fbpx

Народниот правобранител од пратениците побара повеќе пари за институцијата

-

На денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која се разгледуваше предлогот за измени на законот за Народниот правобранител, правобранителот Иџет Мемети побара повеќе пари од буџетот за независно дејствување.

Тој рече дека тоа што немаат доволно средства им ја отежнува работата. Мемети, исто така, побара од вработените во институцијата да не бидат во ист кош со државните службеници, бидејќи на тој начин немаат можност да напредуваат.

„Како омбдусманот ќе биде стручен, квалитетен, непристрасен без пари и без луѓе? Цел ден можеме да зборуваме, но пак ќе дојдеме до тоа како подобро да се спроведува законот така како што е напишан“, рече Иџет Мемети.

За СДСМ, ако веќе се прават измени на законот, тоа треба да бидат суштински измени за кои претходно ќе се одржат јавни расправи, додека, пак, од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека измените на законот биле направени во консултација со народниот правобранител.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...