пријавување во избирачкиот список нема да има, освен ако Собранието не изгласа измени во Изборниот законик. - Ние немаме никаква надлежност да го продолжуваме рокот...

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...