Собранието денеска ќе ја избира преодната влада

-

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја избере преодната влада, која ќе ги организира парламентарните избори закажани за 11 декември.

Седницата на која ќе се бираат новите членови на владата, ќе се одржи во 14 часот.

Во преодната влада опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни работи и труд и социјална политика, како и дополнителни заменици-министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство.

Кандидат за министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски, Фросина Ременски е кандидатка за министерка за труд и социјална политика, Кире Наумов кандидат за дополнителен заменик-министер за финансии, Александар Кирацовски – кандидат за дополнителен заменик-министер за информатичко општество и администрација и Љупчо Николовски – кандидат за дополнителен заменик-министер за земјоделство, водостопанство и шумарство.

Во согласност со договорот што партиите го постигнаа на 20 јули, денеска треба да се назначи и новиот главен уредник на МРТВ, Санта Аргирова, чиј мандат ќе трае до крајот на изборниот процес, а со работа треба да почне и ад хок телото за надзор на медиумите во предизборниот процес.

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се занимава со...

Предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

Секторот за внатрешни работи-Тетово ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие...

Кривична за полицаец, злоупотребил потпис на раководител на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при Министерството за внатрешни работи,  до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела...

Сè уште нема абер од ветените народни канцеларии на претседателката Сиљановска

Сиљановска-Давкова меѓу примарните цели за кои ќе се залага како претседател, ветуваше дека првото што ќе го направи ќе биде враќањето кај граѓаните преку повторно отворање на народните канцеларии. Граѓаните во...

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се...